КЛЕТВА

КЛЕТВА -. краток жанр на усното народно творештво. Како и благословот, генетски е сврзана со верувањето во магичната моќ на зборот. Користи магиски формули во кои се содржани зли пожелби за да му се случи несреќа на лицето на кое му е упатена. Се среќава во форми како: Цел свет да изодиш, гол бос да си дојдеш! Да просиш, да се раниш! итн. Обично се сметаат за наивни и безопасни, држејќи се за премисата Зборот дупка не прави. За најопасни се сметаат мајчината, татковата (Од мајчина клетва фаќа и не, ама татко кога ќе проколне…) и кумовата клетва. Може да биде инкорпорирана во песна, во предание или во приказна. ЛИТ.: Марко Китевски, За некои кратки говорни народни умотворби од Кумановско, Прилози за македонскиот фолклор, Скопје, 1989; истиот, На клетва лек нема, Скопје, 1991. Б. В. та си Птолемај ⅩⅠⅠⅠ (51-49 пр. Скица на доцноантичкото градиште, Кале (Клепа), с. Долно Чичево – (според И. Микулчиќ) н.е.). Во римската граѓанска војна Ефтим Клетников