ШТАЈНЕР, Михаел (Мицхаел Стеинер) (Минхен, СРГ, 28. Ⅺ 1949) – германски дипломат. Бил шеф на Канцеларијата за врски за германската хуманитарна помош во Загреб (1991–1992), шеф на Координативното тело за мултилатерални мировни напори во МНР (1992-1994), шеф на Специјалното одделение за мировни напори за поранешна Југославија (1994–1995), германски член на Контакт-групата за Југославија (1994–1995), главен… Continue reading ШТАЈНЕР, Михаел
Архиви: Енциклопедија
Description.
ШТЕДИЛНИЦИ ВО РМ
ШТЕДИЛНИЦИ ВО РМ – финансиски институции што прибираат штедни влогови на населението. Можат да се основаат како акционерски друштва, или како друштва со ограничена одговорност, а како основачи можат да се јават домашни правни и физички лица. Минималниот основачки капитал на штедилниците изнесува 250.000 евра. Активностите што ги извршуваат штедилниците се многу ограничени и се… Continue reading ШТЕДИЛНИЦИ ВО РМ
ШТЕПАН, Ханс Лотар
ШТЕПАН, Ханс Лотар (Ханс Ло-тар Степхан) (Источна Прусија, 1933) – германски дипломат и историчар. Прв вонреден и ополно-Ханс Лотар штепан моштен амбасадор на СРГ во РМ (1993–1997). Автор е на книгата „Македонскиот јазол: идентитетот на Македонците прикажан на примерот на Балканскиот сојуз (1878–1914)“, Скопје, 2005. Т. Петр.
ШТЕТИ ОД ИНСЕКТИ ВРЗ ДРВЈАТА
ШТЕТИ ОД ИНСЕКТИ ВРЗ ДРВЈАТА. Ги има многубројни и разновидни, специфични за одделни видови инсекти. Се разликуваат по начинот на кој инсектите ја земаат храната од дрвјата, по реакцијата на дрвјата и по последиците што остануваат. Од практичен аспект, можат да се групираат според начинот на кој се направени: штети од грицкање на цврстите делови… Continue reading ШТЕТИ ОД ИНСЕКТИ ВРЗ ДРВЈАТА
ШТИП
ШТИП град во источниот дел на РМ со 43.652 ж. (2002). Се простира на ридест терен помеѓу р. Брегалница и повремениот водотек Отиња, на надморска височина помеѓу 260 и 320 м. Зафаќа површина од 2.080 ха. Со магистралниот пат М–5 на запад е поврзан со Велес, а на исток со Кочани и Делчево, а со… Continue reading ШТИП
ШТИПАЛКИ
ШТИПАЛКИ (Цобитидае) – фамилија мали риби од редот краповидни риби (Цѕприниформес), со многу издолжено тело, вретенесто или странично сплеснато. Штипалка Во Македонија се регистрирани шест видови, кои припаѓаат на два рода. ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан Регион, Тоур… Continue reading ШТИПАЛКИ
ШТРКЛИ
ШТРКЛИ (Табанидае) – двокрилни инсекти, добри летачи со големина до 3 цм. Имаат устен апарат приспособен за боде-ње и за цицање крв. Познати се како крвопијци. Во спарните летни денови, особено пред дожд, го напаѓаат добиштркол токот, па и луѓето. Каснувањето е болно и чес-то со долготрајни отоци. Во светот се познати околу 3.000 видови.… Continue reading ШТРКЛИ
ШТРКОВИ
ШТРКОВИ (Цицониидае) – фамилија крупни птици со долги нозе и со долг клун, кои се хранат со водоземци, риби и со други мали водни организми. Во Европа се присутни два вида, кои се среќаваат и кај нас: бел штрк (Циштркови во гнездото цониа цицониа) и црн штрк (Цицониа нигра). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес,… Continue reading ШТРКОВИ
Јосип Јурај ШТРОСМАЕР
ШТРОСМАЕР, Јосип Јурај (Осиек, Хрватска, 4. Ⅱ 1815 – Ѓаково, Хрватска, 8. Ⅳ 1905) – хрватски епископ и многузаслужен словен-ски великан на духот и хуманата акција. Во име на почит, Констатин Миладинов во посветата на зборникот од македонски и бугарски песни (БÍлгарски народни песни, Загреб, 1861) пишува: „епископ босански, ѓаковачки и сремски на неговата светост,… Continue reading Јосип Јурај ШТРОСМАЕР
ШТУКИ
ШТУКИ (Есоцидае) – фамилија слатководни грабливи риби од ре-дот штуковидни риби (Есоциформес), која вклучува само еден род, претставен со пет видови, од кои еден се среќава и кај нас – штуката (Есоџ луциус). ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан… Continue reading ШТУКИ
ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ
ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ . (Грѕллус цампестрис Л.) – правокрилен инсект. Познат е и како полски попец. Спаѓа во групата скакулци. Живее во суви песокливи терени. Кога е во опасност се повлекува во своите подземни дупки, длабоки и до 40 цм. Се храни со растителни пупки и со инсекти. Во времето на парењето мажјакот произведува карактеристичен звук… Continue reading ШТУРЕЦ, ПОЛСКИ
ШУВАКОВИЌ, Коста
ШУВАКОВИЌ, Коста (Беловајски Беденик, Хрватска, 27. Ⅲ 1919) – оперски певец, бас. Во Операта на МНТ работи од 1948 до 1974. Во овој период остварил повеќе од 30 помали и поголеми улоги, од кои позначајни се: Спарафучиле (Риголето), Големиот инквизитор (Дон Карлос), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Осман (Грабнување од Сарајот). Оровез (Норма), Марко (Еро од… Continue reading ШУВАКОВИЌ, Коста
ШУКАРОВ, Љубомир Александров
ШУКАРОВ, Љубомир Александров (Велес, 2. Ⅹ 1919) – гинеколог-акушер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил (1944) во Софија. Специјализирал гинекологија и акушерство (1951) во Загреб и Скопје. Хабилитирал на темата „Проблем на цервицитисот и некои запазувања во врска со интрацервикалната инфилтрација со антибиотици“ (1957). Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника (1968 –1973)… Continue reading ШУКАРОВ, Љубомир Александров
ШУКАРОВА, Анета
ШУКАРОВА, Анета (Скопје, 1. Ⅷ 1955) – класичен филолог и историчар, професор во ИНИ. Дипломирала на Филозофско-историскиот факултет (Група класични студии) во Скопје (1979). Била професор во гимназијата „Орце Николов“, а потоа преминала во Институтот за национална историја (1981). Магистрирала на тема „Јустинијана Прима“ (1991). Докторирала во ИНИ на тема „Атинските ретори и Филип Ⅱ… Continue reading ШУКАРОВА, Анета
ШУКАРОВА, Искра
ШУКАРОВА, Искра (Скопје, 21. Ⅹ 1972) – балерина и кореограф. Балетската наобразба ја добива во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје (во класата на Ѓ. Јовановска). Оди на специјализација во Лион, Франција, (1993). Дипломира (2000) на Филозофскиот факултет во Скопје (Група историја на уметноста) со археологија. Магистрира (2002) во „Лабан“, центарот за танци и кореографија во… Continue reading ШУКАРОВА, Искра
ШУКОВ, Јован
ШУКОВ, Јован (с. Љумница, Егејскиот дел на Македонија, 21. Ⅲ 1940) – унив. професор. Завршил Висока школа за физичко воспитание во Белград (1964). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1976) на темата „Деформитети на ’рбетот како последица од дејството на надворешни услови во возраста од 8 до 12 години“. Докторирал на Факултетот за физичка култура… Continue reading ШУКОВ, Јован
ШУКРИ, Рамадан
ШУКРИ, Рамадан (Ресен, 14. Ⅶ 1948) – контрабасист и диригент. Своето музичко образование го оформува во Битола и во Скопје. Водач на групата контрабаси во Рамадан шукри оркестарот на Македонската опера и балет. Работејќи со повеќе мандолински оркестри на основните училишта во Скопје, постигнува значајни резултати, а по негова иницијатива (1981) е основан Мандолинскиот оркестар… Continue reading ШУКРИ, Рамадан
ШУЛАЈКОВСКИ, Марко
ШУЛАЈКОВСКИ, Марко (Дебар, 31. Ⅲ 1921 – Белград, 29. Ⅺ 1989) – учесник во НОБ. Завршил средно образование во Скопје и потоа се вратил во Дебар, каде што станал член на КПЈ (1941). Бил провален, уапсен и спроведен во затворот во Тирана (1942– 1943). По излегувањето од затворот бил борец во Втората албанска бригада. Во… Continue reading ШУЛАЈКОВСКИ, Марко
ШУЛЕВСКИ, Тони
ШУЛЕВСКИ, Тони (Скопје, 30. ⅩⅠⅠ 1932 – Скопје, 19. И 1997) – балетски играч. Завршува Средно балетско училиште во Скопје (Н. Кирсанова). Игра во Балетскиот ансамбл на МНТ (1949–1980), каизразена музикалност, буен темперамент и драмска надареност. УЛОГ: шумар (А. Адам, „Жизел“), Везир (А. Меликов, „Легенда за љубовта“), Абдурахман (А. Глазунов, „Рајмонда“) и др. Ем. Џ.
ШУМА
ШУМА – растителна формација, која на земјата формира шумска покривка во појас што приближно се протега од 500 јужна до 700 северна географска ширина и во кој шумата се појавува во различни форми и големини. Постојат повеќе дефиниции за шумата од економски, од правно-законодавен и од биолошки аспект. С“ повеќе се прифаќа биолошката дефиниција, според… Continue reading ШУМА
ШУМАРСКА БИБИОТЕКА
ШУМАРСКА БИБИОТЕКА. При раздвојувањето на шумарскиот и Земјоделскиот факултет (1975) беше поделен и книжниот фонд. Од тој заеднички фонд се формира библиотека на шумарскиот факултет, чија основна дејност беше набавката и обработката на претежно стручната литература, опслужување на наставнонаучниот кадар, студентите и на сите други што имаат потреба од неа. Посебна улога во збогатувањето на… Continue reading ШУМАРСКА БИБИОТЕКА
ШУМАРСКИ ИНСТИТУТ
ШУМАРСКИ ИНСТИТУТ – една од најстарите научни институции во нашата земја, формирана од АСНОМ (1944) на слободната територија во с. Горно Врановци. За прв директор бил назначен акад. инж. Ханс Ем. Првин работи како установа во рамките на Министерството за земјоделство и шумарство (1944–1949), а потоа како самостојна установа (1949–1975). Основната дејност на Институтот е… Continue reading ШУМАРСКИ ИНСТИТУТ
ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД
„ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД“ – орган на Сојузот на инженерите и техничарите по шумарство и индустрија за преработка на дрво во СР Македонија. Списанието почнува да излегува како двомесечник (1960), а од 1985 г. како полугодишник. Во него се печатат трудови за целокупната проблематика на македонското шумарство, соопштенија, информации и др. Престана да излегува во 1991 г.… Continue reading ШУМАРСКИ ПРЕГЛЕД
ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ
ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ – единствена, високообразовна и научноистражувачка институција од областа на шумарството и дрвната индустрија во РМ, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Формиран е во 1947 и до 1975 г. функционира како оддел на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Од 1975 г. се издвои како посебен шумарски факултет, а од 1976… Continue reading ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ