МАНГОВ, Крсто

МАНГОВ, Крсто (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1912 – с. Брезница, Костурско, 11. Ⅷ 1949) – учесник во грчкото комунистичко и антифашистичко движење и деец на Македонското националноослободително движење. Бил секретар на Реонскиот комитет на КПГ за Корешта, Костурско. Во МНОД бил претседател на Околискиот одбор на НОФ за Костурско и член на… Continue reading МАНГОВ, Крсто

МАНГОВИЦА

МАНГОВИЦА – ниска планина што се протега помеѓу Кумановската Котлина на север, Овче Поле на запад, долината на Брегалница на југ и долината на Злетовска Река на исток. Највисок врв е Асаница (874 м). Други поистакнати делови се Грамада (849 м) и Челебиско Трло (731 м). Планината речиси целосно е гола и сиромашна со вегетација,… Continue reading МАНГОВИЦА

МАНГОВСКИ, Петар

МАНГОВСКИ, Петар (с. Велушина, Битолско, 19. Ⅷ 1909 – Скопје, 2002) – член на АСНОМ и универзитетски професор, правник. Гимназија завршил во Битола, а Правен факултет во Белград. Докторирал на Правниот факултет во Бел-град, на тема „Правните аспекти на Арапската лига“. По основањето на Правниот факултет во Скопје, избран за доцент на предметот Меѓународно јавно… Continue reading МАНГОВСКИ, Петар

МАНЕВ, Димитар

МАНЕВ, Димитар (Штип, 1948) – сликар, ликовен педагог. Внесува Димитар Манев, „Бикови во боја“ (2001) нов сензибилитет во сликарството од крајот на седумдесеттите. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1975). Од 2001 г. живее и работи во Чикаго. Самостојно излагал во Скопје, Загреб, Љубљана, Париз, Чикаго. Неговите дела се наоѓаат во многу јавни… Continue reading МАНЕВ, Димитар

МАНЕВ, Коле

МАНЕВ, Коле (с. Бапчор, Егејскиот дел на Македонија, 5. Ⅳ 1941) – сликар и филмски режисер. Како дете-бегалец повеќе години живеел во детски домови во Романија (1948–1956), каде што го завршил основното училиште, а потоа, враќајќи се во татковината, го завршил Уметничкото училиште во Скопје (1956–1960) и студирал на Ликовната академија во Белград (1960–1964). Член… Continue reading МАНЕВ, Коле

МАНЕВА, Елица

МАНЕВА, Елица (Битола 1. ⅩⅠⅠ 1947) – археолог, унив. професор. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1972), а магистрирала (1977) од областа на античката археологија. Докторирала (1991) на Филозофскиот факултет во Скопје на тема од областа на средниот век. Од 1973 до 1983 г. работела како кустос во Заводот и музеј Битола, а од… Continue reading МАНЕВА, Елица

МАНЕВА, Лилјана

МАНЕВА, Лилјана (Скопје, 16. Ⅳ 1917) – комунистички деец и првоборец. Завршила гимназија во Скопје, а студирала во Белград и на Филозофскиот факултет во Скопје. Како член на СКОЈ и КПЈ (од 1940), член на МК на СКОЈ (1941) и на МК на КПЈ во Скопје (од крајот на 1941). била уапсена (декември 1941 –… Continue reading МАНЕВА, Лилјана

МАНЕВСКИ, Благоја

МАНЕВСКИ, Благоја (Скопје, 9. Ⅳ 1957) – сликар, професор на Факултетот за ликовни уметности, еден од носителите на постмодернистичките тенденции од осумдесеттите. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (1986). Излагал самостојно и групно во Скопје, Белград, Париз, Рим, Минхен, Токио, Лос Анџелес. Користи разни ликовни форми од сликарството, објект, цртеж, фотографија, инсталација, амбиент,… Continue reading МАНЕВСКИ, Благоја

МАНЕВСКИ, Михајло

МАНЕВСКИ, Михајло (Башино Село, Велешко, 24. ⅩⅠⅠ 1937) & правник. Основното и средното образование го завршил во Велес, а Правниот факултет во Скопје (1960). Работел во обвинителството, во судството и во државната власт. Бил заменик јавен обвинител на Македонија (1976&1984 и 2000&2002), министер за правосудство и управа во ИС на СРМ (1986&1991), претседател и член… Continue reading МАНЕВСКИ, Михајло

МАНЕВСКИ, Стефан

МАНЕВСКИ, Стефан (Скопје, 25. ⅩⅠⅠ 1934 – Скопје, 12. Ⅷ 1997) – скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Придонел во збогатувањето на регистарот на апстрактните форми. Дипломирал (1960) и магистрирал (1963) на Академијата за ликовни уметности во Бел-град. Ретроспективна изложба имал во Скопје (МСУ, 1999). Неговите почетоци (1963/64) се врзани за инвентивната… Continue reading МАНЕВСКИ, Стефан

МАНИ

МАНИ (Мани) – најстар вид и најкуса турска поетска творба. Со оглед на тоа што старите пишувани извори не посветувале доволно внимание на производите на народната литература, с“ уште не е расветлено прашањето околу потеклото и историјата на овој вид поезија. Називот мани потекнува од арапскиот збор ма’на (значење). Како најрано сведоштво за нивно постоење… Continue reading МАНИ

МАНИВИЛОВ ПРЕСПАНСКИ, Наум

МАНИВИЛОВ ПРЕСПАНСКИ, Наум (Љубојно, 18. Ⅶ 1934 – Скопје, 8. Ⅹ 1961) – поет. Завршил средно образование. Работел како новинар во в. „Млад борец“. Член на ДПМ од 1960. Неговата поезија, иако прекината со прераната трагична смрт, остави силен печат во тогашната развојна ета-па на македонската лирика; таа е исполнета со младешки жар и копнеж… Continue reading МАНИВИЛОВ ПРЕСПАНСКИ, Наум

МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ (1943). По капитулацијата на Италија (почеток на Ⅸ 1943) се создала нова ситуација и се наметнала потреба за обнародување на крајната цел на оружената борба на НОД во Вардарскиот дел од Македонија. За донесување таков политички документ од историМанифестот на ГШ на НОВ и ПОМ (1943) ско… Continue reading МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе

МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе – историчар на уметноста, археолог и музеолог. Повеќе години вршел ископувања и истражувал во Стоби. Во доменот на историјата на уметноста, познати се неговите теренски белешки од Охрид со утврдени податоци за малите цркви, како и неговиот осврт за „Св. Софија“ во Охрид. БИБ.: Света Софија у Охриду, „Старинар“, Ⅵ, Београд, 1931,… Continue reading МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе

МАНОВ, Дионис

МАНОВ, Дионис (Валандово, 29. Ⅶ 1934) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Студирал на Електротехничкиот факултет во Загреб, дипломирал во 1958 г. По дипломирањето се вработил во фабриката за електрични производи „Југ“ во Скопје. Во 1964 г. се вработил во Рудници и железарница „Скопје“. Од 1961 до 1967 г. бил вработен како асистент… Continue reading МАНОВ, Дионис

МАНОЈЛОВ, Панде

МАНОЈЛОВ, Панде (Породин, Битолско, 2.05.1948) – поет, раскажувач, критичар. Завршил Правен факултет во Скопје. Работи во Редакцијата на „Битолски весник“. БИБ.: Црвен немир во црвено пламти, поезија, Битола, 1971; Соѕвездие на болот, поезија, Битола,1977; Огнена земја, поезија, Битола, 1983; Блажевина, поезија, Битола, 1988; Обид да се влезе во нулата, раскази, Ск., 1996; Лет во сонот… Continue reading МАНОЈЛОВ, Панде

МАНОЛЕВ, Иван М

МАНОЛЕВ, Иван М. (Кукуш, 6. ⅩⅠⅠ 1871 – Софија, 9. И 1930) – учител, член на ТМОРО. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија (1891) и словенска филологија во Софија (1896). Бил учител во Гевгелија (1898–1899) и член на ОК на ТМОРО во истиот град. Од 1901 г. бил во четата на Гоце Делчев при неговата позната… Continue reading МАНОЛЕВ, Иван М

МАНОЛЕВ, Миле Илиев

МАНОЛЕВ, Миле Илиев (Стру-мица, 9. Ⅹ 1948) – бригаден гене-Миле Манолев рал на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Струмица. Воздухопловна воена академија на ЈНА завршил во Белград и во Мостар. Бил пилот на ловечка авијација и командир на авијациско одделение. Командноштабна школа завршил во Белград. Ја вршел должноста командант на ВВО и ПВО,… Continue reading МАНОЛЕВ, Миле Илиев

МАНТОВО

МАНТОВО – вештачка акумулација во горниот тек на р. Крива Лакавица, изградена во 1978 г. Браната е земјено-насипна со височина од 49,5 м, должина во круната 138 м и кота на круната од 406,5 м н.в. Има вкупна зафатнина 3 од 54,4 мил. м вода. Акумулираната вода се користи за наводнување на околу 4.700 ха… Continue reading МАНТОВО

МАНТОВО

МАНТОВО“ – камено-земјена брана со глинено јадро, изградена во 1975 г., на реката Лакавица, клучен објект во хидромелиоративниот систем „Мантово“, за наводнување на Радовишко Поле. Браната е висока 37,5 м, во круната долга 138 м, со вкупен волумен 3 на телото 161.000 м (камен и земја), формира акумулација од 47,5 3 милиони м . Придружни… Continue reading МАНТОВО

МАНУИЛ

МАНУИЛ (Ⅺ в.) – тивериополски епископ (крајот на Ⅺ в.). Како монах го подигнал храмот на манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во с. Велјуса, Струмичко, што е посведочено со зачуваниот натпис над западната врата на нартексот на првобитната црква (1080). Архитектурата на Мануиловото завештание и стилско-ликовните особености на фреските укажуваат на негова припадност на Охридската школа.… Continue reading МАНУИЛ

МАНЧЕ, Лефтер Методиев

МАНЧЕ, Лефтер Методиев (Лефтер Мантсе) (с. Загоричани, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 29. Ⅸ 1935) – естетски хирург, трансплантер, унив. професор. Бидејќи татко му Методи Џидров бил затворен во Грција (1945–1961), а мајка му и тројцата браќа (како партизани) биле убиени во Граѓанската војна, бил одгледан од мајкината сестра Јана Манчева, по која го носи… Continue reading МАНЧЕ, Лефтер Методиев

МАНЧЕВ, Васе

МАНЧЕВ, Васе (с. Робово, Струмичко, 20. Ⅱ 1949) – раскажувач, романсиер, поет, драмски писател, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Белград. Доктор по филолошки науки. Бил уредник на сп. „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ (1980). БИБ.: „Суша и душа“ (раскази, 1977), „Подгорен корен“ (раскази, 1979), „Клето лето“ (раскази, 1983), „Јадигар“ (драма, 1984),… Continue reading МАНЧЕВ, Васе

МАНЧЕВ, Томе

МАНЧЕВ, Томе (Гевгелија, 25. Ⅳ 1950) – композитор. Дипломира (1979) на Одделот по композиција Томе Манчев на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Вл. Николовски). Престојува (1977) на Семинарот по композиција во Грожњан (Хрватска) што го води В. Лутославски. Меѓу многуте млади композитори единствено М. и неговото дело побудиле внимание кај Лутославски. Потоа престојува… Continue reading МАНЧЕВ, Томе