ЌОСЕВА, Слободанка (Штип, 1946) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Универзитетот МХТИ во Москва (1969), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1989). Имала студиски престои во многу земји на Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1969 г., а редовен професор од 2000 г. Била продекан на Технолошко-металуршкиот факултет… Continue reading ЌОСЕВА, Слободанка
Архиви: Енциклопедија
Description.
ЌОСЕВСКИ, Владимир
ЌОСЕВСКИ, Владимир (Охрид, 1. Ⅺ 1921) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет на Техничката висока школа во Белград (1953). Проектантската активност ја одвива во Заводот за урбанизам и архитектура во Охрид, во Скопје и во Републичкиот секретаријат за урбанизам при Извршниот совет на РМ. Изработил урбанистички планови за повеќе станбени населби во Скопје,… Continue reading ЌОСЕВСКИ, Владимир
ЌОСЕТО, Андон
ЌОСЕТО, Андон – в. Јанев, Антон Лазов. Димитар ќостаров
ЌОСТАРОВ, Димитар
ЌОСТАРОВ, Димитар (Ичера, Бугарија, 25. Ⅷ 1912 – Охрид, 14. Ⅲ 1997) – актер, режисер и педагог. Еден од втемелувачите на современото театарско дело во Македонија. Завршил Виша театарска школа во Софија. Во Скопје пристигнува во 1941, како актер на новооснованиот бугарски Народен театар. Брзо потоа се вклучува во илегалната дејност, а подоцна стапува во… Continue reading ЌОСТАРОВ, Димитар
ЌУКА, Јорго
ЌУКА, Јорго (Крушево, 1947) – инж. технолог, долгогодишен директор на „ОХИС“ – Скопје, стопанственик и општественик. Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1972). Во „ОХИС“ бил од инженер во погон, главен инженер, директор на погон и генерален директор (1987–2008). Бил претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на Советот за меѓунационални односи.… Continue reading ЌУКА, Јорго
ЌУКОВИ
ЌУКОВИ (Отус) – род мали птици со должина на телото до 20 цм и со распон на крилјата до 60 цм, од кои во Македонија се среќава еден вид ќук (Отус сцопс). ќук (Отус сцопс) ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан… Continue reading ЌУКОВИ
ЌУЛАВКОВА, Ката
ЌУЛАВКОВА, Ката (Велес, 11. ⅩⅠⅠ 1951) – поет, литературен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Член е на МАНУ и секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирала на Филозофскиот факултет во Заг-Ката ќулавкова реб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот… Continue reading ЌУЛАВКОВА, Ката
ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов
ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов (Папрадиште, Велешко, јули 1865 – на пат кон Папрадиште, 13. Ⅵ 1940) – член на МНЛД во С.-Петербург и потписник на молбата за регистрација на неговиот Устав. УШТЕ млад работи како градежник во Воден (1892–1893) и во Ⅵ сектор на Отоманската же-Павле ќулафковски лезница во Битола (1894–1896), како мајстор-градежник на пристаништето во… Continue reading ЌУЛАФКОВСКИ, Павле Јованов
ЌУСТЕК
ЌУСТЕК – плетен украс од монистра. Машкото население го носело вденат на појасот. Ј. Р. П.
ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД
ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД – ракопис од македонска редакција од Кратовската книжевна школа од МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Ракописот е пишуван во две колони од по 38 реда со уставно писмо. Главниот дел се чува во Окружниот музеј во ќустендил, а по неколку листа по библиотеките во Софија, Краков, Пловдив и Санкт Петербург. о… Continue reading ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД
УВОЛАЖИ
УВОЛАЖИ (Дермаптера) – инсекти со издолжено тело. На задниот крај од телото се наоѓаат два хитинизирани израстока (церци), кои се во облик на клешта и служат за напад и одбрана. Големината варира од 0,5 до 3 цм. Познати се околу 1.500 видови, широко се распространети – космополити, со поголем број видови во потоплите краеви. Обична… Continue reading УВОЛАЖИ
УГЛЕША, Јован
УГЛЕША, Јован (? – Черномен на р. Марица, 26. Ⅸ 1371) – деспот во Серската област (1365–1371), брат и совладетел на кралот Вол-кашин. Учествува во Косовската битка (1369), кога заедно со кралот Волкашин ги поразуваат коалиционите војски на Лазар Хребелјановиќ, Никола Алтомановиќ и царот Урош В. Бил во постојана војна со Турците што биле на… Continue reading УГЛЕША, Јован
УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила
УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила (Скопје, 6. Ⅱ 1926) – припадник на првата генерација дипломирани македонисти на Филолошкиот факултет во Скопје, каде што работи од 1949 г. до пензи-У Радмила Угринова-Скаловска онирањето, предавајќи старословенски јазик и споредбена граматика на словенските јазици. За овие предмети обезбедува и соодветни учебници. Научниот афинитет кон палеославистичката проблематика, а во тие рамки особено… Continue reading УГРИНОВА-СКАЛОВСКА, Радмила
УГРИНОВСКИ, Јовица Николов
УГРИНОВСКИ, Јовица Николов (Скопје, 2. Ⅹ 1945) – специјалист неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување… Continue reading УГРИНОВСКИ, Јовица Николов
УДАВИ
УДАВИ (Боидае) – примитивна фамилија змии. Се регистрирани околу 80 видови во целиот свет, но најголем број од нив ги населуваат тропските предели. Во Европа живее еден претставник од удавите, кој се Степски удав среќава и кај нас, а тоа е степскиот удав (Ерѕџ јацулус). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес… Continue reading УДАВИ
УЗУНОВ, Ангел
УЗУНОВ, Ангел (Охрид, 1886 – Софија, 1975) – учесник во македонското револуционерно движење. По Првата светска војна се вклучил во редовите на ВМРО, бил близок соработник на Т. Александров и Ив. Михајлов, резервен член на Задграничното претставништво (1925), пратеник во Народното собрание на Бугарија. Од 1928 бил во протогеровистичката ВМРО. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924–1934,… Continue reading УЗУНОВ, Ангел
УЗУНОВ, Анешти
УЗУНОВ, Анешти (с. Плевња, Драмско, Егејскиот дел на Македонија, 7. Ⅱ 1914 – с. Рибново, Родопско, 10. Ⅴ 1943) – организатор на партизанското движење во Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија. Бил печатарски работник и млад се вклучил во ВМРО(Об). На судскиот процес (1936), кога биле судени членовите на ВМРО(Об), пред судиите изјавил дека по националност… Continue reading УЗУНОВ, Анешти
УЗУНОВ, Никола
УЗУНОВ, Никола (с. Емборе, Егејскиот дел на Македонија, 12. Ⅷ 1930) – економист, унив. професор, општественик, академик. До запишувањето во средно образование живеел и учел во Солун. Средно економско училиште завршил во Скопје (1948), а Економски факултет во Загреб (1954). Со докторат од економски науки се стекнал на Универзитетот во Никола Узунов Белград (1959), бранејќи… Continue reading УЗУНОВ, Никола
УЗУНОВ, Христо
УЗУНОВ, Христо (Охрид, 22. Ⅹ 1878 – с. Цер, Демирхисарско, 24. Ⅳ 1905) – учител, војвода и реонски началник на четите на ТМОРО во Охридскиот револуционерен округ. Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во битолскиот Централен затвор „Катилане“ (1898 и 1902–1903). Од 1903 г. бил поставен за главен војвода… Continue reading УЗУНОВ, Христо
УЗУНОВСКИ, Симон
УЗУНОВСКИ, Симон (Белград, 4. Ⅷ 1949) – архитект, мултимедијален уметник. Во 70-тите години прв ги користел во алтернативни простори техниките на асамблаж, колаж и инсталација. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1979). Со евтини и краткотрајни материјали (селотејп, плексиглас, весници) создава дела со процесуален и интерактивен карактер (серијата Тркалајќи, 1976; Галичица, 1976). М. Б.-П. Цветко… Continue reading УЗУНОВСКИ, Симон
УЗУНОСКИ, Илија Томов
УЗУНОСКИ, Илија Томов (с. Смилево, Битолско, 10. Ⅲ 1951) – машински инженер, специјалист за уметничка фотографија. По завршувањето на основното и средното образование во Битола, го завршува Машинскиот факултет во Скопје и апсолвира на постдипломските студии на Градежниот факултет. Работи како главен проектант и директор на градежна фирма во Битола. Емигрира во Австралија (1987) и… Continue reading УЗУНОСКИ, Илија Томов
УКРАИНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
УКРАИНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат уште по покрстувањето во средниот век (998), а се развиваат и по поразот на Австрија во Австро-турската војна (1683–1699), кога значителен број Македонци со австроунгарската војска се повлекуваат во денешна Војводина и Унгарија, од каде, соочени со опасноста од покатоличување, со дозвола на руската царица Екатерина, се населуваат по… Continue reading УКРАИНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
УЛАНЦИ
УЛАНЦИ – ГРАДСКО – некропола и населба од крајот на бронзеното време. Лоцирани се на левиот брег на Вардар, на 1 км јужно од с. Уланци. Населбата, позната како „Столот“, претставува доминантен рид заштитен со бедем од кршен камен, со неколку слоеви од живот во текот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅠ в. пр. н.е., со градби… Continue reading УЛАНЦИ
УЛКУ, Нусрет Дишо
УЛКУ, Нусрет Дишо (Нусрет Диþо Üлкü) (Призрен, 1937) – поет, раскажувач, писател за деца, новинар, преведувач, припадник на турската националност. Новинар во в. „Бирлик“ и на весникот „Тан“, уредник на сп. „Севинч“, „Томурџук“ и Куш. Еден од состсвувачите на Букварот за турски јазик. Член е на ДПМ од 1967 г. БИБ.: Деца и дрвја, 1963;… Continue reading УЛКУ, Нусрет Дишо