КЛЕОПАТРА (Клеопатра) (втората половина наⅤв. пр. н.е.) – сопруга на македонскиот крал Архелај Ⅰ и мајка на малолетниот наследник на македонскиот престол Орест. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Н. Г. Л. Хаммонд, Г. Т. Грифитх, АХисторѕ оф Мацедониа Ⅱ, Оџфорд, 1979. К. М.-Р. Клеопатра Ⅶ
Архиви: Енциклопедија
Description.
КЛЕОПАТРА
КЛЕОПАТРА Ⅶ (Клеопатра) (69 – 10. Ⅷ 30 пр. н.е.) – египетска кралица од македонско потекло, последен владетел од македонската династија на Птолемаидите, ќерка на Птолемај Ⅻ. Првин владеела со Египет заедно со брана предводниците Гај Јулиј Кајсар и Гај Помпеј, таа го помогнала Помпеј со бродови, војници и храна (49 п.н.е). Насилно била симната… Continue reading КЛЕОПАТРА
КЛЕОПАТРА Ⅶ
КЛЕОПАТРА Ⅶ (Клеопатра) (69 – 10. Ⅷ 30 пр. н.е.) – египетска кралица од македонско потекло, последен владетел од македонската династија на Птолемаидите, ќерка на Птолемај Ⅻ. Првин владеела со Египет заедно со брана предводниците Гај Јулиј Кајсар и Гај Помпеј, таа го помогнала Помпеј со бродови, војници и храна (49 п.н.е). Насилно била симната… Continue reading КЛЕОПАТРА Ⅶ
КЛЕПА
КЛЕПА (Кале) – античко утврдување и светилиште, посветено на Артемида и Аполон. Се наоѓа југозападно од Велес близу до с. Скачинци. Покрај тврдинските ѕидини е откриена и градба со остатоци од фрагменти од статуи на божествата. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Античко светилиште на тврдината на Клепа, ГЗФФ, 10, Скопје, 1983, 193–206. В. Б.-Гр.
КЛЕТВА
КЛЕТВА -. краток жанр на усното народно творештво. Како и благословот, генетски е сврзана со верувањето во магичната моќ на зборот. Користи магиски формули во кои се содржани зли пожелби за да му се случи несреќа на лицето на кое му е упатена. Се среќава во форми како: Цел свет да изодиш, гол бос да… Continue reading КЛЕТВА
КЛЕТНИКОВ, Ефтим
КЛЕТНИКОВ, Ефтим (Негрево, 6. XI 1946) – поет, есеист, критичар, преведувач (Пушкин, Лермонтов, Расин, Валери). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Директор на СВП. „Во поезијата на Клетников, пишува В. Урошевиќ, има многу восхит, празнување, славење на блесокот и сјајот, но зад тоа мноштво од светли и химнични емоции се наѕира секогаш едно темно претчувство,… Continue reading КЛЕТНИКОВ, Ефтим
КЛИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА
КЛИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА. Во РМ се испреплетуваат маритимните и континенталните климатски влијанија и се судираат благата медитеранска со острата континентална клима на многу специфичен начин. Маритимните влијанија предизвикуват сушно и топло лето, а континенталните влијанија студена и влажна зима. Затоа, во Македонија се издвоени неколку карактеристични климатски региони: субмедитерански, регион со изразена транслатација на медитеранската… Continue reading КЛИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (840 – 27. Ⅶ 916) – светител, прв словен-ски епископ во Македонија, просветител и книжевник. Еден од најблиските ученици и соработници на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј. Изворите не даваат податоци за потеклото, местото и годината на неговото раѓање. Според неговото „Опширно житие”, напишано од охридскиот архиепископ Теофилакт (врз основа на… Continue reading КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
КЛИМЕНТ, митрополит
КЛИМЕНТ, митрополит (Никола Трајковски) (Битола, 3. Ⅷ 1912 – Битола, 2. Ⅰ 1979) – прв владика Македонец хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Основно образование и гимназија завршил во Битола, а Правен факултет во Белград и Софија. Бил избран за судија во Битолскиот суд. Патриотски и длабоко религиозно воспитан,… Continue reading КЛИМЕНТ, митрополит
КЛИМОВСКИ, Саво
КЛИМОВСКИ, Саво (Скопје, 13. Ⅵ 1947) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1970), каде што и магистрирал (1974), а докторската теза ја одбранил на Правниот факултет во Љубљана на темата „Самоуправните интересни заедници” (1978). На Правниот факултет во Скопје работел како асистент по… Continue reading КЛИМОВСКИ, Саво
КЛИНИКИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
КЛИНИКИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР. Во 1919 г. е формирана Државната болница во Скопје во рамките на старата Воена болница. Во 1928 г. таа е преселена на сегашниот локалитет и постепено се здобива со нови згради. Во Ⅱ светска војна името било променето во Земска болница. Во 1947 г. со формирањето на Мед. ф. во… Continue reading КЛИНИКИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
КЛИНИЧКА ФАРМАКОЛОГИЈА
КЛИНИЧКА ФАРМАКОЛОГИЈА -. посебна здравствена специјалност во траење од 3 години за лекари со завршен лекарски стаж и положен државен испит, воведена во РМ во 1975 г., со првиот специјалист проф. д-р Б. Никодиевиќ. Бр. Н.
КЛИНКАРОВ, Петар
КЛИНКАРОВ, Петар (Велес, 4. Ⅹ 1943) – новинар. Во Радио Скопје е од 1965 г. Бил дописник на Радио Скопје од Белград (1971–1981). По доаѓањето во Скопје работел како уредник-коментатор и извршувал задачи на одговорен уредник на Првата програма и заменик-директор, главен и одговорен уредник на Македонското радио. Ав-тор е на емисијата „Студио 7” и… Continue reading КЛИНКАРОВ, Петар
КЛИНКМАН, Хорст Валтер
КЛИНКМАН, Хорст Валтер (Тетеров, Германија, 7. Ⅴ 1935 г.) – интернист-нефролог, редовен проф. на Унив. во Росток, академик. По усовршувањето во подрачјето на нефрологијата во Лунд (шведска) и во Салт Лејк Сити (САД) во под-рачјето на вештачките органи, се посветува на изучување на дијализата како метод за лекување на ТБИ, конструкцијата на вештачки бубрег и… Continue reading КЛИНКМАН, Хорст Валтер
КЛИНЧЕ, Атила
КЛИНЧЕ, Атила (Гостивар, 30. Ⅹ 1958) – актер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982), каде што е примен за асистент по техника на говорот; актер во Турскиот театар и негов директор (2002–2006). УЛО.: Мемед (во истоименото дело), Цибра во „Тетовирани души”, Енкиду во „Гилгамеш”, Човекот во „Куќа на граница”, Реџеп-ага во „Хурем… Continue reading КЛИНЧЕ, Атила
КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева
КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева (Скопје, 24. Ⅶ 1939) – редовен професор (1997) на ПМФ (Институт за хемија). Преминала на работа на Фармацевтскиот факултет во Скопје и заминала во пензија во 2002 г. Дипломирала (1962), магистрирала (1979) и докторирала (1984) во Скопје. Изведувала настава по органска хемија, органска стереохемија и хетероциклична хемија за студенти по хемија и… Continue reading КЛИСАРОВА, Лилјана Ѓорѓиева
КЛИТ
КЛИТ.: Васил Куноски, Лимани Јаја Каба (1924–1945), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 204–209; Народните херои од Македнија, „Починка”. Прилог на „Нова Македонија”, Скопје, 11. Ⅹ 1976, 8; Садо Хаме, Лиман Каба, Схкуп, 1978; Љутви Руси, Лиман Каба, Скопје, 1980. С. Мл.
КЛУКАЈДРВЦИ
КЛУКАЈДРВЦИ (Пицидае) – фамилија мали, до средно големи птици од редот детловидни птици (Пициформес), од кои во Македонија се регистрирани 10 видови: вртивратка (Јѕнџ торљуилла), црн клукајдрвец (Дрѕоцопус мартиус), тропрст клукајдрвец (Пицоидес тридацтѕлус), голем шарен клукајдрвец (Дендроцопус мајор), белогрб шарен клукајдрвец (Дендроцопус леуцос), сири-Клукајдрвец ски шарен клукајдрвец (Дендроцопус сѕриацус), мал шарен клукајдрвец (Дендроцопус минор), средноголем… Continue reading КЛУКАЈДРВЦИ
КЛУЧКА ХИПОДРОМ
КЛУЧКА ХИПОДРОМ –. некропола со горени покојници од самиот преод кон железното време (XI в. пр. н.е.). Се наоѓа на источната периферија на Скопје, откриена при градежни работи за изградба на автопат. Досега е истражен само дел од неа, со вкупно 11 гробови. Ритуалот на погребувањата подразбира кремирање на покојниците во рамките на некрополата и… Continue reading КЛУЧКА ХИПОДРОМ
КЉУСЕВ, Никола
КЉУСЕВ, Никола (Штип, 2. Ⅹ 1927 – Скопје, 17 И 2008) – економист, научен истражувач, унив. професор, општественик, државник, литерат, академик. Основно училиште и гимназија завршил во родното место. Дипломирал на Економскиот факултет во Бел-град (1953), каде што го одбранил докторатот од областа на економските науки (1964). По дипломирањето се вработил (1953) во Институтот за… Continue reading КЉУСЕВ, Никола
КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО
КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО. Во изворите од ⅩⅤⅠ в. во Кратово се спомнуваат кнежевските семејства Бојчиќевци и Пепиќевци, познати по својата дарежливост кон манастирите и црквите во Македонија. Кнезот Димитрија Пепиќ бил еден од закупувачите на кратовските рудници, а се чини и ги раководел собирите на рударите и ги решавал нивните спорови. Кон средината на… Continue reading КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО
КНИЖНИ ВОшКИ И СЕНОЈАДИ
КНИЖНИ ВОшКИ И СЕНОЈАДИ (Псоцоптера-Цорродентиа) – ситни инсекти без крилја. Телото им е долго од 0,5 до 6 мм. Имаат устен апарат за грицкање. Според големината и бојата (како прав), ги нарекуваат и прашни вошки. Во светот ги има околу 2.600 видови. Во Македонија се познати 48 таксони од две фамилии, меѓу кои, видот Липосцелис… Continue reading КНИЖНИ ВОшКИ И СЕНОЈАДИ
КНЧОВ, Васил
КНЧОВ, Васил (Враца, Бугарија 4. Ⅶ 1862 – Софија, 22. Ⅰ 1902) – бугарски етнограф. Основно образование завршил во Враца, гимназија во Лом; студирал хемија на Харковскиот универзитет и хемиска технологија на универзитетите во Минхен и штутгарт (1885– 1888). Потоа доаѓа да работи во Македонија, и тоа најпрвин како учител во Солунската гимназија, каде што… Continue reading КНЧОВ, Васил
КОВАЧ, Бане
КОВАЧ, Бане (Скопје, 12. XI 1919 – Скопје, 15. Ⅴ 1983) – еден од првите новинари и стенографи во Македонија. Завршил Трговска академија во Скопје. Учесник во напредното движење, од крајот на 1941 до септември 1944 г. во затвор во Бугарија. Иницијатор и директор на првата едногодишна Новинарска школа во Македонија со 40 слушатели (1950).… Continue reading КОВАЧ, Бане