СТЕФАН, Архиепископ Охридски и Македонски

СТЕФАН, Архиепископ Охридски и Македонски (Стојан Велјановски) (с. Добрушево, Битолско, 1. Ⅴ 1955) – петти поглавар на Македонската православна црква. Ја завршил Македонската православна богословија во Драчево, Скопје (1974), Богословскиот факултет во Белград (1979) и постдипломски студии во Бари, Италија. Бил професор во Богословијата и предавач на Богословскиот факултет во Скопје. За архијереј бил избран… Continue reading СТЕФАН, Архиепископ Охридски и Македонски

СТЕФАНИЈА, Драги

СТЕФАНИЈА, Драги (Охрид, 10. Ⅺ 1933) – лингвист и фолклорист. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1958), завршил прв степен на Правниот факултет (1960) и докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1980). Работел како дописник на Радио Скопје (од 1965), лектор по македонски јазик (1967) и професор по македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет… Continue reading СТЕФАНИЈА, Драги

СТЕФАНОВ, Глигор

СТЕФАНОВ, Глигор (Кавадарци, 3. Ⅶ 1956) – скулптор, значаен за иновацијата на скулптурата во осумдесеттите години и за нејзината промоција во други средини. Живее и создава во Канада. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1981). Излагал на Биеналето во Венеција (1993). Скулптурата ја толкува на флексибилен начин, користи природни материјали Г. Стефанов: „Грабење… Continue reading СТЕФАНОВ, Глигор

СТЕФАНОВ, Димитар

СТЕФАНОВ, Димитар (с. Марчино, Кратовско, 16. Ⅷ 1899 – Скопје, Х 1970) – член на ВМРО. Во 1922 г. избегал во Бугарија, стапил во редовите на ВМРО, бил во четите на Иван Јанев-Брло, подоцна во обезбедувањето на Тодор Александов. Во Милано го убил П. Чаулев (1924), учествувал во убиството на А. Протогеров (1928). До 1941… Continue reading СТЕФАНОВ, Димитар

СТЕФАНОВ, Димитар

СТЕФАНОВ, Димитар Г. (с. Караагач, Болградско, Бесарабија, 18. Ⅷ 1871 – Бургас, 11. Ⅺ 1940) – учесник во македонското револуционерно ослободително движење. Завршил воено училиште во Киев, а право во Москва. Бил директор на Егзархиската гимназија во Битола (1900), задграничен претставник на ТМОРО во Софија (1901–1903), четник во четата на Ј. Сандански (мај 1903), претседател… Continue reading СТЕФАНОВ, Димитар

СТЕФАНОВ, Димитар Г

СТЕФАНОВ, Димитар Г. (с. Караагач, Болградско, Бесарабија, 18. Ⅷ 1871 – Бургас, 11. Ⅺ 1940) – учесник во македонското револуционерно ослободително движење. Завршил воено училиште во Киев, а право во Москва. Бил директор на Егзархиската гимназија во Битола (1900), задграничен претставник на ТМОРО во Софија (1901–1903), четник во четата на Ј. Сандански (мај 1903), претседател… Continue reading СТЕФАНОВ, Димитар Г

СТЕФАНОВИЌ, Бранимир

СТЕФАНОВИЌ, Бранимир (Гнилане, Србија, 22. Ⅲ 1949 – Скопје, 14. И 1991) – оперски певец, бас. Во 1975 г. дипломирал соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Б. Николовски), а магистрирал во 1989 г. на Софиската музичка академија. Тој е член на солистичкиот состав на Операта на МНТ од 1977 до 1991 г.,… Continue reading СТЕФАНОВИЌ, Бранимир

СТЕФАНОВСКИ, Ацо

СТЕФАНОВСКИ, Ацо (Битола 10. ⅩⅠⅠ 1922 – Битола 10. Ⅲ 1985) – драмски актер и режисер, еден од основоположниците на Народниот театар во Битола. Силна актерска личност, чии креации се трајни вредности во нашата театарска уметност. Кариерата ја започнал во НТ во Битола (1943/ 44). Ацо Стефановски УЛОГ: Хамлет и Едип (во истоимените дела), Митке… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Ацо

СТЕФАНОВСКИ, Благоја

СТЕФАНОВСКИ, Благоја (Баге) (Битола, 7. Ⅲ 1953) – актер, долгогодишен директор на Народниот театар во Битола (19802002). Дипломирал на Високата музичка школа во Скопје, на Отсекот за драмски актери. Под негово раководство Битолскиот театар беше водечка куќа во Републиката. Пратеник во Собранието на РМ, претседател на Одборот за култура во Собранието; министер за култура во… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Благоја

СТЕФАНОВСКИ, Валери

СТЕФАНОВСКИ, Валери (Охрид, 14. Ⅷ 1947) – пијанист. Дипломирал на Бугарскиот државен конзерваториум (Љ. Енчева, 1970). Специјализирал на Државниот конзерваториум „П. И. Чајковски“ во Москва (М. Междлумов, Ј. Зак, 1974). Магистрирал на Музичката академија во Љубљана (Д. Томшич, 1979). Од 1970 г. професор на ФМУ во Скопје и директор на Македонската филхармонија. Концертирал во РепубликаContinue reading СТЕФАНОВСКИ, Валери

СТЕФАНОВСКИ, Велко

СТЕФАНОВСКИ, Велко (Скопје, 3. Ⅳ 1931) – професор и научен работник во дрвноиндустриската област. Дипломирал на шумарскиот оддел на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1956). Докторирал на шумарскиот факултет во Скопје (1965) на темата „Проучување на физичкомеханичките својства на дрвото и дрвните производи на платанот (Платанус ориенталис)“. Бил избран за асистент (1961), а потоа и за… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Велко

СТЕФАНОВСКИ, Влатко

СТЕФАНОВСКИ, Влатко (Прилеп, 1957) & гитарист и композитор. Еден од основачите на групата „Леб и сол“, со која набрзо стана познат на тогашната југословенска сцена, особено по учеството на Опатискиот фестивал, кога со обработката на песната „Абер дојде Донке“ ја освои првата награда на рок-вечерта. По распаѓањето на групата, С. оствари извонредна солистичка кариера. Кон… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Влатко

СТЕФАНОВСКИ, Горан

СТЕФАНОВСКИ, Горан (Битола, 27. Ⅳ 1952) – драмски автор, унив. професор, академик. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата за англиски јазик (1974). Магистрирал на Филолошкиот факултет во Белград. Работел во Драмската редакција на МТВ (1974–1978); бил асистент на Филолошкиот факултет во Скопје и професор по драматургија на ФДУ во Скопје (1986–1998). Живее и… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Горан

СТЕФАНОВСКИ, Димитар

СТЕФАНОВСКИ, Димитар (Битола, 16. Ⅴ 1921 – Битола 9. Ⅳ 1978) – драмски и филмски актер, режисер и во два периода директор на Театарот во Битола. Во НОБ бил организатор на културно-просветната дејност. По Ослободувањето е еден од организаторите за формирање на Народниот Димитар Стефановски театар во Битола. Настапувал и на филм, радио и ТВ.… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Димитар

СТЕФАНОВСКИ, Илко

СТЕФАНОВСКИ, Илко (Битола, 4. Ⅺ 1952) – актер. Дипломирал актерска игра на ФДУ во Скопје (1986). Од 1976 г. е член на Народниот театар во Битола. Улоги: Јон („Пиреј“), Ефто („Лет во мес-то“), Анастас („Југословенска антитеза“), Лопахин („Вишновата градина“), Клаудиј („Хамлет“), Осман-бег („Балканот не е мртов“), Макдаф („Магбет“), Аџи Трајко („Бегалка“), Кољо („Тетовирани души“), Поткаљосин… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Илко

СТЕФАНОВСКИ, Јован

СТЕФАНОВСКИ, Јован (Жан) (Скопје, 9. Ⅵ 1948) – архитект. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1973). Се занимава со архитектонско проектирање. Реализирал повеќе објекти од општествен, трговски и угостителски карактер. Посебно внимание посветил на станбената архитектура. Работел во повеќе проектантски бироа и во сопствено проектантско студио „Еуроарт“ во Скопје. Се занимава со публицистика. Објавил преку… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Јован

СТЕФАНОВСКИ, Методија

СТЕФАНОВСКИ, Методија (Прилеп, 1926) – генерал-полковник на ЈНА. Пред Втората светска војна работел како помошен трговски работник. Во НОВМ бил од 1943, член на КПЈ од 1944 г. Во војната бил офицер за ОЗН во бригада и во дивизија. По војната вршел разни должности во органите за без-Методија Стефановски бедност, секретар за Народна одбрана на… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Методија

СТЕФАНОВСКИ, Мирко

СТЕФАНОВСКИ, Мирко (Скопје, 7. Ⅸ 1921 – Скопје, 31. Ⅹ 1981) – актер и режисер. Еден од основачите на МНТ; член на предвоеното Модерно позориште; член на патувачкиот театар „Димче Трајковски“; раководител на културно-забавната трупа на ЏЛИИ дивизија во НОБ. До 1951 г. бил член на Драмата во МНТ; станува режисер во НТ во БитолаContinue reading СТЕФАНОВСКИ, Мирко

СТЕФАНОВСКИ, Ристо

СТЕФАНОВСКИ, Ристо (Скопје, 5. ⅩⅠⅠ 1928) – театролог, историчар на театарот во Македонија, долгогодишен директор на теа-тар. Ја завршил Државната теаРисто Стефановски тарска школа во Скопје (1947– 1949) и Отсекот за организација на Факултетот за драмски уметности во Белград. Станал член на Драмскиот ансамбл во МНТ (1951–1960), а од 1957 г. директор на Куклениот театар… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Ристо

СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев

СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев (Скопје, 11. Ⅲ 1924 – Скопје, 26. Ⅷ 2002) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Бел-град (1950) и се вработил на Нервната клиника (1950–1987). Специјалистички испит положил во 1953 г., а хабилитирал (1958) од областа на неврологијата. Тој е еден од основачите на Нервната клиника,… Continue reading СТЕФАНОВСКИ, Стефан Славев

СТЕФКОВСКИ, Благоја

СТЕФКОВСКИ, Благоја (Гојчо; псевд. Г. Минтан) (Куманово, 1905 – Скопје, 3. ⅩⅠⅠ 1965) – млад поет, комунистички деец, организатор на НОБ, генерал-мајор на ЈНА. Завршил втори клас гимназија, а потоа го изучувал кројачкиот занает. Како активист на синдикалното движење, станал член на СКОЈ и на КПЈ (од 1935), член на МК на СКОЈ и на… Continue reading СТЕФКОВСКИ, Благоја

СТИБЕРА

СТИБЕРА (Стѕберра), с. Чепигово – антички град, чии што остатоци лежат на 16 км. западно од Прилеп, над вливот на реката Блато во Црна Река (Еригон). За градот најстар е податокот на Полибиј, а подетални податоци за него даваат Т. Ливиј и Страбон, кој вели дека Стибера лежи на реката Еригон и припаѓа на Дериопите.… Continue reading СТИБЕРА

СТИВ НАУМОВ , КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО, БИТОЛА

„СТИВ НАУМОВ“, КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО, БИТОЛА – основано во 1945 г. со Хорска, Драмска и Фолклорна секција, како и со Мандолински Биста на Филоксен, Стибера, с. Чепигово (Ⅱ в.) КУД „Стив Наумов“ од Битола оркестар. Едно од најактивните друштва во Република Македонијаи мошне заслужно за високото ниво на музичкиот аматеризам. Диригенти на Мешаниот и на Женскиот… Continue reading СТИВ НАУМОВ , КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО, БИТОЛА

СТОБИ

СТОБИ (Στο′βοι, Стоби) – градска населба од античко време на утоката на Еригон (Црна Река) во Аџиос (Вардар). На ова место се вкрстувале и двете важни патнички рути на Балканот (Тесалоника–Сирмиум, Хераклеја ЛинкестисСтоби–Пауталија–Сердика). Стоби од мало пајонско населено место во хеленистичкиот, а особено во римскиот период, прерас-Панорама на локалитетот Стоби нал во економски и културен… Continue reading СТОБИ