ТУРБЕ

ТУРБЕ – исламски надгробен споменик, мавзолеј. Турбињата се градат покрај џамии и на гробишта. Најчеста форма им е квадратна и полигонална, од затворен и од отворен тип со купола. Градени се од камен и од тули, а се среќаваат и обложени со мермер. Позначајни турбиња се на Мустафа-паша, турбето во дворот на Алаџа џамија, на Али-паша од Дегастан, на Бејхан султан – двете во дворот на султан Муратовата џамија, како и остатоци од турбето на АШИК Челеби (Гази Баба), сите во Скопје, турбето во дворот на шарена џамија во Тетово, Турбето на Синан Челеби во Охрид. ЛИТ.: К. Томовски, Преглед на позначајните турбиња во Македонија. Зборник на Техничкиот факултет, 1957/58 година, Скопје, 1957, 95-111; Л. Богојевиќ-Кумбараџи, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998. Кр. Т. ТУРБЕ КРАЛ К’ЗИ – подигнато во Скопје, на ридот Гази Баба, а времето на изградбата не е познато. Се претпоставува дека во него била погребана Катерина, ќерка на последниот босански крал Стефан То-Турбето на Крал К’зи машевиќ, која го примила исламот и живеела во Скопје. Според тоа, датирањето на неговата градба би било кон крајот на ⅩⅤ и почетокот на ⅩⅤⅠ в. Било од типот отворени турбиња со купола. Настрадало во земјотресот од 1963 г., а денес од него постојат само урнатини. ЛИТ.: Крум Томовски, Преглед на позначајните турбиња во Македонија, Зборник на Техничкиот факултет 1957/58, Скопје, 1957/58; Глиша Елезовиђ, Краљ К’зи, „Братство“, ЏЏЏ, Београд, 1939. Др. Ѓ. Турбето на АШИК-паша Челеби (Гази Баба, пред земјотресот)