ШЕКУТКОВСКИ, Никита Трпев

ШЕКУТКОВСКИ, Никита Трпев (Скопје, 19. И 1956) – математичар, ред. проф. (1998) на ПМФ. Дипломирал (1979) и магистрирал (1983) на Математичкиот факултет во Скопје. Докторирал (1986) во Загреб со темата „Кохерентни инверзни системи и теорија на јак облик“. Главен научен интерес му е топологијата. Бил шеф на Институтот за математика (19971999 и 2005-), ментор на… Continue reading ШЕКУТКОВСКИ, Никита Трпев

ШЕЛЕВА, Елизабета

ШЕЛЕВА, Елизабета (Охрид, 1961) – литературен критичар и теоретичар, професор на Катедрата по компаративна литература на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград на тема „Типолошките модели на македонската книжевна критика“. Докторирала на истиот факултет (1998) со темата „Од дијалогизмот до интертекстуалноста (од Михаил Бахтин до постструктурната критика)“. Публикувала повеќе трудови. БИБ.:… Continue reading ШЕЛЕВА, Елизабета

ШЕМОВ, Симон

ШЕМОВ, Симон (Кавадарци, 1. ⅩⅠⅠ 1941) – сликар и графичар, еден од првите истражувачи на алтернативните насоки во ликовната уметност (1973), со заложба за проширување и испреплетување на медиумите. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1964). Редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Ја афирмирал македонската уметност и надвор од државата.… Continue reading ШЕМОВ, Симон

ШЕНДОВ, Борис

ШЕНДОВ, Борис (Скопје, 6. Ⅱ 1930) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1995 до пензионирањето во 1995 г.) по предмети од областа на фундирањето. На факултетот работел од 1959 г., учествувајќи и во наставата на Архитектонскиот факултет. Бил вклучен во реализацијата на повеќе архитектонски и инженерски објекти. Издал учебник „Темелење“… Continue reading ШЕНДОВ, Борис

ШЕРДЕНКОВСКИ, Божин

ШЕРДЕНКОВСКИ, Божин (с. Љубојно, Ресенско, 1. Ⅺ 1928) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 1988 г.) по предметот Хидротехнички мелиорации. Пред доаѓањето на Факултетот (1965) работел во ГП „Пелагонија“. Учествувал во реализацијата на повеќе хидромелиоративни системи („Овче Поле“, „Прилеп“ и др.). Љ. Т.

ШЕСНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ШЕСНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Кучевиште, Скопско, 6. Ⅹ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ и НОВЈ. Била формирана од борци на Осмата прешевска НО бригада, од Дванаесеттата бујановска НО бригада и 120 борци на Скопскиот и шарпланинскиот НОПО. Била во составот на Кумановската дивизија (до првата половина на декември 1944)… Continue reading ШЕСНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ШЕСТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ШЕСТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (пл. Славеј, близу до Струга, 6. Ⅸ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана со околу 1.000 борци – дел од борците на Првата македонска НО бригада и новодојдени борци. Извршила напад на бугарските гранични караули југоисточно од Кичево и во Крушевско, а потоа влегла во… Continue reading ШЕСТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

ШЕЌЕРИНСКА, Радмила

ШЕЌЕРИНСКА, Радмила (Скопје, 10. Ⅵ 1972) – политичарка. Дипломира на Електротехничкиот факултет во Скопје (1995). Магистрира на Флечер школата за право и дипломатија во САД. Стапува во Социјал-демократската младина на РМ (1995). Била портпарол на СДСМ (1997–1999), пратеник во Собранието на РМ (1998–2002, 2006–); потпретседател на ЦО на СДСМ (1999–2003, 2003–2006); потпретседател во Владата на… Continue reading ШЕЌЕРИНСКА, Радмила

ШЕЌЕРИНСКИ, Ристо

ШЕЌЕРИНСКИ, Ристо (Штип, 28. Ⅲ 1927) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1951). Живее и работи во Скопје во проектантското претпријатие „Проектант“ (до 1956). Се преселил во Нови Сад и во Белград, а потоа работел во швајцарија и во Германија како слободен архитект. Проектирал објекти со разни намени, од кои преовладуваат станбените објекти.… Continue reading ШЕЌЕРИНСКИ, Ристо

ШЕФЕР, Јакоб Гијсберт

ШЕФЕР, Јакоб Гијсберт (Ханс) де Хоп (Јакоб Гијсберт /Јаап/ де Хооп Сцхеффер) (Амстердам, Кралство Холандија, 3. Ⅳ 1948) – холандски политичар и дипломат. Бил министер за надворешни работи на Кралството Холандија (2002–2003), Генерален секретар на НАТО во времето на донесувањето на Декларацијата од Рига (2007). Т. Петр. Радмила шеќеринска

ШИЈАКОВИЌ

ШИЈАКОВИЌ (шИЈАК), Томо (Косово Поле, 15. Ⅲ 1930 – Скопје, 29. ⅩⅠⅠ 1998) – сликар, меѓу првите македонски уметници што го проблематизирал сликарството како дисциплина. Извесен период студирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Ниш. Учествувал на Биеналето во Сао Паоло (1969) и на Биеналето во Венеција (1978). Се… Continue reading ШИЈАКОВИЌ

ШИЈАЧКИ, Стеван

ШИЈАЧКИ, Стеван (Стари Футог, 12. ⅩⅠⅠ 1885 – Белград, 2. И 1957) – хорски диригент и композитор. Музичко образование оформува во Српската музичка школа во Белград. Меѓу двете светски војни, како наставник по музика и хорски раководител, работи во повеќе градови на тогашното кралство. Во Македонија, дејствува во Скопје и во Велес како хорски диригент… Continue reading ШИЈАЧКИ, Стеван

ШИКАРА

ШИКАРА – грмовидно формирана творба, најчесто секундарна, која генетски потекнува од некоја претходно уништена ниска, средна или висока шума. До исчезнување на шумите и појавата на шикарите се доаѓало постепено во долг временски период, како резултат на прекумерни сечи и нерационално стопанисување, перманентно пасење и брстење, шумски пожари, несоодветни законски ограничувања при користењето на шумите… Continue reading ШИКАРА

ШИКИЌ, Бранислав

ШИКИЌ, Бранислав (Пула, Хрватска, 1905 – Белград, 7. Ⅱ 1976) – шумарски инженер. Бил истакнат деец на студентското движење во Македонија и член на КПЈ (од 1941). По окупацијата бил член на Покраинската воена комисија (1941), кога бил уапсен од бугарската полиција. Подоцна бил политички комесар на Поречкиот НОПО. По Ослободувањето бил вработен во државната… Continue reading ШИКИЌ, Бранислав

ШИЛО

ШИЛО“ (Прилеп, почетокот на 1905) – хектографски весник, орган на Прилепската организација на ТМОРО, со мото „Македонија на Македонците“. Го издавале учителите Ѓорѓи Ганев, Петар Мрмев, Палисламов и Тодор Поп-Адамов, на чело со Јордан Ангелов. Имал за цел да ги пропагира определбите на ТМОРО да се бори против пројавената корупција и неморал, како и против… Continue reading ШИЛО

ШИНДИЛОВ, Стефан Костадинов

ШИНДИЛОВ, Стефан Костадинов (с. Зрзе, Прилепско, ? – месност Пештерите, кај с. Тројаци, Прилепско, 8. Ⅳ 1907) – прилепски полски војвода. За него се знае дека со целата негова чета херојски загинале во битката со аскерот и башибозукот во близина на с. Тројаци, Прилепско. ИЗВ. и ЛИТ.: НБКМ- БИА, Ф. 583, а.е. 67, лл. 230–248;… Continue reading ШИНДИЛОВ, Стефан Костадинов

ШИНДИЛОВСКИ, Богдан

ШИНДИЛОВСКИ, Богдан (Прилеп, 27. И 1918 – Скопје, 13. Ⅷ 2003) – композитор и музички педагог. УШТЕ како гимназијалец диригира со училишниот хор. По школувањето ги формира Градскиот мешан хор, Гимназискиот и Пионерскиот хор во Прилеп. Го основал и Музичкото училиште во Прилеп (1949). Подоцна компонирал, главно хорска музика (триесетина композиции) и музика за мандолински… Continue reading ШИНДИЛОВСКИ, Богдан

ШИРИЛОВ, Петар

ШИРИЛОВ, Петар (Горничево, Егејска Македонија, 18. Ⅴ 1934 Скопје, 5. Ⅸ 1988) – раскажувач, романсиер, литературен критичар, публицист. Завршил средно земјоделско училиште. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во Радио Скопје, потоа бил уредник во весникот „Трудбеник“. Член на ДПМ од 1964 год. „И покрај тоа што критиката не му беше особено наклонета, П.… Continue reading ШИРИЛОВ, Петар

ШИРИЛОВ, Ташко

ШИРИЛОВ, Ташко (Горничево, Леринско, 20. Ⅷ 1938) – раскажувач, романсиер, литературен критичар, поет, преведувач од француски (В. Иго, Стендал, А. Дима, Мопасан, Жил Верн, Сен-Џон Перс и др.). Завршил Филолошки факултет (француски јазик и книжевност) во Скопје. Работел како новинар во весникот „Вечер“, а сега е вработен во Друштвото на лит. преведувачи на Македонија и… Continue reading ШИРИЛОВ, Ташко

ШИШЕВСКА КЛИСУРА

ШИШЕВСКА КЛИСУРА (ГОЛЕМА КЛИСУРА) – се протега од с. Девич до с. шишево во долината на река Треска, во должина од 66,2 км. По должината е втора клисура во РМ. Клисурата е предиспонирана со раседни линии и всечена е помеѓу планините: Добра Вода, Сува Гора и Осој од левата и Даутица, Караџица, Сува Планина и… Continue reading ШИШЕВСКА КЛИСУРА

ШИШКОВ, Ристо

ШИШКОВ, Ристо (с. Мрсна, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија, 23. Ⅲ 1940 – Скопје, 17. Ⅵ 1986) – актер. Дипломирал актерска игра на Академијата за театарски уметности во Белград (1963). Настапува на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград (1961-1964). Потоа бил член на Драмата на МНТ (1964–1968). Еден од најголемите и најекспонирани актери. Носител… Continue reading ШИШКОВ, Ристо

ШКАРИЌ, Светомир

ШКАРИЌ, Светомир (Дојран, 1. И 1941) – правник, унив. професор. Основно образование завршил во Дојран и Гевгелија, а гимназија во Струмица (1960). Бил победник на првите два натпревара во ораторство на Скопскиот универзитет (1961 и 1962), учесник на четири младински работни акции на автопатот „Братство и единство“ (1958, 1959, 1962 и 1963) и на студентската… Continue reading ШКАРИЌ, Светомир

ШКАРТОВ, Георги Димитров

ШКАРТОВ, Георги Димитров – Ѓакон Евстатиј (с. Нестрам-Кол, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1873 – Софија, 20. Ⅲ 1934) – ѓакон и национален деец. Бил служител во Хилендарскиот манастир (од 1888), а потоа ја завршил Духовната семинарија во Цариград и како ѓакон Евстатиј бил во Пловдив, Солун, Софија и Букурешт, по што пристигнал во Битолско… Continue reading ШКАРТОВ, Георги Димитров