ФИРМИЛИЈАН (ДРАЖИЌ) (шабац, Србија, 20. Ⅷ 1851 – Белград, 7. ⅩⅠⅠ 1903) – српски скопски митрополит (1897–1902–1903), поставен од Српската православна црква со посредство на Русија. Рат. Гр.
Архиви: Енциклопедија
Description.
ФИРФОВ, Живко
ФИРФОВ, Живко (Велес, 20. Ⅺ 1906 – Скопје, 21. Ⅶ 1984) – етномузиколог и композитор. Музичка школа учел во Белград, а подоцна студирал композиција кај Ј. Славенски и Ј. Арбатски. По Ослободувањето вршел низа одговорни должности во Скопје: шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура и уметност Живко Фирфов при АСНОМ; шеф на… Continue reading ФИРФОВ, Живко
ФИРФОВ, Милан
ФИРФОВ, Милан (Скопје, 25. Ⅲ 1943) – певец (баритон) и пијанист. Дипломира пијано (А. Прегер, 1969) и соло-пеење (Н. Цвеиќ, 1970) на Музичката академија во Белград, каде што ја стекнува и титулата магистер по соло-пеење (З. Зикова, 1974). Уметничката кариера ја започнува како со-лист во Операта на МНТ, а од 1969 г. предава на ФМУ… Continue reading ФИРФОВ, Милан
ФИРФОВА, Данка
ФИРФОВА, Данка (Велес, 2. Ⅱ 1918 – Скопје, 21. Ⅵ 2003) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на МНТ. Пеење учела во Белград и Софија кај професорите Медведова-шкерјанц, Љ. Киш и Х. Брмбаров. Се усовршувала во Италија на Миланската Скала. До 1947 г. работела како наставник по музичко воспитување во Земун, Велес и Скопје.… Continue reading ФИРФОВА, Данка
ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО РМ
ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО Република Македонија– процес на прераспределба на приходните извори помеѓу централната и ло-Зградата на Владата на Република Македонија во Скопје калната власт, предизвикан од правната и административната децентрализација, чија цел е обезбедување достатно финансиски средства за финансирање на новите функции (надлежности) на единиците на локалната власт (општините). Фискалната децентрализација се темели на политичката… Continue reading ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ВО РМ
ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА
ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА – употреба на јавните приходи и расходи за дејствување врз макроекономските агрегати, односно врз вкупната економска активност. На краток рок фискалната експанзија дејствува врз порастот на бруто домашниот производ и на вработеноста. Долгорочните ефекти на фискалната експанзија се ограничени, бидејќи предизвикуваат инфлаторен притисок, пораст на каматните стапки и опаѓање на инвестициите и производството.… Continue reading ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА
ФИТИ, Таки
ФИТИ, Таки (Крушево, 7. Ⅺ 1950) – економист, унив. професор, општественик, државник, академик. Основно и средно образование завршил во Крушево. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1973), каде што магистрирал (1980) и докторирал (1983) на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Избран е за асистент на Економскиот факултет во Скопје по… Continue reading ФИТИ, Таки
ФИТОЦЕНОЛОГИЈА
ФИТОЦЕНОЛОГИЈА – ботаничка наука што ја проучува растителната заедница (фитоценоза) од сите аспекти на современата биологија: морфологија (синморфологија), екологија (синекологија), динамичен развој (синдинамика), историски развој (синхронологија), географско распространување (синхорологија) и систематика и номенклатура (синтаксономија). Бидејќи сите овие науки се однесуваат на фитоценозата австрискиот ботаничар Х. Гамс (1918) ги опфатил под едно име фитоценологија, но почесто… Continue reading ФИТОЦЕНОЛОГИЈА
ФЛОРА НА ВИШИ РАСТЕНИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФЛОРА НА ВИШИ РАСТЕНИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – севкупноста на сите видови, подвидови, вариетети и форми, односно севкупноста на сите автохтони и алохтони таксони виши растенија, кои се развиваат на територијата на РМ. Вл. М. Тимофеј Дмитриевич Флорински
ФЛОРИНСКИ, Тимофеј Дмитриевич
ФЛОРИНСКИ, Тимофеј Дмитриевич (С.-Петербург, Русија, 28. Х / 9. Ⅺ 1854 – Киев, Украина, 1919) – руски историчар и славист, словенофил, унив. професор, академик, ментор на К. Мисирков. По завршувањето на Историско-филолошкиот факултет на С.-Петербуршкиот универзитет (1876), предавал на Вишите женски курсеви (1880–1881), а ја одбранил магист. дис. „Јужните Словени и Византија во втората четвртина… Continue reading ФЛОРИНСКИ, Тимофеј Дмитриевич
ФЛОТАНТНА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РМ
ФЛОТАНТНА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија– в. Водна макрофитска вегетација во РМ.
ФЛОТАНТНИ РАСТЕНИЈА НА РМ
ФЛОТАНТНИ РАСТЕНИЈА НА Република Македонија– в. Водна макрофитска вегетација во РМ.
ФЛУМИЈАНИ, Гилберт
ФЛУМИЈАНИ, Гилберт (Задар, 1889–1976) – првиот професор по физичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Докторирал (1916) на Универзитетот во Инзбрук (Австрија). Бил професор и шеф на Институтот за хемија на Филозофскиот факултет во Загреб (1928–1946), реГилберт Флумијани довен професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1951). Бил шеф на Катедрата по хемија при Филозофскиот факултет,… Continue reading ФЛУМИЈАНИ, Гилберт
ФОЈА
ФОЈА (Јуниперус Л. фам. Цупрессацеае) – име на нашите автохтони смреки со лушповидни листови: Ј. еџцелса М. Биеб, дива фоја (тиса), средно високо дрво од Источниот Медитеран, лушпестите листови и целата круна имаат модрозелена боја, глобулите се модроцрни, со 3–13 семиња; Ј. фоетидиссима Њиллд., питома фоја, со сличен ареал, листовите и целата круна $ се… Continue reading ФОЈА
ФОКУС
„ФОКУС“ – влијателен и тиражен политички седмичник „на внатрешниот и надворешен непријател“, како што му стои во ло-гото. Првиот број излегол на 23 јуни 1995 г. Основач е Никола Младенов, директор Билјана Младенова, главен и одговорен уредник Јадранка Костова. „Фокус“ ја негува традицијата да би-Неделникот „Фокус“ де жесток критичар на секоја власт. Б. П. Ѓ.
ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО
ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО – фестивал на авторска песна во народен дух. Основан во 1985 г. За две децении на него се продуцирани над 700 песни од овој вид, од кои голем број се вброија во „новата антологија“ на македонската музика („Бисер балкански“; „Има ли песна“; „Лихнида кајче веслаше“; „Дали слушаш стара мајчице“; „Жал за Деспина“ и… Continue reading ФОЛК-ФЕСТ ВАЛАНДОВО
ФОЛКЛОРЕН ИНСТИТУТ НА НРМ
ФОЛКЛОРЕН ИНСТИТУТ НА НРМ – в. Институт за фолклор „Марко Цепенков“.
ФОЛКЛОРИЗАМ
ФОЛКЛОРИЗАМ – специфична архитектонска стилска формација создадена во периодот меѓу двете светски војни. Се појавил како отпор и однос кон модерната архитектура во границите на Кралството СХС и резултирал со нагласен интерес кон фолклорните архитектонски традиции и нивните локални и амбиентални вредности. К. Гр. Настапот на дуетот Селимова-Желчевски, први победници според гласовите од публиката и… Continue reading ФОЛКЛОРИЗАМ
ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ
ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ. Основан е под тоа име во 1996 г. Од Технички секции (1948 г.), прераснува во Републичка дирекција за патишта (1957), Републички фонд за патишта (1962), СИЗ (Самоуправна интересна заедница) за патишта (1974), РСИЗ за патишта (1980), а од 1996 г. станува Фонд за магистрални и регионални… Continue reading ФОНД ЗА МАГИСТРАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ПАТИШТА НА РМ, СКОПЈЕ
ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ
ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ – институционален механизам за заштита на депозитите на населението. Формиран е во јануари 1997 г. под името Фонд за осигурување на штедните влогови. На почетокот, Фондот има статус на акционерско друштво во сопственост на сите 17 банки и 15 штедилници. Во јуни 2000 г., тој се трансформира во Фонд за… Continue reading ФОНД ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ
ФОРМАНЕК, Едвард
ФОРМАНЕК, Едвард (Едуард Форманек) (1845 – 1900) – чешки ботаничар, професор на Универзитетот во Брно. Патувал и ботанизирал во многу балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија. Објавил неколку трудови во периодот од 1890 до 1900 г., во кои се наведуваат податоци за флората на Македонија. Најголем дел од тие податоци подоцна се ревидирани од страна… Continue reading ФОРМАНЕК, Едвард
ФОРМИ НА БИЗНИС-ОРГАНИЗАЦИИ
ФОРМИ НА БИЗНИС-ОРГАНИЗАЦИИ. Поаѓајќи од трите основни форми на бизнис-организациите (фирма во индивидуална сопственост, партнерство и корпорација), Законот за трговски друштва ги изведува соодветните еквиваленти на бизнис-организациите во РМ: трговец-поединец – физичко лице регистрирано да врши трговска дејност определена со закон, при што за своите обврски сноси неограничена одговорност со сиот свој имот; јавно трговско… Continue reading ФОРМИ НА БИЗНИС-ОРГАНИЗАЦИИ
ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА
ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА – безбедносни градби. На територијата на Македонија се јавува во предисторијата. Во античкиот период е поразвиена (Св. Еразмо крај Охрид, Скупи). Во доцноантичкиот период градовите се заштитувани со ѕидови, зајакнати со кули (Стоби, Хераклеја Линкестис, Лихнидос). Од Ⅴ в. егзистираат мали градови-тврдини (Баргала, Коњух и др.). Во текот на средниот век се градат… Continue reading ФОРТИФИКАЦИОНА АРХИТЕКТУРА
ФОРУМ
„ФОРУМ“ – двонеделен политички магазин што почна да излегува во Скопје на 30. ⅩⅠⅠ 1997 г. Основачи се Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски и Ванчо Ордановски. Форматот и динамиката на излегувањето ги задржа до 1. Ⅲ 2004 г., кога се трансформира во месечник – следејќи ги принципите на лајф-магазините. Од 17 септември 2005 г. Неделникот „Форум“… Continue reading ФОРУМ