СТАМАТОСКИ, Трајко

СТАМАТОСКИ, Трајко (Скопје, 6. Ⅴ 1925) – лингвист, долгогодишен директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет (прва генерација на групата Македонски јазик) во Скопје (1950), почесен доктор по филолошките науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“– Скопје. Бил лектор-уредник и началник на Програмското одделение на Радио Скопје (1946–1954),… Continue reading СТАМАТОСКИ, Трајко

СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов

СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов (Струмица 1926) – дипломирал на Машинскиот факултет во Белград (1951). Се вработил во МЗ „Тито“ во Фабриката за пумпи, а потоа во Фабриката за алатни машини. Во 1959/60 г. е избран за хонорарен асистент, во 1964 за предавач, а во 1977 г. за редовен професор. Докторирал (1978) во Скопје. Предавал и на… Continue reading СТАМБОЛИЕВ, Димитар Костов

СТАМБОЛИЕВ, Христо

СТАМБОЛИЕВ, Христо (Стру-мица, 1920 – Скопје, 1989) – редовен професор и еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Се школувал во Струмица, Штип, Велес и Лесковац. Студирал на Техничкиот факултет во Белград, а дипломирал на Физико-математичкиот факултет во Софија (1944). Работел во Институтот за геолошки истражувања, во Бирото за унапредување на производството и во… Continue reading СТАМБОЛИЕВ, Христо

СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов

СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов (с. Мачево, Беровско, 10. Ⅳ 1947) – генерал на АРМ, началник на ГШ на АРМ. Воена академија завршил во родот артилерија. Офицерската кариера ја започнал како командир на батерија, бил заменик на командант на полк и командант на полк на ЈНА. Во АРМ ги вршел должностите командант на гранична бригада и командант… Continue reading СТАМБОЛИСКИ, Методи Јованов

СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо

СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо (с. Дуброво, Неготинско, 1. И 1910 – Скопје, 1993) – ќумурџија, комунистички деец, првоборец и командант на бригада. Бил член на КПЈ (од септември 1941) и на Воениот штаб на МК на КПЈ во Неготино, а потоа пушкомитралезец на НОПО „Сава Михајлов“, командир на чета, командант на НО баталјон „Страшо Пинџур“ и командант… Continue reading СТАМЕНИН-ОРЛОВ, Најдо

СТАМЕНКОВА-ТРАЈКОВА, Верица Иванова

СТАМЕНКОВА-ТРАЈКОВА, Верица Иванова (Кочани, 4. Ⅵ 1944) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1967), магистрирала на Факултетот за политички науки во Белград (1981), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Завршила бројни обуки од сферата на психосоцијалната заштита. На Институтот за социјална работа и социјална политика работи од 1975… Continue reading СТАМЕНКОВА-ТРАЈКОВА, Верица Иванова

СТАМЕНОВ, Јанко

СТАМЕНОВ, Јанко (с. Долна Рибница, Петричко – месност Трнката, над. с. Долна Рибница, 7. Ⅱ 1908) – петрички селски војвода. Бил војвода на чета од родното село. Загинал во судир со османлиската војска и башибозукот (заедно со војводата М. Георгиев и со 21 четник) над родното село. ИЗВ. и ЛИТ.: ЦДА, Ф. 777, оп. 1,… Continue reading СТАМЕНОВ, Јанко

СТАМЕСКА, Снежана

СТАМЕСКА, Снежана (Скопје, 1. И 1946) – театарска и филмска актерка. Театарска академија завршила во Белград (1970). Од 1971 г. е во Драмскиот театар во Скопје и една од водечките актерки. Настапувала на филмот, радиото и ТВ, како и на сцената на МНТ. УЛОГ: Злата („Свадба“), Анѓа („Хамлет од Долно Гаштани“), Арманда („Учени жени“), Цена… Continue reading СТАМЕСКА, Снежана

СТАН

СТАН – средновековен град, тема во првата пол. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., со неутврдена локација. Таму се засолнил Мануил Камица (1201), им припаднал на крстоносците (1204). Во изворите најчесто се спомнува заедно со Прилеп, Пелагонија, Соск и Молиск, па затоа се смета дека се наоѓал во близина или помеѓу овие градови. ЛИТ.: Т. Томоски, Стан не… Continue reading СТАН

СТАНБЕНАТА АРХИТЕКТУРА

СТАНБЕНАТА АРХИТЕКТУРА – објектите за домување (од различен вид), создавани во разни историски периоди, креирани за специфична намена. Во историскиот преглед на архитектонскиот развој во Македонија, со своите естетски и функционални вредности, посебно се истакнува станбената архитектура од втората половина на ⅩⅠⅩ в., која со својата содржина, функција и обликовни компоненти достигнува највисок степен на… Continue reading СТАНБЕНАТА АРХИТЕКТУРА

СТАНЕСКУ, Никита

СТАНЕСКУ, Никита (Ницхита Станесцу) (Плоешти, 7. Ⅴ 1933 – Букурешт, 17. Ⅺ 1983) – роман-ски поет, уредник на списанија. УШТЕ со својата прва збирка Смислата на љубовта (1960) станал познат. Со секоја нова поет-ска книга ги потврдувал новите стихови ослободени од товарот на минатото. Во 1982 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Една… Continue reading СТАНЕСКУ, Никита

СТАНИМИРОВИЌ, Душан

СТАНИМИРОВИЌ, Душан (Куманово, 27. Ⅷ 1934) – историчар на физичката култура, унив. професор. Завршил ВПШ (Група историја и географија) во Ниш (1955) и Филозофски факултет (Група историја) во Скопје (1962). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1978), на тема „Соколството во Вардарска Македонија од 1919 до 1929 г.“. Докторирал на Факултетот за физичка култура во… Continue reading СТАНИМИРОВИЌ, Душан

СТАНИСЛАВОВ

СТАНИСЛАВОВ (ЛЕСНОВСКИ) ПРОЛОГ – кирилички ракопис, препишан од писецот Станислав во 1330 год. во Лесновскиот манастир. Содржи И+320 л. и се чува во Архивот на САНУ, бр. 53. Ракописот е едноеров со безјусов рашки (до стр. 68в) и со јусов кратовски систем (од последните 4 реда на стр. 68в, па сè до 320 лист). Тој… Continue reading СТАНИСЛАВОВ

СТАНИШЕВ, Нако

СТАНИШЕВ, Нако (Кукуш, 1810 – Кукуш, 1876) – македонски деец, застапник за еманципацијата од Цариградската патријаршија, истакнат претставник на Кукушката унија. Долгогодишен претседател на Кукушката црковно-училишна општина. Бил во врска со Д. Миладинов и со епископот Партенија Зографски. Подоцна ја напуштил унијата. ЛИТ.: А. Трајановски, Борбата за еманципација од Цариградската патријаршија и грцизмот во Полјанската… Continue reading СТАНИШЕВ, Нако

СТАНИШЕВ, Христо

СТАНИШЕВ, Христо (Кукуш, 24. ⅩⅠⅠ 1863 – Софија, 12. ⅩⅠⅠ 1952) – деец на македонското револуционерно движење. Завршил основно училиште во Кукуш, класична гимназија во Софија и инженерство во Белгија. Бил претседател на Македонското друштво во Бургас (1895), благајник на Македонската организација во Бугарија (1896) и претседател на ВМК во Софија (1896–1899), кој по негова… Continue reading СТАНИШЕВ, Христо

СТАНКОВ

СТАНКОВСКА, Љубица (Тетово, 10. Ⅱ 1943) – филолог, научен советник во ИМЈ „Крсте Мисирков“ и потоа во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Магистрирала на темата „Застапеноста на суфиксот -ец (-овец/-евец) во македонската топонимија“ (1974), а докторирала на „Македонскиот топонимиски систем до ⅩⅤⅠ век“ (1985). Научна преокупација: македонската ономастика. Студиски престои во Чешка (1968), Русија… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВ

СТАНКОВ(ИЌ), Мина Ѓ. (Мино Војводата) (с. Луково, Кратовско, 1895 – Чикаго, САД, 1988) – српски четнички војвода. Како член на Здружението против бугарските бандити, ја формирал Кратовската чета за гонење на четите на ВМРО. Бил унапреден во капетан (1935) и живеел како пензионер во Злетово. На парламентарните избори во Вардарскиот дел на Македонија (11. ⅩⅠⅠ… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВ

СТАНКОВИЌ, Синиша (Заечар, 26. Ⅲ 1892 – Белград, 24. Ⅱ 1974) – српски биолог, редовен член на САНУ и ЈАЗУ, дописен член на Академијата во Нанси и Масариковата академија во Прага и член на МАНУ надвор од работниот состав (25. ⅩⅠⅠ 1969), основоположник на екологијата и лимнологијата во РМ. Студирал на Белградскиот универзитет и во… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВ

СТАНКОВСКА, Бранка (Скопје, 30. Ⅳ 1931) – радио и тв спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВ

СТАНКОВСКИ, Александар (Кичево, 26. И 1959) – сликар, клучен уметник на алтернативната ликовна сцена во 80-тите и 90-тите години. Иронизира со табу-темите во македонското општество. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1985). Член на групата Зеро. Покрај самостојните изложби (Скопје, Подгорица, Загреб, Бреда, Монтреј, Келн), изведува перформанси, работи видео и филм, објавува книги… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВ

СТАНКОВСКИ, Бошко (с. Брусник, Битолско, 26. Ⅹ 1925 – Скопје, 1987) – првоборец, политичар и државник. Како учесник во НОБ (1941), бил член на КПЈ (1943), член на баталјонски, бригаден и дивизиски комитет на СКОЈ, член на ПК на СКОЈ за Македонија и член на Главниот одбор на НОМСМ. По Ослободувањето студирал на Институтот за… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВ

СТАНКОВСКИ, Јовица (Куманово, 13. И 1949) – машински инженер, општественик и археолог. Дипломирал на Машинскиот факултет (1975) и на групата Историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Бил претседател на Републичката СИЗ за култура (1983–1984), директор на Народниот театар во Куманово (1986–1989) и директор на Народниот музеј – А. Станковски: „Фрее… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВ

СТАНКОВСКИ, Методија Симонов (Прилеп, 14. Ⅹ 1917 – Скопје, 18. Ⅳ 1989) – гинеколог-акушер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Бел-град (1947). Специјализирал на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје (1952), каде што и хабилитирал. Се усовршувал во повеќе центри во Европа. Посебно се занимавал со конзервативна и функционална гинекологија. Има особен… Continue reading СТАНКОВ

СТАНКОВИЌ, Синиша

СТАНКОВИЌ, Синиша (Заечар, 26. Ⅲ 1892 – Белград, 24. Ⅱ 1974) – српски биолог, редовен член на САНУ и ЈАЗУ, дописен член на Академијата во Нанси и Масариковата академија во Прага и член на МАНУ надвор од работниот состав (25. ⅩⅠⅠ 1969), основоположник на екологијата и лимнологијата во РМ. Студирал на Белградскиот универзитет и во… Continue reading СТАНКОВИЌ, Синиша