ГИНКО

ГИНКО . (Гинкго билоба Л., фам. Гингкоацеае) – терцијарен реликт од источна Азија. Големо листопадно дрво, со листови во вид на лепеза со паралелна нерватура, собрани по 3-5 врз краткорастите. Плодот е коскичка со месеста обвивка. Семето се јаде. Во Република Македонија се користи како парковско дрво и покажува многу солидни резултати во поглед на… Continue reading ГИНКО

ГИНОВА, Мирка

ГИНОВА, Мирка (с. Росилово, Воденско, Егејскиот дел на Македонија, 1916 – Ениџе-Вардар, 26. Ⅶ 1946) – деец и борец на македонското националноослободително движење. Завршила учителска школа и учителствувала во повеќе места. Во 1945 г. се вклучила во редовите на НОБ и илегално дејствувала по воденските и мегленските села. Била секретарка на АФЖ за Воденскиот округ.… Continue reading ГИНОВА, Мирка

ГИНОВСКА-ИЛКОВСКА, Весна

ГИНОВСКА-ИЛКОВСКА, Весна (Скопје, 2. Ⅳ 1972) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ. Дипломирала солопеење на Факултетот за музичка уметност (1994) во Скопје (проф. М. Ефтимова), а магистрирала на Белградската музичка академија (проф. Р. Бакочевиќ). Дебитирала на оперската сцена на МНТ (1996) со улогата на Микаела во операта Кармен. Истата година е ангажирана… Continue reading ГИНОВСКА-ИЛКОВСКА, Весна

ГИНОВСКИ, Алексо

ГИНОВСКИ, Алексо (1851-1894) – најмладиот од браќата Гиновски, синови на копаничарот Крсте Петров Гиновски. Се населил во Нови Пазар, каде што, заедно со браќата, изработувал икони за црквата „Св. Никола” (1870). Та-му отворил фотографско ателје и е познат како прв професионален фотограф на ова подрачје на Балканот. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965,… Continue reading ГИНОВСКИ, Алексо

ГИНОВСКИ, Васил

ГИНОВСКИ, Васил (Галичник, средината на ⅩⅠⅩ в. – ?, 1924) – зограф и копаничар од родот Гиновски, син на Крсте Петров. Негово единствено зачувано потпишано дело во Македонија се фреските на западната фасада од црквата во Бигорскиот манастир (од 1871). Обучен во духот на мијачката школа, В. Г. имал контакти и со митрополитот Партениј Зографски… Continue reading ГИНОВСКИ, Васил

ГИНОВСКИ, Велимир Каражов

ГИНОВСКИ, Велимир Каражов (Галичник, 5. Ⅱ 1912) – економист, стопанственик, државник. По завршувањето на Економскиот факултет во Скопје, специјализирал индустриска политика во Виена. Поголемиот дел од работниот век го поминал како стопанственик – раководител на големи индустриски комбинати во Македонија. Најпрвин бил помошник-директор на Републичкиот завод за стопанско планирање во Скопје (1950–1952), потоа поставен за… Continue reading ГИНОВСКИ, Велимир Каражов

ГИНОВСКИ, Иван Трпков

ГИНОВСКИ, Иван Трпков (Галичник, Реканско, 1878 – Галичник, 13. Ⅷ 1908) – учесник во Илинденското востание. Завршил егзархиска гимназија во Солун (1895). Бил избран за член на ОРК на ТМОРО за Галичник (1902). Активно учествувал во Илинденското востание. Се борел во Кичевско, во четата на војводата Наќе Јанев-Лавчанчето. По задушувањето на востанието бил избран за… Continue reading ГИНОВСКИ, Иван Трпков

ГИНОСКИ-НАСТЕ, Лазар

ГИНОСКИ-НАСТЕ, Лазар (с. Белчишта, Охридско, 9. Ⅶ 1913 – Охрид, 5. Ⅰ 1997) – земјоделец, комунистички деец, првоборец, капетан на ЈНА во резерва. Како член на КПЈ (1942), бил интендант при Гш на НОВ и ПОМ (мај 1943–1944), избран делегат на Второто и Третото заседание на АВНОЈ и делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ. По… Continue reading ГИНОСКИ-НАСТЕ, Лазар

ГИНОСКИ, Панајот

ГИНОСКИ, Панајот (Галичник, 1842 – Врање, 8. Ⅷ 1886) – фолклорист, преродбеник, зограф, лексикограф, етнограф. Основното образование го добил од татко му Крсте кој бил учител, а на 14-годишна возраст започнал да го учи зографскиот занает кај прочуениот галички зограф Ѓурчин Фрчковски. Потоа заминал на печалба во Бугарија. Во Карлово си го повредил глуждот на… Continue reading ГИНОСКИ, Панајот

ГИПС

ГИПС – минерал од групата на сулфатите што кристализира моноклинично. Обично се појавува во многу убаво развиени кристали кои се развиени по страничниот пинакоид и притоа се плочести или пак игличести, издолжени по кристалографската оска (с). Многу чести се појавите на близнење, при што таквите примероци имаат изглед на опашка од ластовичка. Бојата на гипсот… Continue reading ГИПС

ГИРОВСКИ, Григорие

ГИРОВСКИ, Григорие (Прилеп, 5. Ⅷ 1923) – виолинист. Студиите започнати на Конзерваториумот во Солун ги продолжува кај В. Хумл на Музичката академија во Загреб, а ги завршува на Националниот конзерваториум во Атина. Концерт-мајстор на Македонската филхармонија, на оперскиот оркестар на МНТ и на Ансамблот за современа музикаСвета Софија” во Скопје. Водач на Скопскиот гудачки… Continue reading ГИРОВСКИ, Григорие

главата на еден непознат архијереј, веројатно св

главата на еден непознат архијереј, веројатно св. Методиј. Претставени се и угледни архијереи на помесни источни цркви (како, на пр., на Кипарската архиепископија) и истакнати светци-митропосо нејзиното идентификување. На сводот од главниот олтарен прос-тор доминира композицијата на Христовото вознесение на небо. Во урнатата купола (во време на османлиските интервенции) се Богородица со Христос, фреска во… Continue reading главата на еден непознат архијереј, веројатно св

ГЛАВАШ, Ефтимија Михаилова

ГЛАВАШ, Ефтимија Михаилова (Струмица, 17. Ⅰ 1933 – Скопје, 20. Ⅲ 1995) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Медицина завршила во Скопје (1959). Во 1960 г. се вработила на Институтот за фармакологија и токсикологија при Мед. ф. во Скопје. Работела на артериската хипертензија и бета-блокадата и објавила повеќе стручно-научни трудови од ова… Continue reading ГЛАВАШ, Ефтимија Михаилова

ГЛАВАШ, Отон Александров

ГЛАВАШ, Отон Александров (Охрид, 14. Ⅴ 1924) – спец. ОРЛ, редовен проф. на Мед. ф. (1979). Мед. ф. завршил во Белград (1957), спец. по ОРЛ (1957), директор на Клиниката за ОРЛ (1986-1987), основач на детска бронхо-езофагологија и од оваа област публикувал над 100 стручно-научни труда. М. Пол.

ГЛАВЕН ШТАБ НА Ⅱ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ

ГЛАВЕН ШТАБ НА Ⅱ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ (1903) – врховно воено-политичко тело на Илинденското востание во Ⅱ (Битолски) револуционерен округ, избран на Смилевскиот конгрес (2–7. Ⅴ 1903), во состав: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. За резервни членови биле избрани Ѓорѓи Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Ингеренциите на Гш биле утврдени со… Continue reading ГЛАВЕН ШТАБ НА Ⅱ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ОКРУГ

ГЛАВЕН ШТАБ на ДАГ

ГЛАВЕН ШТАБ на ДАГ (1946) – формиран по обединувањето на партизанските единици во Демократската армија на Грција (ДАГ), во состав: Маркос Вафијадис – командант, Георгиос Протопапас – заменик на командантот, Лам-брос Каникаридис, Георги Бланас и Панос Капетанеос, членови на штабот. Од 1.800 борци (1946), по обединувањето со силите на НОФ нивниот број пораснал на 30.000… Continue reading ГЛАВЕН ШТАБ на ДАГ

ГЛАВЕН ШТАБ на ЕЛАС

ГЛАВЕН ШТАБ на ЕЛАС – формиран во мај 1943 г. на чело со Стефанос Сарафис. По неговото формирање, воените активности на ЕЛАС се прошириле и се формирале слободни територии. Во јуни 1943 г. ЕЛАС бил признат како антифашистички сојузник и се ставил под раководство на Главната команда на Средоземноморскиот фронт. ЛИТ.: А. Вацалопулос, Хистоире де… Continue reading ГЛАВЕН ШТАБ на ЕЛАС

ГЛАВЕН ШТАБ НА НОВ И ПОМ

ГЛАВЕН ШТАБ НА НОВ И ПОМ (1943–1945). Пред формирањето на Гш, оружената борба ја раководеле: Воена комисија – Методија шаторов-шарло, Коце Стојановски-Металец, Бранислав шикиќ-Бруно, Љубомир Лековиќ-Горски и Илија Јакимовски (јуни 1941); Покраински воен штаб – Лазар Колишевски-Митре, Михало Апостолски-Дончо, Мирче Ацев-Стојче, Страшо Пинџур-Јосиф, Цветко Узуновски-Абас, Трајко Бошкоски-Тарцан, Перо Иваноски-Тиквар, Кузман Јосифовски-Питу, Иван Дојчиновски-Димче (септември 1941)… Continue reading ГЛАВЕН ШТАБ НА НОВ И ПОМ

ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА

ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА .(ст. гр. Глабен-в– една од првитетџхз) епархии на Охридската архиепископија. Главиница е третото мес-то каде што живеел свети Климент. Каде се наоѓал градот (познат и со грчкото име Кејал-ав) не се знае, веројатно во западниот дел од Охридско, кон морето. Главиничката епархија првпат се спомнува во списокот на епархиите од Лав Мудри (886–912).… Continue reading ГЛАВИНИЧКА ЕПАРХИЈА

ГЛАВИНКА

ГЛАВИНКА – покривка за на глава составена од „главче“, среден дел и „главинка“. Главчето и средниот дел се направени од црвено платно – богасија, а поставени се со бело платно. Главинката околу е украсена со жолти бикмиња, во вид на спирали и жолти срмени ширити. Средината е богато извезена со жолта срма, во вид на… Continue reading ГЛАВИНКА

ГЛАВИНОВ, Васил

ГЛАВИНОВ, Васил (Велес, 1869 – Софија, 24. Ⅰ 1929) – основоположник на социјалдемократското движење во Македонија. Како столарски работник на печалба во Софија го прифатил и го ши-Васил Главинов рел социјализмот. Членувал во Бугарското работничко друштво „Братство“. Во 1893 г. ја формирал самостојната Македонска социјалдемократска група со задача да ја шири социјалистичката идеологија меѓу македонските… Continue reading ГЛАВИНОВ, Васил

ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар

ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар (Охрид, 22. Ⅲ 1926 – Охрид, 5. Ⅷ 2005) – банкарски чиновник. Член на Бродарското друштво „Стрмец” во Охрид. На кајакарските првенства на Југославија на мирни води во Охрид (1948) освоил прво место во К1 на 10.000 м и трети места на 1.000 м и во екипна конкуренција; висок пласман постигнал и на… Continue reading ГЛАВИНЧЕВСКИ, Александар

ГЛАВЈУК, Сергеј

ГЛАВЈУК, Сергеј (Дрезден, Германија, 1958) – современ руски поет и преведувач. Дипломирал на Сергеј Главјук Литературниот институт „Максим Горки” во Москва. Почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Ги објавил поетските книги „Голтка” (1991) и „Точка на возвратот” (1997). Избор од неговата поезија е објавен на македонски јазик, во препев на Гане Тодоровски, под… Continue reading ГЛАВЈУК, Сергеј

ГЛАВНИ МЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЛАВНИ МЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА. – Според одредени критериуми во 1979 г., во Македонија имало: 8 главни метеоролошки станици, 2 меѓународни метеоролошки станици, 28 климатолошки (обични метеоролошки станици), 35 фенолошки станици (една меѓународна фенолошка градина), 15 агрометеоролошки и 260 дождомерни станици. Исто така, имало 4 радарски центри за идентификација на градоносните облаци и за раководење… Continue reading ГЛАВНИ МЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА