ПЛАТАН

ПЛАТАН (ЈАВОР, ЧИНАР)
(Платанус ориенталис Л., фам. Платанацеае) – ареалот му се протега од Балканот, преку Мала Азија, до Хималаите. Големо дрво, со многу широка круна; кората му е плочесто испукана, светлосива. Листот е прост, длабоко врежан на 5–7 дела, со клиновидна основа и со долга дршка. Цветовите се двополни, собрани во топчести соцветија (по 2–8) на заедничка дршка. Топчестите соплодија, откако ќе созреат, се распаѓаат. Застапен е во крајречната растителност на р. Вардар и по неговите притоки. Ал. Анд.