МИЗОВА, Софија Хаџиева

МИЗОВА, Софија Хаџиева (Охрид, 2. Ⅵ 1940) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Белград (1964). Се занимава со архитектонско и урбанистичко проектирање (со својата сестра Маргарита). Реализирани објекти: Градскиот угостителски центар „Летница“ во Охрид (1971); хотелот „Белви“ во Охрид (1988). Се занимава и со урбанистичко проектирање. Урбанистичко-архитектонско решение на центарот на Крушево (1978); АУП… Continue reading МИЗОВА, Софија Хаџиева

МИЗРАХИ, Трајанка

МИЗРАХИ, Трајанка (с. Праведник, Кавадаречко, 24. Ⅴ 1921 – 24. И 1991) – учесник во НОБ. Како припадничка на македонското младинско движење, станала член на КПЈ (1941). Била борец во Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ (од 7. Ⅴ 1943) и заменик политички комесар на Првиот баталјон на Деветтата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето извршувала државни и… Continue reading МИЗРАХИ, Трајанка

МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра

МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра (Скопје, 24. Ⅵ 1973) – балерина. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје, во класата на Ѓ. Јовановска. Станува член на Балетот при МНТ (1991) како солистка, а потоа е и негова првенка (1998). М.-Г. е балерина со изразено сигурна класична балетска техника, со нагласен темперамент и пластичност на движењата. Престојува на специјализација… Continue reading МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра

МИЈАЛКОВСКИ, Драган

МИЈАЛКОВСКИ, Драган (Бјеловар, Хрватска, 24. Ⅳ 1950) – интерпретатор на популарна музика. Интересот кон музиката го пројавил многу рано. Првите настапи како вокален интерпретатор ги имал во 1963 г. Неговата блескава кариера започнува од 1969 г. Бил еден од најактивните македонски интерпретатори на популарна музика во тогашна Југославија. Во наредните Драган Мијалковски години бил редовен… Continue reading МИЈАЛКОВСКИ, Драган

МИЈАТОВИЌ, Мијат

МИЈАТОВИЌ, Мијат (Вучковица, Чачак, Србија, 15. Ⅲ 1950 Скопје, 25. ⅩⅠⅠ 2000) – физичар, ред. проф. (1992) на ПМФ. Дипломирал (1973) и магистрирал на ПМФ во Белград. Докторирал (1980) на ПМФ со темата „Спин-Паерлсовиот премин кај еднодимензионалните магнетици“. Специјализирал во Копенхаген. Држел настава по Статистичка физика со термодинамика и Астрономија со астрофизика. Тој е коавтор… Continue reading МИЈАТОВИЌ, Мијат

МИЈАЧИЈА

МИЈАЧИЈА – област во западниот дел на РМ. Ги зафаќа подрачјата Долна Река и Мала Река. Овде има 23 мијачки села што се наоѓаат на западните и југозападните падини на планината Бистра и во долината на реката Радика. Во селата од Мала Река живеат Мијаци, православни Македонци, а во Долна Река Мијаци–Торбеши, кои се исламизирани… Continue reading МИЈАЧИЈА

МИК ДОО

„МИК“ ДОО (Метална индустрија – Кавадарци) – фирма од металопреработувачката дејност формирана во 1978 г.. Се простира на околу 75.000 м², од кои 27.000 м² покриен простор. Производствена програма: комунална опрема – контејнери и канти за комунален отпад; земјоделска механизација – тракторски приколки, плугови, клинести брани и др.; произодство на електроопрема и опрема за домаќинството… Continue reading МИК ДОО

МИКЛОШИЧ, Франц

МИКЛОШИЧ, Франц (Миклошич, Франц) (Радомершчак крај Љутомер, 20. Ⅺ 1813 – Виена, 7. Ⅲ 1891) – словенечки лингвист, славист, еден од основачите на славистиката како научна дисциплина. Според некои негови констатации, приврзаник на таканаречената панонска хипотеза за потеклото на староцрковнословенскиот јазик, чиј автор е Копитар. Во студијата Гесцхицхте дер Лаутбезеицхнунг ин Булгарисцхен (Денксцхрифтен дер Кеисерл.… Continue reading МИКЛОШИЧ, Франц

МИКРОБИОЛОГИЈА

МИКРОБИОЛОГИЈА – биолошка дисциплина што ја проучува биологијата на микроорганизмите. Во текот на изминатите педесетина години микробиологијата на Институтот за биологија бележи значаен подем. Во почетокот таа покажуваше скромен развој и се изучуваше во рамките на други ботанички дисциплини. Во раните седумдесетти години се издвојува како посебна наставна дисциплина, застапена со предметот општа микробиологија. Денес,… Continue reading МИКРОБИОЛОГИЈА

МИКРОЕКОНОМИЈА

МИКРОЕКОНОМИЈА – дел од економската наука што го изучува однесувањето на поединечната фирма, на потрошувачите и на одделните економски сектори во економскиот живот. Микроекономската наука во Македонија се развива по педесеттите години на минатиот век. Основоположници на микроекономската наука кај нас се македонски економисти што своето факултетско образование го стекнале во странски универзитетски центри, а… Continue reading МИКРОЕКОНОМИЈА

МИКРОН

МИКРОН“ – Прилеп – фабрика за производство на мали електромотори и на опрема за домаќинството. Формирана е во шеесеттите години на минатиот век како „Микрон“, за да прерасне во почетокот на 2005 г. во фирма со назив АД „Микрон Тецх“. Во производната програма се застапени повеќе видови мотори со мала моќност како што се: еднофазните… Continue reading МИКРОН

МИКРОСАМ , АД

МИКРОСАМ“, АД – приватна акционерска компанија, основана во 1990 г. во Прилеп со главна активност – дизајнирање и производство на компјутерски контролирани машини, опрема и софтвер-апликации за индустриски цели. Производите на „Микросам“ наоѓаат примена во индустријата за композитни материјали, индустријата за мермер, дрвопреработувачката и металопреработувачката индустрија, обработката на стакло и во многу други подрачја. „Микросам“… Continue reading МИКРОСАМ , АД

МИКРОФЛОРА НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО МАКЕДОНИЈА

МИКРОФЛОРА НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО МАКЕДОНИЈА. Постојат два типа природни езера во Македонија. Првиот тип се тектонските езера со голема геолошка старост (околу 3 милиони години), Охидското, Преспанското и Дојранското Езеро, додека вториот тип се геолошки младите глацијални езера настанати со топење на ледниците, застапени во високопланинскиот регион (планините шар Планина, Јабланица, Пелистер, Мокра). Од… Continue reading МИКРОФЛОРА НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО МАКЕДОНИЈА

МИКРОФЛОРА НА РЕЧНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА

МИКРОФЛОРА НА РЕЧНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА. Речните екосистеми во Македонија се под најразличен антропоген притисок, од што следува различно ниво на трофичност и сапробност и различна, многу варијабилна микрофлора. Дијатомеите се една од најраспространетите, но и еколошки најзначајни групи алги. ВардарДел од микрофлората на речните екосистеми скиот слив е далеку поистражуван и попознат од јадранскиот… Continue reading МИКРОФЛОРА НА РЕЧНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА

МИКУЛЧИЌ, Иван Лука

МИКУЛЧИЌ, Иван Лука (Инѓија, Србија, 25. Ⅲ 1936) – археолог, унив. професор. Од 1958 г. работи во РМ – во Народниот музеј во Штип, Народниот музеј во Битола, а од 1963 г. во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. Професор на Филозофскиот факултет во Скопје (на Институтот за историја на уметноста и археологија). Во 1969… Continue reading МИКУЛЧИЌ, Иван Лука

МИЛАДИН

МИЛАДИН (МИЛАДИНОВ), Наум (Струга, 1817 – Софија, 1897) – музички деец и теоретичар. Братот на Димитрија и Константин Миладинови уште од најрана возраст пројавил склоност кон музиката. Како службеник во фирмата „Зографци“ во Дурус (Албанија), во контакт со италијански музичари ги усвојува основите на нотното писмо. Во Гимна-Наум Миладин зијата што ја завршил во Јанина,… Continue reading МИЛАДИН

МИЛАДИНОВ, Ангел

МИЛАДИНОВ, Ангел (Куманово, 27. Ⅴ 1928 – Загреб, 4. И 1984) – телевизиски режисер и уредник. Гимназија завршил во Скопје, а Филозофски факултет во Загреб. По студиите му се посветува на телевизиското творештво, како еден од пионерите на Загрепската телевизија, кој уште од првите режии инаугурира своевиден стил што ја втемелува телевизиската естетика, но и… Continue reading МИЛАДИНОВ, Ангел

МИЛАДИНОВ, Димитар

МИЛАДИНОВ, Димитар (Кратово, 6. Ⅺ 1931 – Кратово, 20. Ⅱ 2002) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1978) по предметот Механика на почвите (до пензионирањето во 1996 г.), декан (1981–83). Се усовршувал на студиски престои во Франција, Полска, Јапонија и САД. Посебно поле на интерес му биле динамичките карактеристики на почвите.… Continue reading МИЛАДИНОВ, Димитар

МИЛАДИНОВ, Димитрија

МИЛАДИНОВ, Димитрија (Струга, 1810 – Цариград, 11. И 1862) – учител, собирач на македонски народни умотворби, поет, публицист, преродбеник, централна личност на македонската преродба, најстар син на Ристе Миладин, грнчар од Струга. ќелијно училиште учел во манастирот „Свети Наум“, а потоа продолжил во класното училиште во Охрид. По двегодишно учителствување во Охрид, образованието го продолжил… Continue reading МИЛАДИНОВ, Димитрија

МИЛАДИНОВ, Драги

МИЛАДИНОВ, Драги (Скопје, 1. Ⅲ 1928) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (до пензионирањето во 1989) по предмети од областа на дрвените и масивните конструкции. Како стипендист на Фордовата фондација специјализирал во САД (1964/65), а се усовршувал на студиски престои и во Холандија (1969) и шведска (1979). Учествувал во реализацијата на… Continue reading МИЛАДИНОВ, Драги

МИЛАДИНОВ, Јордан

МИЛАДИНОВ, Јордан (Куманово, 30. ⅩⅠⅠ 1922 – Скопје, 23. Ⅹ 2001) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1968 до пензионирањето во 1987 г.) по предметите од областа на техничката механика, јакоста на материјалите и од теоријата на еластичноста и пластичноста. Завршил Градежен факултет во Белград (1949) и бил првиот кандидат… Continue reading МИЛАДИНОВ, Јордан

МИЛАДИНОВ, Константин Ристов

МИЛАДИНОВ, Константин Ристов (Струга, 1830 – Цариград, 18. И 1862) – учител, поет, преведувач и фолклорист, преродбенски деец. Бил најмлад син од осумте деца во семејството. Завршил основно училиште во Охрид и гимназија во Јанина (1944–1847), по што бил учител во Струга и Трново, Битолско (1847–1849). Потоа дипломирал грчка филологија на Фило-Димитар Миладинов, Слово (1839)… Continue reading МИЛАДИНОВ, Константин Ристов

МИЛАНСКИ ЕДИКТ

МИЛАНСКИ ЕДИКТ – законски акт на царевите Константин И и Лициниј за рамноправност на религиите во Римското Царство, издаден во Милано (февруари 313), по склучениот сојуз. Рескриптот (оригиналот е загубен) бил обзнанен во Никомедија (јуни 313). Има големо значење за христијанството и воопшто за развојот на христијанската култура. ЛИТ.: Р. Поповиђ, Извори за црквену историју,… Continue reading МИЛАНСКИ ЕДИКТ