СТОГОВО

СТОГОВО – висока венечна планина во Западна Македонија, која се формирала во времето на алпската орогенеза. Таа се наоѓа помеѓу долината на Црни Дрим од запад, долините на реките Радика и Мала Река од север и исток, преку тектонскиот преслап Јама (1.507 м) е одвоена од планината Бистра, а на југ морфолошки преку превалот Рудине… Continue reading СТОГОВО

СТОИЛОВ, Милан Трајков

СТОИЛОВ, Милан Трајков (Кукуш, 14. И 1881 – с. Витоша, Кочанско, 6. Ⅸ 1903) – член-основач на ТМОК (1900–1903) и член-основач и секретар на МНЛД во С.-Петербург (1902–1903). По завршувањето на основното (1892) и трикласното училиште во Кукуш (1895) и Бугарската духовна семинарија во Цариград (јули 1902), на 14 август 1902 г. е веќе во… Continue reading СТОИЛОВ, Милан Трајков

СТОИМЕНОВ, Павле

СТОИМЕНОВ, Павле (с. Долно Тламино, Босилеград, 12. Ⅳ 1931) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1986 до пензионирањето во 1996 г.) по предмети од областа на патиштата. Напишал учебник по предметот патишта, а преку апликативната работа придонесол за оформувањето на патната мрежа и градските сообраќајници во нашата земја. Љ. Т.

СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев

СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев (с. Ерџелија, Штипско, 1867 – ќустендил, 15. Ⅳ 1931) – припадник на МРО, актер на Доневата афера (1896). Бил курир на Организацијата. На 19. Ⅳ 1896 г., на излезот од Битола кај црквата „Св. Недела“, во неговите вреќи со ориз властите пронашле бомби, набои за револвери и барут. Во затворот во БитолаContinue reading СТОЈАНОВ-ШТИПЈАНЧЕТО, Доне Тошев

СТОЈАНОВ, Димитар

СТОЈАНОВ, Димитар (Димче, Мире) (Прилеп, 1910 – Скопје, 1991) – учесник во предвоеното студентско и комунистичко движење и во НОБ, македонски политичар и државник, историчар и архивист. По завршувањето на студиите по историја на Белград-Димитар Стојанов-Мире скиот универзитет (1935) професорува во Гимназијата во Прилеп (1935-1940), во Пеќ (до април 1941) и во Кратово (1941/42). Во… Continue reading СТОЈАНОВ, Димитар

СТОЈАНОВ, Зафир

СТОЈАНОВ, Зафир (Делчево, 7. Ⅹ 1930) – физичар, ред. проф. (1981) на ПМФ. Дипломирал (1957) на ПМФ, каде што докторирал (1974) со тема во која се изучуваат синтерувани метали и легури со помош на ултразвук. За таа цел оформил Лабораторија за примена на ултразвукот за истражувања на тврдите тела. Специјализирал во Гетинген и Ахен. Држел… Continue reading СТОЈАНОВ, Зафир

СТОЈАНОВ, Крсте

СТОЈАНОВ, Крсте (с. Дрмени, Ресенско, 1880 – с. Кривени, Ресенско, 3. Ⅱ 1905) – печатар, револуционер, припадник на ТМОРО. Бил печатар во Цариград и член на Цариградскиот РК (1900–1903). Од 1904 г. влегол во четата на војводата С. Олчев, која дејствувала во Преспанско. Загинал во борба со османлиска војска во Ресенско. ИЗВ. и ЛИТ.: ЦДА,… Continue reading СТОЈАНОВ, Крсте

СТОЈАНОВ, Крум

СТОЈАНОВ, Крум (Скопје, 6. Ⅲ 1917 – Скопје, 4. ⅩⅠⅠ 1996) – драм-ски актер и режисер. Го посетувал Студиото на уметничкиот театар во Белград (1939-1941). Станал актер во Народниот театар во Скопје (1942-1944). Еден од основачите на Македонскиот народен театар и во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија). Бил член на Драмата на МНТ (1945-1952 и 19611964),… Continue reading СТОЈАНОВ, Крум

СТОЈАНОВ, Петар

СТОЈАНОВ, Петар (Велес, 17. Ⅵ 1922 – Скопје, 8. Ⅹ 1995) – историчар, научен советник во ИНИ. Како гимназијалец му пристапил на комунистичкото младинско движење и станал член на СКОЈ (1941). Бил учесник во НОАВМ (од 1944). По Ослободувањето станал член на КПЈ (од 1945) и дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (јуни 1950). Извесно… Continue reading СТОЈАНОВ, Петар

СТОЈАНОВ, Ристо

СТОЈАНОВ, Ристо (Кавадарци, 1927) – геолог, унив. професор. Основно и средно образование завршил во Кавадарци, а Рударско-геолошки факултет во Белград (1952). По дипломирањето, во Геолошкиот завод на Македонија работи како геолог врз проблемите на создавањето на геолошките подлоги при реализацијата на хидротехничките објекти во Македонија, како што се акумулациите на Маврово – Вруток и Равен;… Continue reading СТОЈАНОВ, Ристо

СТОЈАНОВ, Софрониј

СТОЈАНОВ, Софрониј (с. Цер, Демирхисарско, 8. Ⅹ 1871 – с. Габрово, Горноџумајско, 15. Ⅳ 1903) – врховистички војвода, поручник во Бугарската армија. Завршил воено училиште во Софија (1892). Ја напуштил армијата (1900) за да дејствува во Македонија. Како војвода дејствувал во Малешевско, Горноџумајско и во Кичевско (1901). Загинал во борба со османлиската војска. ИЗВ. и… Continue reading СТОЈАНОВ, Софрониј

СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова

СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова (Дебар, 5. Ⅶ 1934) – фармаколог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Вработена во Институтот за фармакологија и токсикологија при Мед. ф. во Скопје. Придонела за унапредувањето на педагошките основи на современата базична и клиничка фармакологија. Била шеф на катедрата, продекан, учесник во институтските проекти и долгогодишен главен уредник на ММП.… Continue reading СТОЈАНОВА-БРМБЕСКА, Делка Богданова

СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова

СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова (Штип, 24. ⅩⅠⅠ 1936) – редовен професор (1993) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 2001). Дипломирала (1960), магистрирала (1978) и докторирала во Скопје. Работниот век го започнала во Електрохемискиот комбинат „Јегуновце“, а од 1962 г. е, сукцесивно, од асистент до редовен професор на Институтот за хемија. Одржувала настава по предмети… Continue reading СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова

СТОЈАНОВА, Милица

СТОЈАНОВА, Милица (Крива Паланка, 6. Ⅵ 1932) – актерка, чии креации се резултат на талент и култивиран пристап во презентирање на играниот лик. По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работи во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ (1953-1964). Од 1964 г. до пензионирањето е во Драмскиот театар во Скопје. УЛОГ:… Continue reading СТОЈАНОВА, Милица

СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова

СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова (Скопје, 1965) – филолог, научен советник. истражувач на народната поезија во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје – Група општа и компаративна книжевност (1989). Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград на темата „Мотив жртвовања у македонској народној књижевности“ (11. Ⅱ 1993) и докторирала на Филолошкиот… Continue reading СТОЈАНОВИЌ-ЛАФАЗАНОВСКА, Лидија Александрова

СТОЈАНОВИЌ, Александар

СТОЈАНОВИЌ, Александар Тодоров (Скопје, 2. Ⅲ 1955) – спец. интернист, хематолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Раководител на Дневната болница при Клиниката за хематологија, претседател на Здружението на хематолозите на РМ, член на Европската асоцијација за хематологија. Особен интерес и заслуги има за развојот на трансплантацијата на коскената срцевина во РМ, како и… Continue reading СТОЈАНОВИЌ, Александар

СТОЈАНОВИЌ, Александар Тодоров

СТОЈАНОВИЌ, Александар Тодоров (Скопје, 2. Ⅲ 1955) – спец. интернист, хематолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Раководител на Дневната болница при Клиниката за хематологија, претседател на Здружението на хематолозите на РМ, член на Европската асоцијација за хематологија. Особен интерес и заслуги има за развојот на трансплантацијата на коскената срцевина во РМ, како и… Continue reading СТОЈАНОВИЌ, Александар Тодоров

СТОЈАНОВСКИ, Александар

СТОЈАНОВСКИ, Александар (Куманово, 11. Ⅷ 1929 – Скопје, 19. Ⅴ 2009) – историчар – турколог. Дипломирал на катедрата по историја на Филизофскиот факултет во Скопје и се вработил во Институтот за национална историја, во Одделението за османлиско-турскиот период (1955). Доктрорирал на темата „Дервенџиството во Македонија“ (1963). Се усовршувал и вршел архивски истражувања во Истанбул, Анкара,… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Александар

СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов

СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов (Томино Село, Македонски Брод, 28. Ⅹ 1937) – психолог, универзитетски професор. Основно образование завршил во Долни Манастирец, а учителска школа во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1965), а магистрирал во Центарот за мултидисциплинарни студии во Белград (1975). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Работел како психолог во Заводот за… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов

СТОЈАНОВСКИ, Кирил

СТОЈАНОВСКИ, Кирил (с. Злести, Дебарца, 1909 – 31. И 1971) – свештеник и истакнат учесник во НОАВМ. По Априлската војна (1941) му пристапил на НОД. Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ (11. Ⅺ 1943). Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Кирил

СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов

СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов (Скопје, 10. Ⅶ 1959) – генерал-потполковник, началник на ГШ на АРМ. Завршил Воена академија, во родот пешадија во ЈНА. Офицерската кариера ја започнал како командир на вод и на чета, бил заменик на командант на баталјон, началник на отсек за Воена полиција и командант на Ⅵ одред. Завршил Командноштабна академија и школа… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов

СТОЈАНОВСКИ, Ненад

СТОЈАНОВСКИ, Ненад (Скопје, 19. Ⅷ 1952 – Скопје, 14. Ⅶ 1998) – актер. Дипломирал на Вишата музичка школа, на Отсекот за драмски актери во Скопје (1976). Член е на Драмскиот театар во Скопје (1976-1998). Со својата извонредна сценска појава уште во почетокот на кариерата раскошно го демонстрираше својот талент. Во Драмата на МНТ ги реализираше… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Ненад

СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов

СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов (с. Скачинци, Велешко, 8. Ⅱ 1923) – педијатар, хематолог. Мед. ф. завршил во Белград (1952), а специјализација по педијатрија во Загреб (1958). Во Велес го отворил Педијатриското одделение и го раководел с“ до одењето в пензија (1987). Истовремено бил Управник на Медицинскиот центар во Велес од неговото формирање (1964–1987). Докторирал на тема… Continue reading СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов