РУЈ (Рхус цориариа Л. и Цотинус цоггѕриа Сцоп., фам. Анацардиацеае) – нашите два автохтони руја им припаѓаат на различни родови. Првиот уште се вика и гроздест руј, листопадна грмушка, чии леторасти и непарно перести листови се рунтаво влакнести, а плодовите се во терминални, гроздести соплодија. Вториот има прости, тркалезни и мазни листови, кои наесен поцрвенуваат.… Continue reading РУЈ
Архиви: Енциклопедија
Description.
РУЈНИЦА, МЛЕЧКА
РУЈНИЦА, МЛЕЧКА (Лацтариус делициосус (Л.: Фр.) С.Ф. Граѕ) – многу чест вид габа во боровите шуми во Македонија, каде што понекогаш се јавува масовно. Лесно е препознатлива по портокаловата боја и по млекото. Се собира за јадење, но и за откуп. М. К.
РУМЕНА ВОЈВОДА
РУМЕНА ВОЈВОДА –в. Павлева, Румена.
РУМЕНОВ, Владимир
РУМЕНОВ, Владимир (Крушево, 1. Ⅴ 1870 – Софија, 20. И 1939) – лекар, учесник во Илинденското востание, припадник на ВМРО. Се школувал во Софија, Киев, го завршил Медицинскиот факултет во Москва и Одеса. Учествувал во создавањето на Медицинскиот факултет во Софија и бил претседател на Врховниот медицински совет. Автор на трудови од областа на медицината.… Continue reading РУМЕНОВ, Владимир
РУСАЛИИ
РУСАЛИИ – народен обичај и обредни игри што се изведуваат во времето на Некрстените денови од Божик до Водици. Најдолго се одржале во јужна Македонија, од Гевгелско до Солунско. Според верувањето, во овие 12 дена, наречени уште и Погани денови, но и Ристосови денови, активни се демоните, поради што народот изведувал разни магиски дејствија за… Continue reading РУСАЛИИ
РУСАЛИСКИ ОРА
РУСАЛИСКИ ОРА – македонски машки народни ора поврзани со русалискиот обичај. Се изведуваат во текот на т.н. денови на мртвите, кои траат од Божиќ до Дуовден. Играорците всушност се добротворна група што играат пред семејните селски куќи, сите опремени со дрвени сабји во рацете, освен балтаџијата, кој е во центарот на орскиот полукруг и го… Continue reading РУСАЛИСКИ ОРА
РУСЕВСКИ, Аце
РУСЕВСКИ, Аце (Куманово, 29. Ⅺ 1956) – боксер. Бил член на БК „Куманово“ во Куманово. На Републичкото боксерско првенство за младинци освоил прво место (1973). На првенствата на Југославија во Пула (1979) освоил исто така прво, а во Осиек (1973), Бања Лука (1974) и Ниш (1976) второ место. На Балканските првенства во Софија (Бугарија, 1975)… Continue reading РУСЕВСКИ, Аце
РУСИ, Исо
РУСИ, Исо (Скопје, 26. Ⅴ 1951) – новинар, издавач и главен и одговорен уредник на неделникот „Лоби“. Соработувал во „Млад борец“ (1971), „Пулс“ уредник во „Фокус“ (1996/2000). Во периодот 1982/91 дописник на неделникот „Данас“ (Загреб), имал колумна на „Саботна борба“, пишувал за „Дело“ (Љубљана). Објавувал ана-Исо Руси лизи за меѓуетничките односи на Балканот во ИЊПР… Continue reading РУСИ, Исо
РУСИ, Љутви
РУСИ, Љутви (Дебар, 21. И 1923 – Скопје, 28. Ⅱ 1981) – новинар, писател, преведувач од и на албански јазик. Носител на Партизанска споменица 1941, истакнат борец во НОБ во Западна Македонија. Во новинарството од педесеттите години, долгогодишен уредник на емисиите на албански јазик на Радио Скопје, а потоа с“ до пензионирањето бил главен и… Continue reading РУСИ, Љутви
РУСИНСКИ-ЧУКАРСКИ, Никола Петров
РУСИНСКИ-ЧУКАРСКИ, Никола Петров (с. Русиново, Малешевско, 21. Ⅹ 1875 – с. Русиново, 14. Ⅵ 1943) – социјалист, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија. Бил четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата (1897), а потоа во четата на Г. Делчев. Од Делчев бил испратен Никола РусинскиЧукарски во… Continue reading РУСИНСКИ-ЧУКАРСКИ, Никола Петров
РУСИСТИКА
РУСИСТИКА – научна дисциплина за проучување на рускиот јазик и литературата. Во Македонија започнува организирано да се изучува по Ⅱ светска војна и основањето на Филоз. ф. со Лекторат по руски ј. (1949). На Катедрата за славистика се изучуваат и чешкиот и полскиот јазик, повремено белоруски и украински – со главен акцент на рускиот. Кр.… Continue reading РУСИСТИКА
РУСЈАКОВ, Стефан
РУСЈАКОВ, Стефан (Скопје, 7. Ⅴ 1917 – Скопје, 10. Ⅵ 1986) – оперски певец, баритон. Со улогата на Алфио е учесник во првата претстава на операта Кавалерија рустикана, изведена на 9 мај 1947 г., кога се поставени темелите на Македонската опера. Во МНТ работел од 1947 до 1954 г. Тој е носител на баритонскиот фах… Continue reading РУСЈАКОВ, Стефан
РУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
РУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од времето на покрстувањето на Ру-сите (крајот на Ⅹ в.) и развиените врски меѓу цар Самуил и киевскиот кнез Владимир. Од средниот век влечат потекло културнопросветните и црковните односи (охридскиот архиепископ Гаврил на крајот од ⅩⅤⅠ в. ја посетува Русија, но и други европски држави, барајќи помош за својата црква).… Continue reading РУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ
РУСКО-МАКЕДОНСКО БЛАГОТВОРНО ДРУШТВО СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
РУСКО-МАКЕДОНСКО БЛАГОТВОРНО ДРУШТВО „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ (Петроград, 25. Ⅺ 1913 – 3. Ⅴ 1914) – асоцијација на Македонците за другоименско продолжување на дејноста на МНЛД и за легализирање на патриотската активност во Русија за постигнување на истите национално-политички цели во периодот по Букурешкиот договор. Тоа е само именска разновидност на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св.… Continue reading РУСКО-МАКЕДОНСКО БЛАГОТВОРНО ДРУШТВО СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
РУСО, Бено Исак
РУСО, Бено Исак (Битола, 20. И. 1920 – Скопје, 18. Ⅵ 2006) – генерал-мајор на ЈНА. Завршил основно училиште, бил механичарски калфа. Служел воен рок во 1941 г. и бил заробен од германските сили и спроведен во логор. Избегал од логорот, се вратил во Македонија и се вклучил во НОД; станал член на КПЈ (1941),… Continue reading РУСО, Бено Исак
РУТА, ГРАДИНАРСКА
РУТА, ГРАДИНАРСКА (Рута гравеоленс Л.) – многугодишно градинарско-зачинско растение. По-Градинарска рута текнува од средоземноморските предели. Се одгледува заради листовите, за подготовка на супи и во рибната конзервна индустрија. Растението пораснува 40–60 цм. Листовите се богати со минерални материи и особено со етерични масла. Д. Ј. Даница Ручигај
РУЧИГАЈ, Даница
РУЧИГАЈ, Даница (Скопје, 1934 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – поетеса, авторка на две стихозбирки, загинува во Скопскиот земјотрес. Дебитира со исповедната љубовна лирика „Сребрени, ноќни игри“ (1960) и „Сребрени, ноќни игри & Заробеници на ветрот“ (2003). Со стиховите од втората збирка „Заробеници на ветерот“ (1963) е претходничка на мотивскиот и јазичен нонконформизам на една… Continue reading РУЧИГАЈ, Даница
СААТ-КУЛА
СААТ-КУЛА (Битола) – споменик на културата. Времето на градбата непознато. Висока околу 30 м. Изѕидана од делкан камен, на квадратна основа со страни од по 5,8 м. Во внатрешноста има спирално изведени скали што водат до врвот. На четирите страни во горниот дел има часовник. Реновирана во ⅩⅠⅩ в., кога бил направен и делот за… Continue reading СААТ-КУЛА

СААТ-КУЛА (Прилеп, 1825/1826) – споменик на културата. Подигната од војводата Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Ја изградил познатиот прилепски ѕидар Перо Лауц. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 г., а во меѓувреме бил поставен часовник (1858/18). Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има… Continue reading СААТ-КУЛА

СААТ-КУЛА (Скопје, пом. 1566 и 1573) – споменик на културата. Има квадратна основа 5,50 × 5,50 м. Часовникот и мајсторот за одржување биле од унгарскиот град Сигет. Реставрирана во 1902/03 г., дрвениот горен дел бил заменет со солунска печена тула и поставен нов часовник донесен од швајцарија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје,… Continue reading СААТ-КУЛА