МАТЕРКА, АЛШАРСКА .(Тхѕмус алсаренсис Ронн.) – локален ен-демит во флората на РМ од фамилијата на устоцветно растение (фам. Ламиацеае). Опишан од австрискиот ботаничар Карл Роннигер (1924), еден од најдобрите познавачи на родот Тхѕмус од локалитетот Алшар кај Кавадарци. Вл. М.
Архиви: Енциклопедија
Description.
МАТЕРКА, ЕМОВА
МАТЕРКА, ЕМОВА .(Тхѕмус оехмианус Ронн. & Соска) – локален македонски ендемореликт од фам. Ламиацеае (устоцветни растенија), познат само за неколку локалитети во клисурата на реката Треска: Капина, Оча, село Здуње, Самоков – Мала Река. Именуван е по презимето на академик Ханс Ем, кој првпат го открил на локалитетот Капина (12. Ⅷ 1936). Се наоѓа на… Continue reading МАТЕРКА, ЕМОВА
МАТЕРКА, КАРАЏИЧКА
МАТЕРКА, КАРАЏИЧКА (Тхѕмус карадзиценсис Матевски & Мицевски) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Ламиацеае, откриен и опишан од страна на македонските таксономи и флористи проф. Владо Матевски и академик Кирил Мицевски. Познат е само за планината Караџица. Вл. М.
МАТЕРКА, СКОПСКА
МАТЕРКА, СКОПСКА (Тхѕмус скопјенсис Мицевски & Матевски) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Ламиацеае (Лабиатае) (устоцветни растенија), опишан од македонските флористи академик Кирил Мицевски и проф. Владо Матевски. Се развива во околината на Скопје (с. Нова Брезница) и по текот на реката Треска (Козјак, М. Брод). Вл. М.
МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА (17. Ⅴ 1951) – формирана на Основачкото собрание одржано во Скопје за да развива блиски врски со македонските иселеници во странство, да ги запознава со животот во татковината, да ја запознава домашната јавност со работата и животот на македонското иселеништво. Органи на Матицата: Собрание, Извршен одбор и претседател. Актуелен претседател:… Continue reading МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
МАТКА
„МАТКА“ – вештачка акумулација на р. Треска. Се наоѓа 14 км од градот Скопје. Браната е бетонска, прстенесто-лачна, изградена од армиран бетон, со височина од 38 м и височина над теренот од 29,5 м. Круната на браната е на височина од 317,5 м, нејзината должина изнесува 64 м, а широчина 1 м. При нормално ниво… Continue reading МАТКА
МАТКА, МАРКОВ ГРАД
МАТКА, МАРКОВ ГРАД (Скопско) – доцноантички кастел и средновековен град. На доминантните карпи над средновековниот манастир „Св. Андреја“ се наоѓаат остатоци од доцноантичка и средновековна тврдина, која ги контролирала теснецот и патот во клисурата на Матка. Таа се состои од триаголна акропола (60 х 40 м), западно и источно подградие, т.н. Бојана, на падината кон… Continue reading МАТКА, МАРКОВ ГРАД
МАТКОВСКИ, Александар
МАТКОВСКИ, Александар (Крушево, 30. Ⅴ 1922 – Скопје, 14. Ⅳ 1992) – историчар-ориенталист, член на МАНУ. Подолго време живеел во Гостивар (до 1936), а потоа во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941), бил уапсен (2. Ⅵ 1942) и како малолетник осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал… Continue reading МАТКОВСКИ, Александар
МАТОВ, Димитар
МАТОВ, Димитар (Велес, 1864 – Дрезден, Германија, 1896) – еден од најпројавените бугарски и македонски фолклористи, чии трудови се одликуваат со висок степен на научност. Во Велес го започнал школувањето, кое го довршил во Русија (гимназија и факултет) во украинските градови Николаев и Харков. На Историско-филолошкиот факултет во Харков (денешна Украина) слушал лекции по лингвистика… Continue reading МАТОВ, Димитар
МАТОВ, Милан
МАТОВ, Милан (Струга, 8. Ⅺ 1875 – Софија, 21. Ⅴ 1962) – учител, учесник во Илинденското востание, војвода, брат на Христо Матов. Учел гимназија во Битола, во 1900 се вклучил во Македонското револуционерно движе-Милан Матов ње. Во востанието се борел во Струшко. Бил учител во Струга (1904–1905) и училиштен инспектор (1909–1911). Од 1906 г. го… Continue reading МАТОВ, Милан
МАТОВ, Христо
МАТОВ, Христо (Струга, 10. Ⅲ 1872 – Софија, 10. Ⅱ 1922) – професор, револуционер и еден од идеолозите на МРО. Завршил гимназија во Солун и словенска филологија на Софискиот универзитет. Бил професор и директор во Сер и во Скопје. Бил член на ТМОРО (1894). По Солунската провала (јануари 1901), како член на ЦК на ТМОРО,… Continue reading МАТОВ, Христо
МАТОВСКИ, Никола
МАТОВСКИ, Никола (Скопје, 22. Ⅶ 1939) – универзитетски професор, правник. Завршил гимназија (1957) и дипломирал на Правниот факултет во родниот град (1961), каде што бил избран за асистент по предметот Кривично процесно право со криминалистика (1964), потоа за предавач (1969), за вонреден (1979) и за редовен професор (1985). Магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1967),… Continue reading МАТОВСКИ, Никола
МАТОВСКИ, Славко
МАТОВСКИ, Славко (Скопје, 17. Ⅸ 1927) – унив. професор, ракометар. Дипломирал на Државниот институт за физичка култура во Белград (1960). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1977) на тема: „Местото на Спортското друштво ,Работнички’ во Скопје во нашето напредно работничко движење и неговата улога во развојот на спортскиот живот во СР Македонија“. Докторирал на Факултетот… Continue reading МАТОВСКИ, Славко
МАЦУКИОН
МАЦУКИОН – средновековно утврдување во Струмичката об-ласт. Го освоил византискиот император Василиј Ⅱ, откако ја разурнал демата во клисурата Клидион (1014). Се лоцира помеѓу Клидион и Струмица, кај Мечково, во пазувите на планината Огражден, недалеку од комуникацијата Струмица – Петрич. ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки за положбата на некои месности во Македонија во почетокот на Ⅺ… Continue reading МАЦУКИОН
МАЧЕВ, Исмаил
МАЧЕВ, Исмаил (Скопје, 03. И 1960) – атлетичар. Бил член на АК „Работнички“ во Скопје (1978–1983) и АК „Црвена Звезда“ во Белград (1983–1995). Бил повеќекратен македонски и југословенски првак и рекордер во атлетика и репрезентативец на Југославија (1982–1992). На Медитеранските игри во Латакија (Сирија, 1987) на 400 м освоил сребрен медал, како и на Универзијадата… Continue reading МАЧЕВ, Исмаил
МАЧУКОВСКИ, Венијамин
МАЧУКОВСКИ, Венијамин (Васил) Христов (с. Мачуково, Гевгелиско, пред 1847 – Цариград, 1878) – македонски граматичар, преродбенски просветен и црковен деец, собирач на народни песни и обичаи и публицист. УШТЕ млад се закалуѓерува во Зографскиот манастир и од П. Зографски е ракоположен за ѓакон. Потоа патува во Цариград (1861), учи во унијатското училиште во Солун (1862–1864)… Continue reading МАЧУКОВСКИ, Венијамин
МАЏАРИ
„МАЏАРИ“ – поранешна ТЦ на лигнит, лоцирана во близина на селото Маџари, Скопско. Првите два агрегата (со моќност 5,8 МЊ) биле пуштени во погон во 1949 г., а третиот (со моќност 10 МЊ) во 1954 г. Како прва поголема ТЦ во РМ одиграла важна улога во периодот пред да се изградат поголемите ХЦ. Престанала да… Continue reading МАЏАРИ
МАЏУНКОВ, Митко
МАЏУНКОВ, Митко (Струмица, 19. Ⅲ 1943) – раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист; академик. Основно училиште и гимназија има завршено во Струмица, а Филолошки факултет (светска книжевност со теорија на книжевноста) во Белград. Работниот век го поминал главно во Библиотеката на градот Белград, каде што е и пензиониран (како библиотекар-советник). Добитник е на повеќе книжевни награди… Continue reading МАЏУНКОВ, Митко
МАШИНИ И УРЕДИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА
МАШИНИ И УРЕДИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА – работните процеси во дрвната индустрија се изведуваат со помош на разни видови машини и уреди. Тие се разликуваат според функцијата што ја извршуваат. Видот и типот на машините и уредите зависи од работната операција што се извршува во ист или во различен технолошки процес. Машините и уредите во… Continue reading МАШИНИ И УРЕДИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА
МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје. Студиите започнале во 1959 г. на Електромашинскиот оддел при Техничкиот факултет во Скопје, каде што во 1961 г. се отворени два отсека: Електротехнички и Машински. Со Закон на Собранието на СРМ во 1965 г. е основан Електромашинскиот факултет со два оддели и два степена на образование: континуирана настава (9 сем.) и… Continue reading МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
МАШКОВ, Виктор Фјодорович
МАШКОВ, Виктор Фјодорович – руски конзул во Скопје до Балканските војни (1912/13). По завршувањето на јункерското училиште во Тифлис, службувал во Владиковскиот полк и како поручник резервист патувал во Абисинија. Конзул во Скопје со особена наклонетост кон српската политика во Македонија. По Октомриската револуција како емигрант починал во Југославија. Бл. Р.
МЕБЕЛ
МЕБЕЛ – составен дел на секој современ дом. Него го сочинуваат предмети изработени од дрво, од недрвни материјали или од нивни комбинации. Основната задача на предметите од мебелот е со димензиите, конструкцијата и формата да ги задоволат физичките, културните и општествените потреби на современиот човек. Мебелот се класифицира на следниве начини: според местото на користење… Continue reading МЕБЕЛ
МЕГЛЕНСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
МЕГЛЕНСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија (Ⅺ в.) – спомната и во хрисовулите на царот Василиј Ⅱ (1019). Освен Мегленска, во Ⅺ в. е нарекувана и Воденска епархија. Ги опфаќала териториите северно од Лерин во Централниот дел на Македонија до Просек (Демир Капија) и Мариово. Кон крајот на Ⅺ в. од Мегленската епархија се одвоил градот… Continue reading МЕГЛЕНСКА ЕПАРХИЈА на Охридската архиепископија
МЕДИЦИНСКИ БИЛТЕН
„МЕДИЦИНСКИ БИЛТЕН“ – списание на лекарите и фармацевтите на Скопска А.О. Излегувало од 1976 до 1987 г. (до 1986 г. како двомесечно списание, со еден двоброј годишно). Објавувани се оригинални научноистражувачки трудови. Уредници: А.Спиров (1978–81), А. Велјановски (1982–86) и Б. Димишковски (1987). ИЗВ.: Библиотека на ВБ во Скопје. Сл. М. П.