МАНАКОВИЌ, Душан

МАНАКОВИЌ, Душан (Скопје, 19. Ⅲ 1924 – Скопје, 12. Ⅷ 1995) – географ, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, Институт за географија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Активно учествувал во Народноослободителната војна од 1944 година. По демобилизацијата во 1946 год. работел како службеник во текстилната фабрика „Прогрес“, а од 1948 г. во Министерството за… Continue reading МАНАКОВИЌ, Душан

МАНАСИЕВ

МАНАСИЕВ (ВЕЧЕРИН), Кирил Стефанов (Гевгелија, 23. Ⅵ 1909 – Софија, 18. Ⅳ 1936) – македонски културно-национален и општествено-политички деец, поет, прозаист и драмски автор. Внук од брат на илинденскиот револуционер Аргир Манасиев. Учи во гимназијата во родниот град. По војните со семејството се преселува во Софија (1924) и го започнува страдниот живот на бегалецот поет.… Continue reading МАНАСИЕВ

МАНАСИЕВ, Аргир Н

МАНАСИЕВ, Аргир Н. (с. Сеово, Гевгелиско, 1873 – Горна Џумаја, 7. Ⅸ 1932) – учител, учесник во Илинденското востание, гевгелиски околиски војвода. Ја завршил Католичката гимназија во Зејтенлик (Солунско). Бил учител во Ново Село и во Негован (Солунско), во Смоквица (Гевгелиско) и на др. места. Член на МРО станал во 1894 г. Од Ⅷ 1901… Continue reading МАНАСИЕВ, Аргир Н

МАНАСИЕВСКИ, Јован

МАНАСИЕВСКИ, Јован (Гостивар, 21. Ⅴ 1968) – политичар. Завршил Филозофски факултет (Катедра по социологија) во Скопје. Бил министер за труд и социјална политика и министер за одбрана (2002–2006), пратеник во Собранието на РМ и претседател на Либерално-демократската партија (од 2008). Р.

МАНАСИЕВСКИ, Јован

МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев (с. Голате, Гостиварско, 27. И 1943) – генерал-потполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Гостивар, а Воена академија на ЈНА во Бањалука. Офицерската кариера ја започнал како командир на тенковски вод и чета, а потоа командант на оклопен баталјон и на оклопна бригада. Завршил Командноштабна академија и школа за народна… Continue reading МАНАСИЕВСКИ, Јован

МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев

МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев (с. Голате, Гостиварско, 27. И 1943) – генерал-потполковник на АРМ. Основно и средно училиште завршил во Гостивар, а Воена академија на ЈНА во Бањалука. Офицерската кариера ја започнал како командир на тенковски вод и чета, а потоа командант на оклопен баталјон и на оклопна бригада. Завршил Командноштабна академија и школа за народна… Continue reading МАНАСИЕВСКИ, Јован Јанакиев

МАНАСКОВ, Пепи

МАНАСКОВ, Пепи (Велес, 19. Ⅷ 1964) – ракометар. Завршил Виша земјоделска школа во Битола (1989). Бил член на Ракометниот клуб „Борец“ во Велес (1980–1983). Играл за РК „Пелистер“ во Битола (1983–1990), потоа во Франција, Германија и Словенија (осум години) и во неколку домашни екипи (1983– 2006). Бил репрезентативец на Југославија (од 1985) и на МакедонијаContinue reading МАНАСКОВ, Пепи

МАНАСТИР

МАНАСТИР – наоѓалиште на травертин. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од с. Манастир. Наоѓалиштето е многу специфично, би-дејќи тоа претставува еден плиоценски седиментационен басен, во кој покрај видовите бигор што се јавуваат во форма на плочи со дебелина и до 10-на метри, во него има и наоѓалишта на дијатомејска земја. Имено, станува збор… Continue reading МАНАСТИР

МАНАСТИРСКИ БОЛНИЦИ

МАНАСТИРСКИ БОЛНИЦИ. Средновековната медицинска доктрина пропагирана од Византија била под контрола на црквата и на нејзините сфаќања што се испреплетувале со проверените медицински знаења. Почетоците на средновековната медицина се јавуваат по црквите и во манастирите. Првите манастирски болници биле пред сè хуманитарни установи, во кои се спроведувала духовна и телесна медицина и им се давале… Continue reading МАНАСТИРСКИ БОЛНИЦИ

МАНАСТИРСКИ БОЛНИЦИ.

МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО С.-ПЕТЕРБУРГ – најзначајната македонска национална и научно-културна асоцијација во периодот до Ослободувањето, што се зема и како историска основа на МАНУ. Основано на 28. Х 1902 г. во С.-Петербург од 19 потписници од сите краишта на Македонија (К. Мисирков, Д. Чуповски, Г. Константинович, Д. Мишајков, С. Дедов, М. Стоилов и др.).… Continue reading МАНАСТИРСКИ БОЛНИЦИ.

МАНГАРОВ, Игнат М

МАНГАРОВ, Игнат М. (Кратово, 1880 – Куманово, Ⅸ 1944) – учител, член на ТМОРО. Завршил педагошко училиште во Скопје (1898). Учителствувал во Гевгелија, Кр. Паланка и на др. места. Бил член на ОК на ТМОРО во Гевгелија (1904–1905). Подоцна бил затворен во Куршумли ан во Скопје (1910). Учествувал во Балканските војни. Бил убиен. ИЗВ. и… Continue reading МАНГАРОВ, Игнат М

МАНГОВ, Коле

МАНГОВ, Коле (с. Баница, Леринско, 2. Ⅶ 1940) – поет, публицист. Член на ДПМ (1977). Автор на збирките поезија: „Гладострав“ (1975), „Вик“ (1979). Покрај Чаповски, Гилевски и Јачев, темата на егејскиот егзодус поетски ја изразува и Мангов. Кон крајот на ⅩⅩ в. некогашниот поет на обездоменоста се свртува кон публицистиката и ги објавува своите книги… Continue reading МАНГОВ, Коле