ПЕТРУШЕВСКА, Габриела (Куманово, 11. Ⅸ 1976) – актерка. Апсолвирала на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје. Од 1999 г. е член на Народниот теа-тар во Битола. УЛОГ: Цвета („Македонска крвава свадба“); Марџ („Мачка на вжештениот лимен покрив“); Катарина („Кротење на фуријата“); Ана („Ричард Ⅲ“); Маша („Три сестри“); Хасанагиница („Хасанага“); Исмена („Антигона“); Томар („Јонадаб“);… Continue reading ПЕТРУШЕВСКА, Габриела
Архиви: Енциклопедија
Description.
ПЕТРУШЕВСКА, Татјана
ПЕТРУШЕВСКА, Татјана (Скопје, 22. Ⅵ 1967) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1990). Магистрирала (1995) и докторирала (1997) на Правниот факултет во Белград, на тема „Европската унија: од надворешнополитичка соработка до заедничка надворешна и безбедносна политика“. Избрана за асистент (1993), за доцент (1998)… Continue reading ПЕТРУШЕВСКА, Татјана
ПЕТРУШЕВСКИ-ПАПУЧАР, Боро Апостолов
ПЕТРУШЕВСКИ-ПАПУЧАР, Боро Апостолов (Куманово, 1920 – с. Горанце, близу Качаник, април 1943) – комунистички деец и народен херој од НОБ. Како папучар, бил активист на УРС-овите синдикати, член на СКОЈ и организатор на штрајковите на папучарските работници (1938 и 1939). Прогонуван од полицијата, се преселил во Скопје (1939), станал член на КПЈ (кон крајот на… Continue reading ПЕТРУШЕВСКИ-ПАПУЧАР, Боро Апостолов
ПЕТРУШЕВСКИ, Владимир Михаилов
ПЕТРУШЕВСКИ, Владимир Михаилов (Скопје, 16. Ⅸ 1954) – редовен професор (2001) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирал (1978), магистрирал (1988) и докторирал (1990) во Скопје. Изведувал практична и теориска настава од поголем број предмети и тоа предимно за студентите на додипломските и постдипломските студии по хемија, но и за студенти од РГФ во Штип и… Continue reading ПЕТРУШЕВСКИ, Владимир Михаилов
ПЕТРУШЕВСКИ, Иван
ПЕТРУШЕВСКИ, Иван (Ванчо) (Скопје, 19. Ⅳ 1951) – актер. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1975) и станал член на Драмскиот театар во Скопје. Уметник со специфичен шарм и со посебна склоност кон комедијата. Присутен на естрадата, како и на радиото и ТВ. УЛОГ: Вава („Ослободување на Скопје“); Мики… Continue reading ПЕТРУШЕВСКИ, Иван
ПЕТРУШЕВСКИ, Љупчо
ПЕТРУШЕВСКИ, Љупчо (Скопје, 9. Ⅺ 1945) – актер. Дипломирал на Отсекот за актерска игра на ФДУ во Скопје. Во Драмата на МНТ од 1966 г.; директор на Драмата (1983-1988); генерален директор на МНТ (1988-1999) и повторно директор на Драмата (20042006). УЛОГ: Павле („Мајка“); Виќа („Сомнително лице“); Луков („Житолуб“); Ѓорѓија („Милион маченици“); Спасе („Македонска крвава свадба“);… Continue reading ПЕТРУШЕВСКИ, Љупчо
ПЕТРУШЕВСКИ, Михаил Д
ПЕТРУШЕВСКИ, Михаил Д. (Битола, 2. Ⅶ 1911 – Скопје, 27. Ⅱ 1990) – класичен филолог, унив. проф., ректор на Скопскиот универзитет, академик. Основно училиште и гимназија завршил во Битола. Филозофски факултет, група за класична филологија (1931–1935) во Белград. Во 1935 како аматер открива вредни артефакти во Хераклеја крај Битола и ја заинтересирал јавноста за овој… Continue reading ПЕТРУШЕВСКИ, Михаил Д
ПЕТТА МАКЕДОНСКА
ПЕТТА МАКЕДОНСКА (ПРИЛЕПСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА . (месноста Влашки Колиби близу до с. Зборско, на пл. Кожув, 2. Ⅷ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од 750 борци од Прилепско, со борците на Првиот баталјон „Мирче Ацев“ на Втората македонска НОУБ и НОПО „Трајче Петкановски“. Водела борби кај селата Капиново,… Continue reading ПЕТТА МАКЕДОНСКА
ПЕХЧЕВО
ПЕХЧЕВО – мала градска населба во источниот дел на РМ со 3.237 ж. (2002 г.). Се наоѓа во североисточниот дел на Малешево, во под-ножјето на планината Влаина, на надморска висина од околу 1.000 м. Преку П. поминува регионален пат што на север го поврзува со Делчево, а на југ со Берово. Градот зафаќа површина од… Continue reading ПЕХЧЕВО
ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ
ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ“ – фестивал на народни инструменти и песни. Оформен е во 1974 г., по иницијатива на П. Атанасовски и Ж. Фирфов, со целдасезачуваат и негуваат древните вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворни народни песни. Се одржува во с. Долнени, Прилепско, местото на прочуените народни изработувачи и свирачи на гајда. По… Continue reading ПЕЦЕ АТАНАСОВСКИ
ПЕЦОВСКИ, Душан
ПЕЦОВСКИ, Душан (Берово, 23. Ⅺ 1924) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951). Како проектант работел во повеќе проектантски организации во Скопје, во Либија и во Ирак. Претежно се занимава со проектирање на станбени згради и со урбанистичко планирање. Учествувал на анонимни архитектонски конкурси. Позначајни остварувања: административен… Continue reading ПЕЦОВСКИ, Душан
ПЕЧАЛБАРИ
„ПЕЧАЛБАРИ“ – драма од Антон Панов, премиерно изведена на 3. Ⅲ 1936 г. во Народното позориште во Скопје, во режија на Јосиф Срдановиќ. Оваа пиеса имала свои премиери и во: Белград, Сцена од претставата „Печалбари“ (МНТ) Ниш, Бања Лука, Сараево. По Втората светска војна со неа бил отворен Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја.… Continue reading ПЕЧАЛБАРИ
ПЕЧАЛБАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ПЕЧАЛБАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – трудови народни песни. Настанале како израз и одраз на печалбарството. Во нив се опеваат условите во кои се јавило печалбарството, тешкиот живот на народот, суровата експлоатација од страна разните експлоататори, честите напади и ограбувања од Куќа од печалбарското с. Локвица, Порече страна на разни разбојнички банди и сл. Посебно чувствени се… Continue reading ПЕЧАЛБАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
ПЕЧЕНЕЗИ
ПЕЧЕНЕЗИ – номадски племиња од турско потекло. Населени од Касписко Море до Дунав (ВИИИЏ в.), војувале со Киевска Русија, биле поразувани од Византија (1091, 1122), која ги населила на Балканот (и во Македонија). Во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. се претопиле со Куманите и со Монголо-татарите. Зачувани се остатоци од нивното име во топонимијата. ЛИТ.: И. Вáсáрѕ, А… Continue reading ПЕЧЕНЕЗИ
ПЕЧИЈАРЕ, Ордан
ПЕЧИЈАРЕ, Ордан (Прилеп, 28. ⅩⅠⅠ 1913 – Скопје, 24. Ⅺ 2002) – физичар, ред. проф. (1965) на ПМФ. Дипломирал (1937) физика и математика во Белград. Докторирал (1960) со темата „Електрични својства на бинарните легури“. Специјализирал во Париз. Објавувал трудови од областа на физиката на металите и детекција на радиоактивноста и е прв македонски автор што… Continue reading ПЕЧИЈАРЕ, Ордан
ПЕЧУРКИ
ПЕЧУРКИ (Агарицус сп.) – нижи бесхлорофилни растенија, кои најчесто се размножуваат со спори. Ги одгледувале старите Римјани, а од ⅩⅤⅠⅠ в. се распространети најмногу во Европа. Како храна се користат варени, печени, маринирани. Свежите печурки содржат: вода (околу 89%); белковини (4,9%); јаглеродни хидрати (3,6%); масти (0,2%); минерални материи (0,8%); органски киселини. Во производството се најраширени… Continue reading ПЕЧУРКИ
ПЕШЕВ, Панче Николов
ПЕШЕВ, Панче Николов (Велес, 5. Ⅶ 1915 – кај с. Кушкулија, на пл. Плачковица, 5. Ⅵ 1944) – композитор и хорски диригент, борец. Основно училиште и гимназија завршува во Куманово, каде што уште како ученик ја започнува револуционерната и музичката активност. П. го посветува својот живот на напредното работничко движење и на музиката. Учи виолина… Continue reading ПЕШЕВ, Панче Николов
ПЕШЕВСКА, Маргарита
ПЕШЕВСКА, Маргарита (Прилеп, 13. Ⅸ 1949) – редовен професор на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Се школувала во Прилеп и во Скопје. Завршила Филозофски факултет во Скопје, магистрирала (1979), а потоа и докторирала (1986). За редовен професор е избрана во 1997 г. Во два мандата била раководител на Институтот за историја. Држела… Continue reading ПЕШЕВСКА, Маргарита
ПЕШТАНИ
ПЕШТАНИ – село во Охридско. Се наоѓа во западното подножје на планината Галичица, покрај брегот на Охридското Езеро, на надморска висина од околу 700 м. Со регионален пат на север е поврзано со Охрид, а на југ со манастирот „Св. Наум“ и Поградец во Република Албанија. Тоа е старо село, кое името го добило според… Continue reading ПЕШТАНИ
ПЕШТЕРИ
ПЕШТЕРИ – подземни карстни облици што се јавуваат во области составени од карбонатни карпи, а се формираат со карстна ерозија. Пештерите обично се со проширени канали во внатрешноста на варовничките маси што се протегаат главно хоризонтално. Можат да имаат само еден канал, но најчесто се состојат од мрежа од канали, ходници и сали. Карбонатните карпи… Continue reading ПЕШТЕРИ
ПЕШТЕРИЦА
ПЕШТЕРИЦА (Прилеп) – населба од раниот неолит и од римскиот период. Резултатите од истражувањата, керамиката и кремените и камените артефакти се датирани во најраните фази на младото камено време, а се поврзуваат со почетоците на неолитизацијата на Пелагонија. Од римскиот период се откриени остатоци од вилла рустица со цистерна и со архитектонска декоративна пластика. Ј.… Continue reading ПЕШТЕРИЦА
ПИЕРИЈА
ПИЕРИЈА (Пиериа) – античка об-ласт во Долна Македонија што го опфаќала тесниот приморски појас по должината на Термајскиот Залив, од утоката на р. Пенеј на југ, до устието на р. Халијакмон (Бистрица) на север, а на запад до планината Олимп и Пиериските Планини. Била населена со племето Пиери, а нејзин епоним е Пиер, синот на… Continue reading ПИЕРИЈА
ПИЈАВИЦА, РИБЈА
ПИЈАВИЦА, РИБЈА (Писцицола геометра Л.) – рилчеста пијавица. Поседува две пијавки, на предниот и задниот крај на телото. Паразитира на кожата и на жабрите кај рибите. Достигнува големина до 5 цм. Кај нас, најчесто, го Рибја пијавица напаѓа крапот; со својата рилка се закачува за него и пиејќи му ја крвта, го исцрпува. Распространета е… Continue reading ПИЈАВИЦА, РИБЈА
ПИЈАВИЦИ
ПИЈАВИЦИ (Хирудинеа) – прстенести црви со пијавки. Населуваат водни или сувоземни средини како грабливки или паразити. Во светот се познати околу 500 видови. Во Македонија се регистрирани 35 таксони (29 видови и 6 подвидови), од кои 11 се ендемични, ограничени главно на Охридското Езеро. Најпознати се: медицинската, рибјата и коњската пијавица. ЛИТ.: Јонце Сапкарев, Дие… Continue reading ПИЈАВИЦИ