МИЛАДИН

МИЛАДИН (МИЛАДИНОВ), Наум (Струга, 1817 – Софија, 1897) – музички деец и теоретичар. Братот на Димитрија и Константин Миладинови уште од најрана возраст пројавил склоност кон музиката. Како службеник во фирмата „Зографци“ во Дурус (Албанија), во контакт со италијански музичари ги усвојува основите на нотното писмо. Во Гимна-Наум Миладин зијата што ја завршил во Јанина, ги продолжува тие сознанија, подготвувајќи се за мелографска дејност. Со посредство на јанинскиот митрополит, добива стипендија да учи во Високата духовна академија во Халки кај Цариград. По тригодишните студии на Академијата, го завршува и Теолошкиот факултет во Цариград. УШТЕ како студент го започнува својот прирачник за Хрисантовата невматска нотација, што го завршува во Охрид, каде што ја формира првата школа за византиско црковно пеење врз реформираната невматска нотација. Ракописот од овој прирачник е пронајден во 1964 г. Како учител во Охрид и во Струга, подготвува повеќе црковни певци. Автор е и на 11 мелограми на народни песни, запишани со западно нотно писмо, што не биле објавени во Зборникот на неговите браќа. Др. О.