СТОН, Елеонора (Мисс Стоне) – американска протестантска мисионерка во Македонија. Била грабната од четата на Јане Сандански (21. Ⅷ 1901) на патот меѓу Банско и Горна Џумаја. За нејзиниот откуп ТМОРО добила од османлиската влада 14.500 златни лири, кои биле употребени главно за купување оружје. По враќањето во САД таа ја популаризирала ТМОРО и нејзините… Continue reading СТОН, Елеонора
Архиви: Енциклопедија
Description.
СТОНОГАЛКИ
СТОНОГАЛКИ (Мѕриапода) – класа од поттипот трахеати (Трацхеата), во која се вклучени вистинските стоногалки (Диплопода) и шкраплите (Цхилопода). Во Македонија се регистрирани 72 видови, од кои 22 Вистинска стоногалка ендемити. ЛИТ.: С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје,… Continue reading СТОНОГАЛКИ
СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ
СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ – шумите како национално богатство на РМ, покрај општокорисните функции, имаат и функција да ја обезбедат потребната дрвна маса како енергенс, суровина или за друга намена што произлегува од потребите на населението и на дрвната индустрија. Стопанисувањето со државните шуми за стопанска намена се остварува преку ЈП „Македонски шуми“. Економиката во шумарството… Continue reading СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИТЕ
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК. Преминот од ⅩⅤⅠⅠⅠ во ⅩⅠⅩ в. во Македонија, која тогаш во своите природно-историски и етнички граници се наоѓаше во составот на Османско-турската Империја, се карактеризираше со позабележително разјадување на патријархално-натуралните облици на стопанисување и со навлегување на стоковно-паричните облици на општественото производство. Во земјоделството, на местото на тимарско-спахискиот… Continue reading СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ
СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ (1918–1941). Во периодот меѓу двете светски војни Вардарскиот дел од Македонија, којшто по распарчувањето на Македонија во текот на Балканските и на Првата светска војна влезе во составот на новоформираната државна заедница Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Кралството на СХС), кое по шестојануарската диктатура од 1929… Continue reading СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ
СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ВО РМ
СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ВО РМ. Според позитивните законски прописи, економските субјекти во Република Македонијаосноваат стопански комори врз основа на дејноста што ја вршат. Во Република Македонијапостојат: Стопанската комора на Македонија; Сојузот на стопански комори; стопански комори на Македонија со други држави и сл. Стопанската комора на Македонија е основана 1932 г. По неколку трансформации во текот… Continue reading СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ВО РМ
СТОПАНСКИТЕ УСЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА
СТОПАНСКИТЕ УСЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1912–1918). Во текот на Балканските војни (1912–1913) и во Првата светска војна (1914–1918), кога Македонија непрекинато претставуваше полигон за воените дејства на завојуваните страни, настапи речиси целосно растројство во нејзиниот стопански живот и развој. Неповолните движења во бројната состојба на населението, започнати уште… Continue reading СТОПАНСКИТЕ УСЛОВИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА
СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ (СДИ). Основни носители на СДИ се транснационалните корпорации. Тие реализираат странско директно инвестирање со воспоставување сопствени, во прв ред, производствени претпријатија (афилијации) во странство, по пат на откупување на контролниот пакет-акции на одделно претпријатие или пак со формирање комплетно ново претпријатие. Експертите на УНЦТАД проценуваат дека во светот дејствуваат околу 60.000 транснационални… Continue reading СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ
СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ. Меѓу странските економисти што дадоа значаен придонес во соработката со Република Македонијаи за проучување на македонската економија, посебно треба да се спомнат: Исак Адижес, Џозеф Бреда и Романо Проди. Исак Адижес Исак Адижес (Ицхак Адизес)спаѓа меѓу водечките светски експерти во областа на менаџментот, т.е. во сферата фокусирана врз подобрувањето на перформансите… Continue reading СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ
СТРАСНА
СТРАСНА (ВЕЛИКА) НЕДЕЛ (ВЕЉА НЕДЕЛ) – календарски обичај, неделата пред Велигден (од Цветници до Велигден). Во текот на овие денови се изведуваат многу обичаи, особено на Велики четврток кога се вапцуваат црвените јајца. Во те-Вапцани и украсени велигденски јајца кот на таа недела во минатото на христијанството се случиле големи настани: тајната вечера, предавството, фаќањето,… Continue reading СТРАСНА
СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ
СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ – проактивен процес на остварување долгорочна компатибилност на претпријатието во предвиденото окружување. Од формален аспект, стратегискиот менаџмент е процес на идентификација, избирање и извршување на најпрофитабилниот начин за обезбедување долгорочна компатибилност меѓу интерните предности и слабости на претпријатието и екстерното окружување во кое тоа дејствува. Аналитичкиот приод овозможува да се изведат следниве активности,… Continue reading СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ
СТРАТОНИКА
СТРАТОНИКА – сопруга на Антигон И Едноокиот (382-301 пр.н.е.), мајка на македонскиот крал Деметриј И Полиоркет (336283 пр.н.е.). К. М.-Р.
СТРАЧКОВ, Благој Миланов
СТРАЧКОВ, Благој Миланов (Велес, 29. Ⅱ 1920 – Велес, 14. И 1943) – револуционер, организатор на работничкото, синдикалното и младинското движење во Велес меѓу двете светски војни, првоборец, народен херој. Член на СКОЈ и на КПЈ (од 1940), организатор на оруженото востание во Велес и Велешко. Во декември 1941 г. бил избран за секретар на… Continue reading СТРАЧКОВ, Благој Миланов
СТРЕЖЕВО
СТРЕЖЕВО – вештачка акумулација во средниот тек на р. шемница, десна притока на Црна Река. Браната е изградена од насипан чакал и од камен, со глинено јадро. Висока е 72 м, со должина на круната од 632 м, и широчина од 10 м. Езерото е долго 6,5 км, а средната широчина при максимално ниво на… Continue reading СТРЕЖЕВО
СТРЕЖЕВО
„СТРЕЖЕВО“ – најсовремен хидросистем во РМ, изграден во 1982 г. за наводнување на 20.200 ха од Пелагонија, за водоснабдување на Битола и околината, како и дел од индустријата, за искористување на хидропотенцијалот на водите и за заштита од поплави на дел од Пелагонија. Основни објекти на хидросистемот се: насипната брана „Стрежево“; акумула3 ција од 109… Continue reading СТРЕЖЕВО
СТРЕЗ
СТРЕЗ (? – 1214) – македонски благородник, господар на Просек (1207–1214), севастократор, роднина на бугарската владетелска фамилија. Ја загубил борбата за испразнетиот бугарски престол, по смртта на Калојан, и се засолнил во Србија. Со српска помош завладеал со добар дел од Македонија со центар во Просек (1207) и формирал независно владение. Неговата власт се протегала… Continue reading СТРЕЗ
СТРЕЗОВА, Сирма Крстева
СТРЕЗОВА, Сирма Крстева –в. Сирма војвода. Јован Стрезовски
СТРЕЗОВСКИ, Јован
СТРЕЗОВСКИ, Јован (с. Подгорци, Струшко, 26. Ⅳ 1931) – поет, раскажувач и романсиер, општественик и долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата. Основно училиште завршил во родното село и во Крагуевац, Учителска школа во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1955-1960). Неколку години бил учител во струшките села, а потоа директор на… Continue reading СТРЕЗОВСКИ, Јован
СТРЕЗОСКИ, Владимир
СТРЕЗОСКИ, Владимир (Битола, 1. ⅩⅠⅠ 1949) – ел. инж., д-р на техничките науки, ред. проф. на Факултетот за технички науки во Нови Сад. шеф е на Катедрата за ЕЕ. Два мандата бил директор на Институтот за енергетика и електроника. Тој е дописен член на Инженерската академија на Србија. Исто така е автор/коавтор на 8 трудови… Continue reading СТРЕЗОСКИ, Владимир
СТРЕЛАШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА
СТРЕЛАШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА – современа спортска активност што првпат се спомнува во Скопје (1910). Први стрелачки отсеци биле формирани во Соколската организација (1930– 1941). По Ослободувањето биле основани голем број стрелачки дружини. Формираниот Стрелачки сојуз на Македонија (1948) имал 72 дружини со 4400 членови. Репрезентативмазетовиќ (1955–1957), Димитар Копанов и Андреја Јовановски. Сениорски прваци на Југославија… Continue reading СТРЕЛАШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА
СТРЕМЕЖ
„СТРЕМЕЖ“ (февруари 1954) – списание за литература, уметност и култура во Прилеп. На почетокот излегувало двомесечно и негов издавач бил Клубот на младите писатели, а од 1967 излегува како месечно списание. Подоцна развило и сопствена издавачка дејност. Главни и одговорни уредници биле: Борислав Кулески, Бошко Бабиќ, Ѓоре Напески, Бранко Илиески, Коце Солунски, Благоја Ристески, Санде… Continue reading СТРЕМЕЖ
СТРИЖИБУБАЧКИ
СТРИЖИБУБАЧКИ (Церамбѕцидае) – тврдокрилни инсекти. Имаат издолжено тело со повеќечленчести пипала, кои се подолги од телото. Ларвите на овие видови се бели по боја, без нозе и се развиваат под кората на дрвјата или во самото дрво. Некои Стрижибубачка ларви се развива(Церамбѕцидае) ат и во почвата, хранејќи се со растителни корења (род Дорцадион). Во Македонија… Continue reading СТРИЖИБУБАЧКИ
СТРИМОН
СТРИМОН – клисура, тема, епископија. Најпрвин била формирана клисура (крајот на Ⅷ в.), потоа тема (сред. на Ⅸ в.), со седиште во Сер. Ги зафаќала териториите меѓу Струма, Места, Родопите и Егејското Море. Павле од Стримон бил присутен на т.н. Фотиев собор (879). На крајот на Ⅹ в. темата била обединета со темата Солун, а… Continue reading СТРИМОН
СТРИМОНЦИ
СТРИМОНЦИ (Струмјани) – словенско племе што се населило во Македонија (Ⅵ–Ⅶ в.), на териториите во средниот и во долниот тек на р. Струма, по која го добиле и името. Учествувале во нападот на Солун (674–677). Ги потчинил Јустинијан Ⅱ (687/8), но повторно се осамостоиле. Се занимавале со гусарење по Струма и по крајбрежјето на Егејското… Continue reading СТРИМОНЦИ