СЕЛИМ И

СЕЛИМ И (Амасија, 1470 – Чорлу, 22. Ⅸ 1520) – деветти османлиски султан. Владеел со Македонија 8 години (25. Ⅳ 1512 – 18. Ⅷ 1520). Бил еден од најголемите османлиски освојувачи, нетолерантен кон другите религии: многу цркви претворил во џамии, меѓу кои и црквите „Света Софија“ и „Свети Климент“ во Охрид, и го разурнал манастирот… Continue reading СЕЛИМ И

СЕЛИМОВСКИ, Јакуп

СЕЛИМОВСКИ, Јакуп (Кичево, 3. Х 1946) & член на Ријасетот на ИВЗ и директор на нејзиниот Сектор за верско образование и воспитание. По завршувањето на основното образование во родниот град и Средното исламско училиште во Сараево, а дипломирал на Филолошкиот факултет (Група за исламска цивилизација и историја) на Исламскиот универзитет „Ел-Асхар“ во Каиро (Египет). Работи… Continue reading СЕЛИМОВСКИ, Јакуп

СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич

СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич (с. Волово, Орелска губернија, Русија, 11. И 1886 – Москва, 6. ⅩⅠⅠ 1942) – руски лингвист, историчар, културолог, доп. член на АН на СССР (1929), познавач на Македонија. Автор е на повеќе дела посветени на Македонија. Ја проучувал споредбената граматика на словенските јазици, па во текот на 1914 г. го издава својот… Continue reading СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич

СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз

СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз (Рамиз Асллан Селмани) (с. Лојане, Кумановско, 10. Ⅵ 1945) – географ, поет, унив. професор. Основно училиште завршил во родното село и во с. Миратовце, Прешевско (РС), Учителска школа во Скопје, а дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Групата за географија. Магистрирал на Загрепскиот универзитет (1976), а докторирал на Универзитетот „Св. Кирил… Continue reading СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз

СЕЛСКА МИЛИЦИЈА

СЕЛСКА МИЛИЦИЈА (1903) – организирана група за одбрана и заштита на селата во периодот на Илинденското востание. Се нарекувала и народна милиција. Била составена од месното население и членовите на ТМОРО, мобилна за одбрана на селото, обучена на повик да им даде помош на соседните села. Милицијата ја раководел селскиот комитет или лице одредено од… Continue reading СЕЛСКА МИЛИЦИЈА

СЕМЕНАРСТВО

СЕМЕНАРСТВО – наука за растителното семе и плодови со цел тие да се употребат при растителната репродукција. Освен тоа, шумските плодови и семето се храна за животинскиот свет (стока, дивеч, птици и др.) и суровина за прехранбената индустрија. Основни области за проучување се: производство, собирање, доработка, чување, претсеидбена подготовка и утвдување на квалитетот и вредноста… Continue reading СЕМЕНАРСТВО

СЕНГОР, Леополд Седар

СЕНГОР, Леополд Седар (Леополд Седар Сенгор) (Жоал, 9. Ⅹ 1906 – Париз, 20. ⅩⅠⅠ 2001) – сенегалски поет и државник, пишува на француски јазик. Од 1960 до 1980 бил претседател на Сенегал. Со своите поетски збирки сестрано се залагал за достоинство на црниот човек, за неговите права и слобода. Неговата поезија е сензуална, елегична, носталгична,… Continue reading СЕНГОР, Леополд Седар

СЕНО

СЕНО – кабеста маса од тревести видови (класести и мешункасти или нивни смески), со влага од 12–16%. За подготвување сено најчесто се користат ливадите и културите одгледувани на оранични површини (луцерка, еспарзета, детелини, ѕвездан, граори, грашок), чисти или во смеска. Подготвувањето на сеното бара снижување на влагата од 70-80% на 12-16% за да се оневозможи… Continue reading СЕНО

СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија

СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија – востаничка акција во Пиринскиот дел на Македонија (1923). ЦК на БКП(т.с.) донел решение за кревање востание (20. Ⅸ 1923) против извршителите на државниот удар од 9. Ⅵ 1923. Со ВМРО на Тодор Александров би-ло договорено во Пиринскиот крај да востане само МехомискоРазлошката околија. За кратко време во градовите Мехомија–Разлог и… Continue reading СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија

СЕР

СЕРАФИМОВ, Петар (Охрид, 28. Ⅴ 1915 – Скопје, 6. Ⅹ 2001) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1962 до пензионирањето во 1980 г.) по предмети од областа на механиката и теоријата на конструкциите, академик од основањето на МАНУ (1967). Завршил математика во Белград, а потоа студирал градежништво и дипломирал на… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРАФИМОВ, Свето (Тетово, 19. Ⅶ 1928) – новинар и преведувач. Од 1950 г. целиот свој работен век го минал како уредник и коментатор во Културната и во Надворешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Постојан дописник бил од Атина и од Бејрут и известувач од многубројни настани во светот. Плоден преведувач на значајни дела од англиски јазик.… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРАФИМОВА, Драгослава Томова (Скопје, 30. Ⅶ 1924) – Драгослава Серафимова архитект и урбанист, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирала на Архитектонско-градежно-геодетскиот факултет во Загреб (1954). Освен со педагошка и научноистражувачка работа, се занимавала и со архитектно и урбанистичко проектирање. Позначајни реализации: Фабриката за шеќер, со административен објект во Битола, Фабриката за чевли во… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРАФИМОВА-ТЕОДОСИЕВСКА, Симка Миланова (Тетово, 19. ⅩⅠⅠ 1923) – спец. по ортодонција, вонреден проф. на Ст. ф. во Скопје. Хабилитирала во 1974 г. Била раководител на Клиниката Симка Серафимова-Теодосиевска по ортодонција. Автор е на 74 стручно-научни трудови. Е. М. Александар Серафимовски СЕРАФИМОВСКИ, Александар

СЕР

СЕРАФИМОВСКИ, Тодор (Злетово, 1956) – рударски инженер. Дипломирал на Рударско–геолошкиот факултет во Белград (1978), магистрирал во 1982 г., а докторирал во 1990 г. на тема „Металогенетски карактеристики на зоната Леце–Халкидики“. Својата кариера ја продолжил на Рударско–геолошкиот факултет во Штип како помлад асистент, каде што работи и денес како редовен професор. Во два мандата бил продекан… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРАФИМОВСКИ, ТОМЕ К. (Зубовце, Гостиварско, 14. Ⅶ 1935) & скулптор, академик. Во 1957 година во Сплит го завршува Средното уметничко училиште (Отсек за вајарство), а на Академијата за ликовни уметности во Загреб (во класата на проф. Антун Аугустинчиќ) дипломира во 1963 г. и останува една година како соработник во мајсторската работилница на својот професор. Како… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРАФИМОСКИ, Владимир ќирков (Гостивар, 3. Ⅵ 1948) – интернист-гастроентеролог, редовен проф. на Мед. ф., академик. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1971). Се вработил на Клиниката за гастроентерохепатологија (1975), каде што и го положил специјалистичкиот испит. Се посветува на иследувањето на абдоминалните органи со ехотомографија, како и со воведување на иглена биопсија на абдоминалните органи… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРАФИНОВ, Мајкл (Мицхаел Серапхинофф) (Детроит, Мич., САД, 2. ⅩⅠⅠ 1946) – славист, писател и преведувач. Како син на иселеник од с. Непроштено, Тетовско (1911), рано пројавува интерес за традицијата, јазикот, литературата, културата и историјата на Македонија и Македонците. По завршувањето на Државниот универзитет во Мичиген (1969), магистрира на славистичка тема на Универзитетот Вашингтон во Сиетл… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРВИЈА – средновековен град во Јужна Македонија (на патот од Македонија во Тесалија), тема, епископско седиште. Тврдината се наоѓала на стрмен рид пристапен само од северната страна. Самуил ја освоил (989), Василиј Ⅱ ја вратил под византиска власт (1001) и го заробил нејзиниот командант Николица. Ја освоил од Србите Јован Кантакузин (1350), потоа паднала под… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРГИЈА – јеромонах и игумен, ктитор на манастирската црква „Св. Никола“ во близина на с. Слепче (Прилепско) изградена во 1672/73 и живописана во 1673/74 г. Градењето го помагале и монасите од манастирското братство, како и други мирски лица. Меѓутоа, како ктитори се насликани само јеромонахот игумен Сергија и неговиот ученик јеромонахот Михаил со моделот на… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРЕЧИ, Антон (Скопје, 22. ⅩⅠⅠ 1947) – новинар. Во Македонското радио работел како спорт-ски новинар од 1970 г. Бил уредник на Програмата на албански јазик (1996-1997), директор и главен уредник на Македонското радио (1999-2002). Како еден од првите спортски новинари на Програмата на албански јазик се јавува во многу директни радиопреноси од домашни, како и… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРИНИ, Енцо (Палермо, Италија, 1. И 1920 – Скопје, 11. Ⅲ 1981) – оперски певец, баритон, првенец на Операта на МНТ. Пеење учел кај К. Талефи (Италија). Дебитирал со улогата на Силвио во операта Палјачи. Извесен период е ангажиран како солист на Операта во Риека. Во Операта на МНТ работи од 1953 до 1975 г.… Continue reading СЕР

СЕР

СЕРСКА ДЕКЛАРАЦИЈА (октомври 1918) – декларација за решавање на македонското прашање. По капитулацијата на Бугарија во Првата светска војна се активирале македонските револуционери од поранешната единствена Македонска револуционерна организација за актуелизирање на македонското прашање. Револуционерите од Серскиот револуционерен округ објавиле Декларација за решавање на македонското прашање со која барале обединување на Македонија со центар во… Continue reading СЕР