МАКЕДОНСКА СЕКЦИЈА НА ИЕЕЕ

МАКЕДОНСКА СЕКЦИЈА НА ИЕЕЕ – членка на Институтот на инженерите по електротехника и електроника (Институте оф Елецтрицал анд Елецтроницс Енгинеерс) со повеќе од 350.000 членови во 150 држави. Цели: унапредување на теоријата и практиката во сите подрачја на електротехниката, електрониката и компјутерската техника и унапредување на стручната оспособеност на членовите. Др. Р.

МАКЕДОНСКА СЛЗА

МАКЕДОНСКА СЛЗА“ (Горна Џумаја, 6–25. ⅩⅠⅠ 1919) – независен орган на македонските бежанци во Горна Џумаја. Излегувал секоја среда и сабота. Го уредувале Т. Комитов (одговорен уредник) и Ј. шурков (уредник). Објавени се вкупно 5 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 73-74. С. Мл.

МАКЕДОНСКА СТОМАТОЛОШКА СЕКЦИЈА

МАКЕДОНСКА СТОМАТОЛОШКА СЕКЦИЈА – основана во 1966 г. во Скопје при Ст. ф., а од 2003 г. функционира како Македонско стоматолошко друштво. Одржани се 6 собири на стоматолозите на Македонија, конгрес на стоматолозите од Југославија, 3 конгреса на стоматолозите од Македонија и 4 симпозиума – трансфер на знаења. Од сите собири и конгреси се печатени… Continue reading МАКЕДОНСКА СТОМАТОЛОШКА СЕКЦИЈА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ДРУЖБА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ДРУЖБА (1890–1891) – културно-литературна и националнополитичка асоцијација на македонски студенти во Софија што стана јадро на послешната Млада македонска книжовна дружина. Во годините на бегства и прогонства на учениците и студентите од Македонија во Белград и во Софија, во процесот на созревањето на македонската национална мис-ла, група македонски студенти од Вишото училиште во… Continue reading МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ДРУЖБА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Политехничкиот институт во Торонто

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Политехничкиот институт во Торонто (Канада) – трета организација на студенти Канаѓани од македонско потекло во Торонто, односно во Сарборо и Кингстон, каде што живеат најголем број Македонци од сите делови на Македонија. Сл. Н.-К.

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Универзитетот Торонто

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА при Универзитетот Торонто. (Торонто, Канада, 1987 >) – посебна улога во организирањето и работата на оваа студентска организација одиграла Катедрата по македонски јазик. Бројот на студентите од македонско потекло на Универзитетот се движи од 250 до 300. Македонската студентска организација соработува со повеќе други етнички студентски организации. Сл. Н.-К.

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ТРИБУНА“ (Софија, И, 1 јуни 1932 –Ⅱ, 3, 5. Ⅳ 1933) – орган на македонското студентство – ратник за МОНСС. Се печати на бугарски јазик во тираж од 1500 примероци под редакција на К. Иванов шКоњаровќ, К. Веселинов, К. Николов, М. Сматракалев и В. Хаџикимов. Неофицијален орган на ВМРО(Об), забранет. Продолжува како „Македонска… Continue reading МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА

МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА., билтен & орган на Одборот за макед. научна и стручна терминологија при МАНУ, организиран од Бл. Конески (1968) за да работи врз проектот како најприоритетна задача на МАНУ, со цел да создаде средство за научна комуникација и предавање знаења во педагошкиот процес. Од 1969 г. се работи врз овој макропроект со околу 30… Continue reading МАКЕДОНСКА ТЕРМИНОЛОГИЈА

МАКЕДОНСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА ТРИБУНА“ (Индијанополис, Индијана, САД, 10. Ⅱ 1927 – 1. Ⅺ 1983 и Форт Вејн, Индијана, САД, 17. Ⅺ 1983 –) – неделен весник, орган на Сојузот на македонските политички организации во САД и Канада, на бугарски и англиски. Првин го уредувал Борис Зографов, потоа Л. Димитров и др. Излегувал секој четврток. Првин бил под… Continue reading МАКЕДОНСКА ТРИБУНА

МАКЕДОНСКА ФЕДЕРАТИВНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА ФЕДЕРАТИВНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (1922) – илегална македонска емигрантска организација во Бугарија. Основана од некогашни војводи на ВМРО и блиски соработници на Т. Александров: С. Мишев, С. Иванов, Г. Циклев, Т. Паница и К. Зографов. Формирале ЦК и Задгранично претставништво. Кон крајот на 1922 г. раководството на МФРО било разбиено од ВМРО: дел биле убиени,… Continue reading МАКЕДОНСКА ФЕДЕРАТИВНА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА – единствена институција за симфониско музицирање во РМ. Како датум на нејзиното раѓање се смета 24. Ⅺ 1944 кога група музичари на чело со диригентот Тодор Скаловски, а по директива на тогашниот Агит-проп, одлучува да се основа симфониски оркестар. Првобитно составен од триесетина музичари, со диригентите Т. Скаловски и Т. Прокопиев, во почетокот… Continue reading МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ – прва организирана берза на хартии од вредност во РМ. Македонската берза за хартии од вредност (МБХВ) го организира тргувањето со хартии од вредност во РМ. Таа е основана на 13. Ⅸ 1995 г. од 13 банки, 3 осигурителни друштва и 3 штедилници, како акционерско друштво што… Continue reading МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ

МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА

МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА. Со првите филм-ски проекции одржани во 1897 г. и со творештвото на браќата Манаки започнува историјата на македонската кинематографија. Периодот до крајот на Втората светска војна е именуван како период на спонтана кинематографија. И со киноприкажување и со снимање донската емиграција во Бугарија. Сцена од филмот „Време & води“ (1978) Со Уставот на… Continue reading МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА

МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО ПЕТРОГРАД

МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО ПЕТРОГРАД (1912 – 1917) – неформална асоцијација на Македонците во руската престолнина што се конституира во моментот непосредно пред објавувањето на Првата балканска војна (1912), кога се почувствува опасноста за дележ на татковината од балканските соседи и неопходноста за легитимен легален колективен фактор за настап пред руската и свет-Димитрија Чуповски во студентската… Continue reading МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО ПЕТРОГРАД

МАКЕДОНСКАТА ЛИГА

МАКЕДОНСКАТА ЛИГА – националноослободителна организација на македонските емигранти во Бугарија, конституирана по задушувањето на Кресненското македонско востание. Кон крајот на 1879 г. во Русе (Бугарија) е основана Бугарско-македонска лига за ослободување на Македонија. Кога во Цариград започнува да работи Европската комисија за реформи во Македонија, охриѓанецот Васил Дијамандиев и велешанецот Георги А. Георгов ја формираат… Continue reading МАКЕДОНСКАТА ЛИГА

МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА. На почвата на Македонија, од античкиот период и низ столетијата на средниот век, како и во идните историски раздобја, се одигрувале значајни музички настани, релевантни за народите што ја населувале оваа земја, но и за оние од соседните и од подалечните земји. Музичкото минато на Македонија недоволно е истражено и проучено. Тоа особено… Continue reading МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА

МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СТУДЕНТСКА ГРУПА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СТУДЕНТСКА ГРУПА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (1919–1934) – асоцијација на студентите формирана во Софија како Македонска студент-ска група „Гоце Делчев“ (1919), но во времето на политичките убиства на Македонците во Бугарија (1923), кога е ликвидиран и нејзиниот претседател Таралјамов, Групата привремено ја прекинува дејноста. Кога тие убиства го стигнуваат врвот, „независните студенти на Софискиот државен… Continue reading МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СТУДЕНТСКА ГРУПА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА – историска категорија што во две фази го обележува развојниот пат на македонскиот народ: а) етнокултурна и б) национално-политичка и социјално-економска фаза. Современиот македонски народ како општествено-економска и културно-политичка формација на Балканот го започнува своето обликување врз основа на историските традиции и античките митологии и државотворно почнува да се обликува со создавањето на… Continue reading МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА (МПЦ). Свештеничкиот собор во Издеглавје (21. Ⅹ 1943) усвоил Резолуција за возобновување на Охридската архиепископија како МПЦ. Одлука за тоа донесол и Првиот црковнонароден собор во Скопје (4. Ⅲ 1945). Возобновувањето на Охридската архиепископија и прогласувањето на МПЦ било извршено со Одлука на Вториот црковно-народен собор во Охрид (4–6. Ⅸ 1958). Српската… Continue reading МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ БИСЕР“ – традиционален меѓународен турнир во борење слободен стил. Отпрвин се одржувал како „Струшки бисер“ (1977–1983). Поради големиот интерес, Сојузот на борачките спортови решил да се држи и во други градови заради популаризација на овој спорт, под назив „Македонски бисер“. Со учество и на некои од најсилните репрезентации на земјите од светот, натпреварите досега… Continue reading МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ БРОД – град во западниот дел на РМ со 3740 ж. (2002 г.). Се наоѓа во јужниот дел на областа Порече, од двете стра-ЛИТ.: Државен архив на Република Македонија 1951-2006, Скопје, 2006. С. Мл. Македонски Брод ни на р. Треска, на надморска височина од околу 530 м. Зафаќа површина од 170 ха. Има умереноконтинентална… Continue reading МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ БРОД – град во западниот дел на РМ со 3740 ж. (2002 г.). Се наоѓа во јужниот дел на областа Порече, од двете стра-ЛИТ.: Државен архив на Република Македонија 1951-2006, Скопје, 2006. С. Мл. Македонски Брод ни на р. Треска, на надморска височина од околу 530 м. Зафаќа површина од 170 ха. Има умереноконтинентална… Continue reading МАКЕДОНСКИ