КАРАМАН, Станко (1889 – 1959) – основач на Природонаучниот музеј, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк. Дошол во Македонија (1924), работејќи на ихтиофауната и ја објавил својата студија Писцес Мацедониае. Објавил повеќе од 120 научни трудови во кои ја обработува таксономијата на рибите, птиците, влекачите и многу групи од раковидните организми. Најголемиот број од… Continue reading КАРАМАН, Станко
Архиви: Енциклопедија
Description.
КАРАМАНДИ, Елпида
КАРАМАНДИ, Елпида (Пида) Ставрева (псевд. Бисера и Нада) (Лерин, 1. Ⅰ 1920 – Битолско, 3. Ⅴ 1942) – студент и револуционер, првоборец и народен херој. Од раното детство живеела во Битола, Елпида Караманди кадешто завршила гимназија. Како студент била учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет (1938). Како член на СКОЈ (1939) и на… Continue reading КАРАМАНДИ, Елпида
КАРАМАНОВ, Ацо
КАРАМАНОВ, Ацо (Александар) (Радовиш, 31. Ⅰ 1927 – височината кај с. Стојмирово, Беровско, ноќта помеѓу 9/10. Ⅹ 1944) – ученик, поет, раскажувач, романсиер и револуционер. Како поштенски службеник, со татко Ацо Караманов му со семејството се селеле од место во место и кога имал само три месеци неговото патешествие продолжило во Белград, Песка, Валево, Чачак,… Continue reading КАРАМАНОВ, Ацо
КАРАН
КАРАН (Каранос) – прв и еден од тринаесетте македонски митолошки кралеви пред историскиот крал Пердика И, претставен како основоположник на првата македонска кралска династија. Митот за него ја објаснува симболиката на козата кај Македонците и посебно на кралскиот двор. Неговото челно вметнување на кралската листа во македонската традиција веројатно потекнува од времето на владеењето на… Continue reading КАРАН
КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко
КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко (Брусник, Битола, 1921 – Македонски Брод, 3. Ⅱ 1977) – првоборец, генерал-полковник на ЈНА. Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Во војната учествувал од 1941 г. Бил член на СКОЈ (1941) и член на КПМ (1943), командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија. По… Continue reading КАРАНЃЕЛЕСКИ, Васко
КАРАНОВ, Ефрем Цветков
КАРАНОВ, Ефрем Цветков (Кратово, 28. Ⅰ 1852 – ќустендил> 6. Ⅻ 1927) – просветен деец, книжевник, историчар, фолклорист, етнограф, преведувач, учител и револуционерен активист. Завршува прогимназија во Цариград (1867) и класична гимназија во Одеса (1872), а словенска филологија на Новорусискиот универзитет (Одеса, 1874). Работи како учител во Штип (1875–1877), но Турците го набркале од страв… Continue reading КАРАНОВ, Ефрем Цветков
КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев
КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев (Скопје, 1. Ⅱ 1922 – Скопје, 25. Ⅷ 1992) – полковник, спец. интернист. Се запишал на Мед. ф. во Софија (1943/44), но заминал во НОБ и учествувал во борбите на Сремскиот фронт. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1949), како воен питомец, а специјализирал на ВМА. Бил управник на ВБ во Ниш… Continue reading КАРАНОВСКИ, Душан Димитриев
КАРАНФИЛ, ГАЛИЧИЧКИ
КАРАНФИЛ, ГАЛИЧИЧКИ (Диантхус галицицае Мицевски) – локален ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили). Се развива на планината Галичица – Војтина, на варовничка геолошка подлога. Вл. М. КАРАНФИЛ, ЈАБЛАНИЧКИ
КАРАНФИЛ, ЈАКУПИЧКИ
КАРАНФИЛ, ЈАКУПИЧКИ .(Диантхус јацупиценсис (Косанин) Мицевски) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили), познат за високопланинскиот појас на планината Јакупица– Солунска Глава, Марина Дупка. Вл. М. Кајмакчалански каранфил
КАРАНФИЛ, КАЈМАКЧАЛАНСКИ
КАРАНФИЛ, КАЈМАКЧАЛАНСКИ (Диантхус кајмактзаланицус Мицевски) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили) опишан од академик Кирил Мицевски од планината Ниџе – Кајмакчалан. Вл. М.
КАРАНФИЛ, КАПИНСКИ
КАРАНФИЛ, КАПИНСКИ .(Диантхус капинаенсис Маркг. – Линдтн.) – ендемит во флората на РМ од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили), ограничен во долниот тек на реката Треска, Македонски Брод–Барбарос, Поречието–Капина, Оча и околината на Скопје–с. Нова Брезница. Вл. М. КАРАНФИЛ, МАКЕДОНСКИ
КАРАНФИЛ, ОХРИДСКИ
КАРАНФИЛ, ОХРИДСКИ (Диантхус охриданус Мицевски) – локален македонски флористички ен-демит од планината Галичица, од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили), откриен и опишан од академик Кирил Мицевски. Вл. М. КАРАНФИЛ, ПЕЛИСТЕРСКИ
КАРАНФИЛ, СКОПСКИ
КАРАНФИЛ, СКОПСКИ (Диантхус скопјенсис Мицевски) – македонски флористички ендемит од фамилијата Царѕопхѕлацеае (каранфили), познат за клисурата на реката Треска (меѓу Козјак и с. Нова Брезница). Вл. М.
КАРАНФИЛОВ, Ванчо
КАРАНФИЛОВ, Ванчо (село Ораовица, Радовишко, 10. IX 1956) – стрелец. На Параолимписките игри во Сиднеј (Австралија, 2000), во дисциплината МК пиштол слободен избор, го зазел петтото место, а во Атина (Грција, 2004) освоил сребрен медал. На Светското првенство во Сантандер (шпанија, 1998) бил втор, а во Хвасунг (Јужна Кореја, 2002) поединечно второ и двапати трето… Continue reading КАРАНФИЛОВ, Ванчо
КАРАНФИЛСКИ, Борислав Трајков
КАРАНФИЛСКИ, Борислав Трајков (Куманово, 31. Ⅶ 1928) – патофизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал медицина во Скопје (1956). Докторирал на темата за влијанието на слезенката во прометот на маркираните еритроцити (1961). Во постдипломската настава го предавал предметот по нуклеарна медицина (1980). Директор на Институтот и шеф на Катедрата по патофизиологија со нуклеарна… Continue reading КАРАНФИЛСКИ, Борислав Трајков
КАРАНЏУЛОВ, Иван
КАРАНЏУЛОВ, Иван (Прилеп, 1856 – Софија, 5. Ⅴ 1930) – претседател на Извршниот комитет, а потоа на Националниот комитет на македонските братства, пратеник во бугарското Народно собрание и главен обвинител на Врховниот суд. Се школувал во Цариград и правни науки завршил во Франција. Како долгогодишен претседател на Комитетот, одржувал блиски врски со ВМРО на Т.… Continue reading КАРАНЏУЛОВ, Иван
КАРАНЏУЛОВ, Никола
КАРАНЏУЛОВ, Никола (Прилеп, 1876 – с. Селце, Прилепско, 28. Ⅶ 1904) – учител и револуционер. Се школувал во Прилеп, Битола, ќустендил и во Загреб. Како учител во Прилеп (1898–1899) раководел со ОК на ТМОРО. Учителствувал во Куманово и во К. Паланка. Бил уапсен (Ⅲ 1903), но избегал од затворот во Битола. Учествувал на Прилепскиот конгрес… Continue reading КАРАНЏУЛОВ, Никола
КАРАСТОИЛОВ, Стојан
КАРАСТОИЛОВ, Стојан (Стојан војвода) (с. Старчишта, Неврокопско, 1848 – с. Кресна, 24. XI 1878) – војвода во Кресненското (македонско) востание (1878–1879). Пред Востанието бил ајдутски војвода во долината на р. Струма. По извршените подготовки, заедно со другите војводи, со 400 борци го нападнале османлискиот гарнизон во кресненските анови (5/17. Ⅹ 1878) и ослободиле 35 села… Continue reading КАРАСТОИЛОВ, Стојан
КАРАСУЛИЈАТА, Иван Христов
КАРАСУЛИЈАТА, Иван Христов (Дилбер Иванчо) (с. Карасулја, Солунско, 1875 – Тиквешијата, јули 1905) – гевгелиски околиски војвода на ТМОРО. Повеќе години дејствувал во Гевгелиско. Загинал во Тиквешко во борба со османлиска војска. Опеан е во неколку македонски народни песни. ЛИТ.: Иван=о Карасулиџта „Дилбер Иван=о”, „Македонски вести”, Но 24, Со-фиџ, 1935, 1–2. С. Мл.
КАРАТАШО-ЦАМИ, Димитар
КАРАТАШО-ЦАМИ, Димитар (Негуш, 1798 – Белград, 1861) – учесник во Негушкото востание во Македонија (1822), а по неговото задушување и во Грчкото востание. Бил полковник во грчката војска и аѓутант на грчкиот крал Отон. Го организирал востанието на Халкидик (1854), Јужна Македонија, и се потпишувал како „Главен шеф на Македонија”. Учествувал и во борбата за… Continue reading КАРАТАШО-ЦАМИ, Димитар
КАРАТАШО, Анастас
КАРАТАШО, Анастас (с. Добра, кај Бер, 1764 – Навпакт, 1830) – арматол од Јужна Македонија. Бо-рец против османлиското владеење во Македонија, еден од водачите на Негушкото востание (1822). По неупехот на Востанието заминал за островите Скопелос и Скјатос, каде што им се приклучил на грчките востаници. Учествувал во повеќе битки во кои се истакнал со… Continue reading КАРАТАШО, Анастас
КАРАТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
КАРАТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – нова спортска дисциплина кај нас. Доминираат два стила: шото-кан и вадо-рју. Карате сојуз на Македонија е формиран во Скопје, на чело со Цветан Цветковски (1972). Во него се регистрирани 15 клубови и 17 секции со околу 9000 членови, од кои 1305 натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Било организирано Првото првенство… Continue reading КАРАТЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
КАРАХАСАН, Мустафа
КАРАХАСАН, Мустафа (Мустафа, Карахасан) (Скопје, 1920 – Бел-град, 2002) – раскажувач, романсиер, книжевен критичар, драм-ски автор, истражувач од турската националност од РМ. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил професор, борец во НОБ (од 1941). Новинар во редакцијата на в. „Бирлик”, потоа и главен и одговорен уредник, директор на ОУ „Тефејуз” во Скопје, советник во Бирото… Continue reading КАРАХАСАН, Мустафа
КАРАЏА, Ташко
КАРАЏА, Ташко (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅱ 1914 – Солун, 23. Ⅴ 1942) – активист на македонското и на грчкото комунистичко движење, секретар на Окружниот комитет на КПГ за Катерини, активен учесник во антифашистичкиот отпор. Во 1942 г. бил уапсен, осуден на смрт и убиен од германските власти. ЛИТ.: Егејска Македонија… Continue reading КАРАЏА, Ташко