МИЛЕВ, Петар И

МИЛЕВ, Петар И. (с. Косача, Перничко, 1879 – с. Ковачевица, Неврокопско, 8. Ⅶ 1908) – учесник во Илинденското востание. Завршил гимназија во ќустендил. Во 1900 г. влегол во ТМОРО и станал илегален. Бил секретар на четата на Ј. Сандански и неврокопски околиски војвода. ИЗВ. и ЛИТ.: А. Смит, Спомени от Македони®, Софи® 1983; Х. Силянов,… Continue reading МИЛЕВ, Петар И

МИЛЕНКОВСКИ, Јошка

МИЛЕНКОВСКИ, Јошка (Крушево, 11. Ⅸ 1960) – унив. професор, одбојкар. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1984). Магистрирал на истиот факултет (1995) на тема: „Релации помеѓу некои когнитивни, базични моторички и ситуациономоторички способности кај одбојкарите од Првата македонска лига“ и докторирал (1999) на тема: „Релации и разлики на некои когнитивни, специфично-моторни способности, конативни карактеристики… Continue reading МИЛЕНКОВСКИ, Јошка

МИЛЕНКОВСКИ, Сашо

МИЛЕНКОВСКИ, Сашо (Битола, 28. Ⅺ 1963) – режисер. Дипломирал на отсекот за театарска режија и драматургија на ФДУ во Скопје (1992). Станува член на Казалиште, позориште, гледалишче, театар во Суботица, Србија (1988-1991). Основач е на независниот театар „Бабилон“. Од ноември 2006 г. е директор на Драмата на МНТ. Режии: „Балка-нот не е мртов“; „Гаме овер“;… Continue reading МИЛЕНКОВСКИ, Сашо

МИЛЕСКИ-УРОШ, Мирко

МИЛЕСКИ-УРОШ, Мирко (с. Попоец, Кичевско, 23. Ⅳ 1923 – пл. Буковиќ, Кичевско, 1. Ⅹ 1943) – народен херој. Бил член на КПЈ (1941). Како преведувач во карабињерската станица во с. Извор, доставувал доверливи информации за активностите на италијанската полиција (1941–1942). Подоцна се илегализирал (јули 1942) и станал борец во Кичевско-мавровскиот НОПО (1943). Загинал со целата… Continue reading МИЛЕСКИ-УРОШ, Мирко

МИЛЕТИЌ, Драгослав Лазарев

МИЛЕТИЌ, Драгослав Лазарев (Пирот, 31. Ⅹ 1901 – Белград, 1980) –спец. патолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Белград. Во 1947 г. (по покана) доаѓа од белградскиот Мед. ф. во Скопје. Еден од основачите и долгогодишен директор на Институтот за патологија и шеф на Катедрата. Се пензионирал (1978) како редовен… Continue reading МИЛЕТИЌ, Драгослав Лазарев

МИЛЕТИЧ, Љубомир

МИЛЕТИЧ, Љубомир (Штип, 1. И 1863 – Софија, 1937) – истакнат бугарски филолог, основоположник на славистичката наука во Бугарија, еден од основачите на Софискиот универзитет „Климент Охридски“ и професор и титулар на Катедрата по словенска филологија (1892-1934), основач и прв претседател на Македонскиот научен институт во Софија, редовен член на Бугарската академија на науките (БАН)… Continue reading МИЛЕТИЧ, Љубомир

МИЛИНЗИ

МИЛИНЗИ – многубројно и воинствено словенско племе, населено на Пелопонез (Ⅶ в.), првин во Лаконија, а подоцна се повлекле кон планината Тајгет. Заедно со Езерците имало од 20 до 25 илјади луѓе, а населувале територија од ок. 750 км 2. Ја зачувале самостојноста до поч. на Ⅸ в., кога ја признале власта на Византија, плаќале… Continue reading МИЛИНЗИ

МИЛИЦА

МИЛИЦА – ктиторка на обновената црква „Св. Богородица“ (Матка) на р. Треска (Скопско), обновена во времето на скопскиот митрополит Атанасиј (1496– 1497). Во ктиторската композиција Милица е насликана заедно со синот Никола. ЛИТ.: С. Николовска, Кодикот на манастирот Матка, „Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија“, 1, Скопје, 1975; Г. Суботиђ, Охридската сликарска школа… Continue reading МИЛИЦА

МИЛЈУКОВ, Павел Николаевич

МИЛЈУКОВ, Павел Николаевич (Москва, 13 (28). И 1859 – Екс-ле-Бел, Франција, 31. Ⅲ 1943) – руски историчар, славист, македонозналец, политичар, водач на политичка партија и претседател на руската Дума (парламент). Престојувал повеќе пати во Македонија, проучувајќи го нејзиното историско и културно минато и коментирајќи ја во тогашниот руски печат нејзината политичка судбина. Бил професор на… Continue reading МИЛЈУКОВ, Павел Николаевич

МИЛОВАНОВИЌ, Станислав

МИЛОВАНОВИЌ, Станислав (с. Добровиш, Власотинце, 8. Ⅱ 1943) –град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1990) по предметите од областа на теоријата на конструкциите. Завршил Градежен факултет во Скопје, а магистрирал во ИЗИИС (1981). Декан на Факултетот (1997– 1999). Одличен практичар, како проектант и консултант учествувал во реализацијата на многубројни архитектонски, индустриски… Continue reading МИЛОВАНОВИЌ, Станислав

МИЛОЕВИЌ, Боривое И

МИЛОЕВИЌ, Боривое И. (Царина, 22. ⅩⅠⅠ 1885 – Белград, 1967) – српски географ. Универзитет завршил во Белград (1908), потоа бил на студии во Германија и во швајцарија. Најблизок соработник на Ј. Цвииќ и негов наследник на Катедрата за географија на Белградскиот универзитет, каде што предавал од 1920 до 1956 г. (од 1926 г. како редовен… Continue reading МИЛОЕВИЌ, Боривое И

МИЛОСАВЛЕВА, Олга

МИЛОСАВЛЕВА, Олга (Тетово, 14. Ⅸ 1934 – Скопје, 16. И 1997) – балерина и кореограф. Завршува Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. & припаѓа на првата балетска генерација во Македонија. Член на Балетот при МНТ (1949-1976). Карактерна балерина со изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко… Continue reading МИЛОСАВЛЕВА, Олга

МИЛОСАВЛЕВСКИ, Славко

МИЛОСАВЛЕВСКИ, Славко (с. Вратница, Тетовско, 28. И 1928) – социолог и унив. професор. Основно училиште завршил во с. Вратница, а гимназија во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1957). Постдипломски студии завршил на Институтот за општествени науки во Белград (1960). Докторирал на Правниот факултет во Скопје (1965). Предавал социологија на Правниот факултет во СкопјеContinue reading МИЛОСАВЛЕВСКИ, Славко

МИЛОШ

МИЛОШ (ⅩⅣ в.) – кефалија на Прилеп во времето на кралот Волкашин. На повелбата на кралот Волкашин, издадена во Скопје (1366), се потпишал како милосник (извршител, гарант, сведок) на кралот. Кефалијата бил највисок претставник на локалната управа во градот и во околината, поставуван од владетелот. ЛИТ.: С. Новаковиђ, Законски споменици српских држава средњега века, Београд,… Continue reading МИЛОШ

МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов

МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов (Охрид, 2. ⅩⅠⅠ 1901 – Скопје, 26. Ⅺ 1976) – спец. по педијатрија и пневмофтизиологија. Мед. ф. завршил на Сорбона, педијатрија специјализирал во Виена. До 1941 г. работел во Белград, од каде што е депортиран во логор. Во 1945 доаѓа во Скопје и формира прв детски АТД и болница во с. Лешок… Continue reading МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов

МИЛОШЕВСКИ, Лазо

МИЛОШЕВСКИ, Лазо (Тетово, 5. Ⅲ 1926 – Скопје, 1963) – атлетичар. Бил член на АК „Работ-Лазо Милошевски нички“ во Скопје. Завршил Сојузен курс за атлетски инструктори во Белград. Бил првак на Македонија во атлетика на куси патеки. Прв атлетичар од Македонија, член на Репрезентацијата на Југославија на 400 и 4 Х 400 м, за која… Continue reading МИЛОШЕВСКИ, Лазо

МИЛОШЕВСКИ, Тихомир

МИЛОШЕВСКИ, Тихомир (Тиќо) (с. Битуше, Дебарско, 1915 – Скопје, 1. Ⅳ 1984) – генерал-мајор. Завршил средно земјоделско училиште во Валево (Србија) и Воена академија. Како активен офицер на Кралството Југославија, бил припадник на комунистичкото движење. По Априлската војна (1941) се вратил во Македонија и се вклучил во НОД. Бил уапсен и интерниран во Бугарија (до… Continue reading МИЛОШЕВСКИ, Тихомир

МИЛОШОСКИ, Антонио

МИЛОШОСКИ, Антонио (Тетово, 29. И 1976) – политичар, актуелен министер за надворешни работи на Република Македонија. Матурирал во гимназијата „Мирко Милевски“ во Кичево (1994), дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1999) и магистрирал по Евроинтеграција на Универзитетот „Фридрицх Њилхелм“ во Бон (Германија, 2001&2002), а станал докторант (од ноември 2002) на политички науки и научен соработник… Continue reading МИЛОШОСКИ, Антонио

МИЛУТИНОВИЌ, Зоран

МИЛУТИНОВИЌ, Зоран (Скопје, 18. ⅩⅠⅠ 1950) – афирмиран научен работник во областа на земјотресното инженерство, по менаџмент на катастрофи и за стратешко планирање. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1976), магистрирал во ИЗИИС (1982). Докторирал на Универзитетот во Кјото, Јапонија (1986); избран за редовен професор (1992); професор на универзитетите во Кобе (1994) и во Кјото… Continue reading МИЛУТИНОВИЌ, Зоран

МИЛЧИН, Владимир

МИЛЧИН, Владимир (Скопје, 19. Ⅳ 1947) – режисер и професор на ФДУ во Скопје, на Отсекот за режија, и извршен директор на Институтот „Отворено општество“ (СОРОС) на Македонија. Режисер и драматург во МНТ (1970– 1974 и 1975–1982). Завршил Факултет за драмски уметници, отсек режија, во Белград. Режира на повеќе сцени низ Македонија и во Владимир… Continue reading МИЛЧИН, Владимир

МИЛЧИН, Илија

МИЛЧИН, Илија (Прилеп, 19. Ⅵ 1918 – Скопје, 11. Ⅲ 2002) – драм-ски и филмски актер и режисер, преведувач, публицист, еден од основачите на МНТ, уметнички раководител и режисер на Обласниот МНТ во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија). Дипломирал на Правниот факултет во Софија. Во Белград бил слушател на Отсекот за театарска уметност на Музичката академија.… Continue reading МИЛЧИН, Илија

МИЛЧИНСКИ, Јанез

МИЛЧИНСКИ, Јанез (Љубљана, 3. Ⅴ 1913 – ?, 28. Ⅶ 1993) – лекар, специјалист за судска медицина, деонтолог и правник, редовен проф. на Мед. ф. во Љубљана, Словенија (од 1957). Дипломирал на Правниот факултет во Љубљана (1936). Студирал медицина најпрвин во Љубљана, а потоа во Загреб, каде што и дипломирал (1940). Активен учесник е во… Continue reading МИЛЧИНСКИ, Јанез

МИЉОВСКА, Деса

МИЉОВСКА, Деса (Призрен, Косово, 21. Ⅴ 1918) – универзитетски професор, социолог. Средно образование и учителска школа завршила во Белград. Се запишала на педагошката група при Филозофскиот факултет во Скопје (1937), а дипломирала на Филозофскиот факултет во Бел-град (1948), каде што и докторирала, на тема „Класните сили на национално-револуционерното движење на македонскиот народ во втората половина… Continue reading МИЉОВСКА, Деса

МИЉОВСКИ, Кирил

МИЉОВСКИ, Кирил (Ресен, 27. Ⅴ 1912 – Скопје, 27. Ⅳ 1983) – економист, унив. професор, научен истражувач, општественик, дипломат, академик. Основно образование завршил во родниот град, средно образование во Охрид и во Битола (1931), а дипломирал на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Загреб (1939). За професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје е избран во 1947… Continue reading МИЉОВСКИ, Кирил