ПЕРМАНЕНТНО ОБРАЗОВАНИЕ – педагошка доктрина за доживотно учење, официјализирана во Македонија со Резолуција за перманентно образование, усвоена на Собранието на СРМ (9. Ⅹ 1973). Резолуцијата инсистира перманентното образование да стане право и должност на сите граѓани, а во прв ред на вработените, односно со неговите цели и принципи да биде опфатен целокупниот воспитно-образовен систем. Според… Continue reading ПЕРМАНЕНТНО ОБРАЗОВАНИЕ
Архиви: Енциклопедија
Description.
ПЕРОВИЌ, Сретен
ПЕРОВИЌ, Сретен (с. Горња Горица, Подгоричко, Црна Гора, 15. Ⅱ 1932) – поет, критичар, театролог, драмски писател, преведувач, антологичар, енциклопедист. Завршил Филозофски факултет во Белград. Бил главен уредник на весникот „Сусрети“, потоа директор на изд. дејност на НИО „Побједа“ и директор на Лексикографскиот завод на Црна Гора. Претседател е на црногорскиот ПЕН центар и почесен… Continue reading ПЕРОВИЌ, Сретен
ПЕРСЕЈ
ПЕРСЕЈ (Персеос) (213/12–166) – последен македонски крал (179– 168 г. пр.н.е.) од династијата на Антигонидите, син и наследник на кралот Филип В. По смртта на Филип Ⅴ и неговото доаѓање на престолот (179 г. пр.н.е.) го обновил договорот со Рим и продолжил со консолидација на Македонија. Го проширил влијанието на Македонија во Тракија, Дарданија и… Continue reading ПЕРСЕЈ
ПЕРЧИНКОВ, Душан
ПЕРЧИНКОВ, Душан (Скопје, 10. Ⅳ 1939) – сликар, графичар и ликовен педагог. Најзначаен претставник на геометриското сликарство и еден од најавтохтоните уметници, заслужен за оформување на редица сликари од помладата генерација. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1963). Бил редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Ја претставувал РМ на Биеналето… Continue reading ПЕРЧИНКОВ, Душан
ПЕРЧИНКОВСКИ, Радован Трајков
ПЕРЧИНКОВСКИ, Радован Трајков (с. Бинишево, Велешко, 25. Ⅸ 1922 – Скопје, 4. И 1996) – интернист-кардиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основоположник, прв и долгогодишен директор на Клиниката за кардиологија, декан на Мед. ф. Бил претседател на Здружението на кардиолозите на СФРЈ. Особен интерес и придонес покажал за проучување на електрокардиографските промени при… Continue reading ПЕРЧИНКОВСКИ, Радован Трајков
ПЕРЧУКЛИЕВСКИ, Раде
ПЕРЧУКЛИЕВСКИ, Раде (Галичник, 7. ⅩⅠⅠ 1931) – керамичар, унив. доцент. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Загреб (1955). Специјализирал керамика и порцелан во Софија. Професор во Училиштето за применета уметност во Скопје и доцент на Факултетот за ликовни уметности. Излагал самостојно и групно во Скопје и во странство. Создава фигуративни и апстрактни дела инспирирани… Continue reading ПЕРЧУКЛИЕВСКИ, Раде
ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ
„ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ“ – балет во два чина (12 слики). М: Т. Прошев, С: композиторот според истоимената библиска приказна. Прво изведување: Скопје, 27. Ⅺ 1968. Др. О.
ПЕСОЧАНСКА РЕКА
ПЕСОЧАНСКА РЕКА – десна притока на реката Сатеска. Извира од југоисточните падини на планината Стогово на височина од 2.040 м, а се влива на височина од 782 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 22 км, вкупниот пад изнесува 1.258 м, а просечниот пад 57,18 ‰. Вкупната должина на водоразделната линија изнесува 38 км, додека… Continue reading ПЕСОЧАНСКА РЕКА
ПЕСОЧНИЦИ
ПЕСОЧНИЦИ (Цицинделидае) – тврдокрилни инсекти. Грабливи месојади, со издолжени нозе, живо обоени (преовладува зелената боја), добри летачи, се среќаваат на сончеви и песокливи места. Во Македонија се регистрирани 7 видови од родот Цициндела, а Песочник најпознат е полскиот песочник (Цициндела цампестрис Л.) што се среќава на отворени песочни терени. Лови ситни инсекти и пајаци. ЛИТ.:… Continue reading ПЕСОЧНИЦИ
ПЕТАР ДЕЛЈАН
ПЕТАР ДЕЛЈАН – водач на македонско востание. По финансиската реформа на Јован Орфанотроф, брат на императорот Михаил Ⅳ, избувнува востание во Македонија (1040/41). За водач е избран Петар Делјан и прогласен за цар, како син на македонскиот цар Гаврил Радомир и унгарската маат Ниш и Скопје, а кон нив се приклучуваат и востаниците од Драчката… Continue reading ПЕТАР ДЕЛЈАН
ПЕТАР, митрополит
ПЕТАР, митрополит (Јован Каревски) (с. Богомила, Велешко, 29. Ⅴ 1946) – архијереј на Македонската православна црква. Завршил Богословија во Призрен (1966), а Богословски факултет во Белград (1970). Бил професор во Македонската православна богословија во Скопје (1970–1972 и 1977–1979) и предавач на Богословскиот факултет во Скопје. Подипломски студии завршил на Грегоријанскиот универзитет во Рим (1982). Од… Continue reading ПЕТАР, митрополит
ПЕТКАНОВСКИ, Трајче Лазов
ПЕТКАНОВСКИ, Трајче Лазов (Андреев) (Бистрица, Велешко, 7. Ⅹ 1919 – Ораовдолско, Велешко, 6. Ⅷ 1943) – учител и борец, организатор на оруженото востание во Азот (Велешко). Член на првата партиска ќелија (ав-густ 1941). Ја формирал првата партизанска база во Азот (1942). Од јуни до декември 1942 г. бил борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, а… Continue reading ПЕТКАНОВСКИ, Трајче Лазов
ПЕТКО ВОЈВОДА
ПЕТКО ВОЈВОДА (Петко Крстов Митаровски) (с. Кокино, Кумановско, ⅩⅠⅩ – почеток на ⅩⅩ в.) – ајдутски војвода. Неговото семејство потекнува од с. Малотино, Кумановско. Во младите години оформил ајдутска дружина за заштита од албанските арамиски дружини и османлиските зулумќари од Куманово и околните чифлици. Некои периоди дружината се собирала само за одделни ноќни акции и… Continue reading ПЕТКО ВОЈВОДА
ПЕТКОВ, Душан
ПЕТКОВ, Душан (Куманово, 20. Ⅲ 1923 – Скопје, 21. Ⅲ 2003) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1951). Целиот работен век го поминал на Архитектонскиот факултет во Скопје и од асистент до редовен професор го предавал предметот проектирање на индустриски и стопански… Continue reading ПЕТКОВ, Душан
ПЕТКОВ, Тодор
ПЕТКОВ, Тодор (с. Гари 1814 – 1899) – протомајстор. Се занимавал со градежништво и со резбарство. Според негови проекти и под негово раководство се изградени многу куќи и „кули“ за охридските бегови и чорбаџии. Најзначајно остварување е Куќата на браќата Робевци (Анастас и Ангеле) во Охрид, денес Народен музеј. Ја изградил и црквата во с.… Continue reading ПЕТКОВ, Тодор
ПЕТКОВА-ИВАНОВА, Елена Василева
ПЕТКОВА-ИВАНОВА, Елена Василева (Скопје, 31. Ⅴ 1947) – спец. по стоматолошка протетика, редовен проф. на Ст. ф. Докторирала во 1989 г. Публикувала 90 статии. Коавтор на учебникот „Инструменти и апарати за заботехничка лабораторија“. Е. М.
ПЕТКОВИЌ, Владимир Р
ПЕТКОВИЌ, Владимир Р. (Велико Орашје, Србија, 30. Ⅸ 1874 – Белград, 13. Ⅺ 1956) – прв српски историчар на уметноста, академик, претставник на иконографската школа. Студии завршил кај Карл Крумбахер во Минхен. Ав-тор е на голем број книги и студии, од кои посебно ги издвојуваме монографијата за Матејче и студијата за Календарот во Старо Нагоричино.… Continue reading ПЕТКОВИЌ, Владимир Р
ПЕТКОВИЌ, Сретен
ПЕТКОВИЌ, Сретен (Заечар, Србија, 4. И 1930) – унив. професор. Се занимава со проучување на живописот во првите векови на турската политичка управа. Во книгата Зидно сликарство на подручју Пе¢ке патријаршије 1557-1614 (1965) прв систематски ги обработил сликарските споменици од Северна Македонија, односно на територијата на Скопската митрополија, која во овој период се наоѓала во… Continue reading ПЕТКОВИЌ, Сретен
ПЕТКОВИЧ, Константин Димитров
ПЕТКОВИЧ, Константин Димитров (Башино Село, Велешко, 1824 – Одеса, ноември 1898) – поет, преведувач, научник и дипломат. Дипломирал словенска филологија на Петербуршкиот универзитет (1852), кај прочуениот славист Измаил Иванович Срезневски. Автор е на една од првите стихотворби во новата македонска поезија и е потписник на првиот труд од славистиката напишан на македонски јазик и печатен… Continue reading ПЕТКОВИЧ, Константин Димитров
ПЕТКОВСКА, Лидија
ПЕТКОВСКА, Лидија (Ресен, 13. Ⅵ 1943) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Студирала на Електротехничкиот факултет во Бел-град, каде што дипломирала во 1967 г. на насоката електроенергетика. По дипломирањето се вработила во фабриката „Алумина“ во Скопје. Во 1970 г. е избрана за асистент на Електротехничкиот факултет во Скопје. Магистрирала во 1981, а во… Continue reading ПЕТКОВСКА, Лидија
ПЕТКОВСКА, Сашка
ПЕТКОВСКА, Сашка (Битола, 7. Ⅳ 1951 – с. Градобил, Светиниколско, 30. Ⅷ 1983) – интерпретаторка на популарна музика. Почнала да пее со група во Битола и набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро (Цантагиро), на кој освои трето мес-то. Настапувала со голем број познати солисти… Continue reading ПЕТКОВСКА, Сашка
ПЕТКОВСКИ, Борис
ПЕТКОВСКИ, Борис (Бајмок, 19. Ⅺ 1931 – Скопје, 30. И 2005) – историчар на уметноста, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирал историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје (1956), докторирал на Филозофскиот факултет во Белград (1975) на тема „Творештвото на Никола Мартиноски 1903–1973“. Има пресудно влијание во развојот на ликовната критика, науката и… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Борис
ПЕТКОВСКИ, Дане
ПЕТКОВСКИ, Дане (Брусник, Битола, 25. ⅩⅠⅠ 1922 – Белград, 2005) – првоборец, генерал-полковник на ЈНА. Бил учесник во НОАВМ (1941), член на КПЈ (1943), заменик политички комесар на баталјон и на бригада и политички комесар на дивизија. По Ослободувањето бил командант на дивизија и на воено подрачје, началник на Управа во ССНО и помошник на… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Дане
ПЕТКОВСКИ, Љубе
ПЕТКОВСКИ, Љубе (Скопје, 4. ⅩⅠⅠ 1924) – снимател – доајен на филмската камера во Македонија. По војната се запишува на Високата филмска школа во Белград, а стручно се усовршува и во „Јадран филм“ – Загреб, во Франција и во Источна Германија. Работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ (1947-1983), а потоа добива статус на слободен филмски… Continue reading ПЕТКОВСКИ, Љубе