СОЛУНСКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

СОЛУНСКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА (Солун, 24. Ⅶ 1909 – 1918) – легална партија што дејствувала за класно и синдикално обединување на османлискиот пролетаријат и за освојување на политичката власт. Нејзин пратеник во Османлискиот парламент бил Димитар Влахов. Ги издавала весниците „Работник“ и „Работнически весник“ на 4 јазици (турски, еврејски, грчки и бугарски). Соработувала со Интернационалното социјалистичко… Continue reading СОЛУНСКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

СОЛУНСКИ ВИЛАЕТ

СОЛУНСКИ ВИЛАЕТ (1867–1912) – административно-територијална единица во Османлиската Империја, формирана во 1867 г., со центар во Солун. Во почетокот бил составен од санџаците: Солун, Тирхала, Серез и Драма. С“ до формирањето на Битолскиот (1873) и Косовскиот (Скопскиот) вилает (1877), во негов состав повремено влегувале и санџаците: Битола, Дебар, Елбасан и Скопје. Подоцна овој вилает бил… Continue reading СОЛУНСКИ ВИЛАЕТ

СОЛУНСКИ ЈУНАК

СОЛУНСКИ ЈУНАК“ – гимнастичка организација (1908–1912). Управата ја сочинувале: И. Васков – претседател, Д. Малинов – потпретседател, Даниел Бланшуд, учител по гимнастика во Солунската гимназија – главатар (начелник), Д. Ангелов – секретар, П. Манчев – домаќин, М. Богданов и Т. Бошков – советници. Членовите, главно ученици, имале униформи и редовно вежбале на отворено, а се… Continue reading СОЛУНСКИ ЈУНАК

СОЛУНСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО

СОЛУНСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО (1903) – општ конгрес на Организацијата, на кој била донесена одлуката за кревање востание во Македонија во 1903 год. Конгресот бил свикан од Иван Гарванов (во својство на претседател на ЦК) со писмено известување од 24. ⅩⅠⅠ 1902 / 6. И 1903 г. Конгресот се одржал на 2–4/15– 17. И 1903… Continue reading СОЛУНСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО

СОЛУНСКИ ПРОЦЕС

СОЛУНСКИ ПРОЦЕС (20. Ⅲ – 5. Ⅵ 1917) – процес во кој Српскиот воен суд во Солун им судел на водачите на тајното здружение „Обединување или смрт“, под обвинение дека се обиделе да извршат преврат и атентат врз престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ. Седуммина од обвинетите биле осудени на смрт. Од нив тројца биле погубени, меѓу кои… Continue reading СОЛУНСКИ ПРОЦЕС

СОЛУНСКИ, Георги

СОЛУНСКИ, Георги (с. Косала, Радомирско, Р. Бугарија, 3. Ⅲ 1939) – претседател на Традиционалната македонска организација ВМРО (Независна) „Илинден“, со седиште во Софија. Потекнува од македонско свештеничко семејство, доселено во Бугарија од Егејскиот дел на Македонија. Живее во Софија како артист и асистент по режија. Борец за националните права на Македонците во Република Бугарија. В.… Continue reading СОЛУНСКИ, Георги

СОЛУНСКИ, Коце

СОЛУНСКИ, Коце (Прилеп, 30. Ⅲ 1922 – Скопје, 3. Ⅴ 2006) – прозаист и поет. Учесник во НОБ. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Вршел разни општествени функции. Бил претседател на ДПМ. Коце Солунски БИБ.: Трагите не се завеани, роман, 1960; Втората македонска, повест, 1963; Мирче Ацев, романизирана биографија, 1968; Божана, радио-драма, 1970; Факелот драма, 1971;… Continue reading СОЛУНСКИ, Коце

СОЛУНСКО КРАЛСТВО

СОЛУНСКО КРАЛСТВО (1204– 1224) – латинска крстоносна држава, со центар во Солун, ја основал главниот водач на Четвртиот крстоносен поход маркизот Бонифациј Монфератски (1204–1207). Ги опфаќала Јужна и Источна Македонија, Тесалија, Средна Грција и Пелопонез. По смртта на Бонифациј, на престолот дошол неговиот малолетен син Димитриј (1207–1224), кој бил крунисан за крал (1209) и владеел… Continue reading СОЛУНСКО КРАЛСТВО

СОЛУНСКО ЦАРСТВО

СОЛУНСКО ЦАРСТВО (ДЕСПОТСТВО) – епирска држава, прогласена за царство (1225/1226), откако епирскиот владетел Теодор И го зазел Солун (1224) и го ликвидирал Солунското латинско кралство. Бил крунисан од Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, со претензии тој да се претстави како наследник и обновувач на Византија. Подем бележело до битката кај Клокотница со поразот на Теодор (1230),… Continue reading СОЛУНСКО ЦАРСТВО

СОМАТОФИЛАКСИ

СОМАТОФИЛАКСИ (соматофилакес) – телесна стража, телохранители од највисок ранг во времето на Александар Ⅲ Македонски. Се сметала за особено почесна должност за хетајрите. Тие деноноќно чувале стража околу кралот. Најпрвин биле седум, а по враќањето од Индија осум. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К.… Continue reading СОМАТОФИЛАКСИ

СОМОВИ

СОМОВИ (Силуридае) – голема фамилија слатководни риби од ре-дот сомовидни риби (Силуриформес), од кои во Македонија е регистриран еден вид: сом (Силурус гланис). ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еу-Сом ропе, Лондон; Ј. Цривелли, Тхе Фресхњатер фисх ендемиц то тхе Нортхерн Медитерранеан Регион, Тоур ду Валат Публицатион, 1996; М. Наумовски, Рибите… Continue reading СОМОВИ

СОНИКСЕН, Алберт

СОНИКСЕН, Алберт (Алберт Сонниксен) (1878 – 1931) – американски писател и новинар. Во 1906 г., се приклучил кон четата на Л. Иванов, која дејствувала во Воден и со неа минал низ многу краишта на Македонија. Впечатоците ги запишал во книгата „Исповед на еден македонски четник“ (Њујорк, 1909). Преку неа американската јавност можела да се запознае… Continue reading СОНИКСЕН, Алберт

СОНЧАРКА

СОНЧАРКА . (Мацролепиота процера (Сцоп.) Сингер) – чест и широкораспространет вид габа, присутна во исхраната на населението во Маке-Габа сончарка донија. М. Кр.

СООБРАЌАЈ

СООБРАЌАЈ – значајна дејност за развој на вкупното стопанство, која во изминатиот период бележи мошне нерамномерен развој. До Втората светска војна единствено беше развиен железничкиот сообраќај. Патниот сообраќај, поштата и телекомуникациите беа слабо развиени, примитивно организирани и се одвиваа по земјени патишта и со запрежни средства. Во повоениот период, општиот развој на сообраќајната дејност беше… Continue reading СООБРАЌАЈ

СОПИШТЕ

СОПИШТЕ – село во Скопско. Се наоѓа на југоисточните падини на планината Водно, на надморска височина од околу 500 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 5.325 ж., од кои 5.255 се Македонци, 39 Срби и 11 Власи. Населението се занимава со одгледување житни култури Село Сопиште и лозарство. Тоа е… Continue reading СОПИШТЕ

СОРОС, Џорџ

СОРОС, Џорџ (Будимпешта, Унгарија, 1930) – инвеститор, филантроп и филозоф. На седумнаесетгодишна возраст емигрирал во Англија (1947), каде што дипломирал на престижната Тхе Лондон Сцхоол оф Ецономицс. Тука се запознал со теоријата за отворено општество на филозофот Карл По-пер и ја прифатил како нејзин постојан поддржувач. Подоцна се преселил во САД (1956), каде што го… Continue reading СОРОС, Џорџ

СОСК

СОСК – средновековен град, тема, разурнат по наредба на царот Василиј Ⅱ (1018), доделен на управа на византискиот благородник Сфранцес Палеолог (1334). Се лоцира на патот помеѓу Острово и Кајлари, во подножјето на пл. Каракамен, кај селото Катраница (Пирги), каде што и денес е зачуван топонимот Град. ЛИТ.: Т. Томоски, Каде лежел средновековниот град Соск?,… Continue reading СОСК

СОТИРОВИЌ

СОТИРОВИЌ (СОТИРОВСКИ), Кузман (с. Стенче, Тетовско, 1908 – Париз, 1990) – фудбалер. Играл Кузман Сотировиќ фудбал во Белградскиот спорт-ски клуб (БСК), кој четирипати го освојувал првенството на Југославија (1923–1941). Бил најдобар стрелец во Првата лига во 1927 г., со седум гола. Според досегашните сознанија, тој е прв спортист од Македонија што станал репрезентативец на Југославија… Continue reading СОТИРОВИЌ

СОТИРОВСКИ, Никола

СОТИРОВСКИ, Никола (Битола, 30. Ⅷ 1925 – Белград, 10. Ⅸ 2000) – универзитетски професор, правник. Основно и средно училиште завршил во родниот град, а Правен факултет во Белград (1948). Дипломирал и историја на Филозофскиот факултет во Бел-град (1953). Бил избран за асистент во Историскиот институт на САНУ (1951). Одбранил докторска дисертација на Правниот факултет во… Continue reading СОТИРОВСКИ, Никола

СОТИРОВСКИ, Паскал

СОТИРОВСКИ, Паскал (с. Врбен, Гостиварско, 23. Ⅺ 1927 – Париз, 20. Ⅱ 2003) – астроном, член на МАНУ надвор од работниот состав (1991). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата за физика (1957), а потоа и за астрофизика во Париз (1964). Докторирал (1971) во Париз со тема од областа на физиката на Сонцето. Пред… Continue reading СОТИРОВСКИ, Паскал

СОФА ДОГОВОР

СОФА ДОГОВОР – договор склучен помеѓу Република Македонијаи договорните страни на Северноатланскиот сојуз за уредување на статусот на нивните сили на територијата на РМ, со кој Република Македонијастанува членка на Партнерството за мир. Се засновува врз Северноатланската спо

СОФОРА

СОФОРА.(Сопхора јапоница Л., фам. Фабацеае) – високо, листопадно дрво од источна Азија (Кина и Кореја). Гранките до третата година се зелени, листовите сложени, непарно перести, слични на багремовите. Цветовите се жолтеникаво-бели, собрани во терминални, метлести соцветија (медоносни). Плодовите се жолто-зелени мешунки, исполнети со леплива маса. Декоративен и медоносен вид, многу чест во нашите паркови. Ал.… Continue reading СОФОРА

СОФРОНИЕВСКИ, Томо

СОФРОНИЕВСКИ, Томо (Тетово, 18 Ⅳ 1920 – Скопје, ноември 2007) – работник, првоборец и политичар. Како припадник на работничкото движење (1938), бил член на КПЈ (1940), еден од организаторите на НОБ во Тетово и Тетовско (1941), секретар на МК на КПЈ и член на Воениот штаб на МК на КПЈ во Тетово. Подоцна бил и… Continue reading СОФРОНИЕВСКИ, Томо

СОФРОНИЈ

СОФРОНИЈ – охридски архиепископ (ок. 1567–1572). Бил наследник на архиепископот Паисиј. Познато е негово писмо до цариградскиот патријарх Јеремиј Ⅱ (1572), во кое се жали за негодувањето на архијереите против него. Спомнат е и во еден натпис на ѕидот над западната црковна врата во Кичевскиот манастир „Св. Пречиста“. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ,… Continue reading СОФРОНИЈ