„МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН“

„МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН
(1977) – научно списание, наследник на списанието „Билтен на ДМФ од СРМ“. Излегува по еден број годишно. Заклучно со 2005 г., се објавени околу 260 претходно рецензирани статии на околу
2.280 страници, главно на англиски и на македонски јазик. Објавените трудови се реферираат во реномираните светски списанија. Главни уредници: Б. Попов (1977– 1992), Д. Димитровски (1993–1997) и Б. Илиевски (1998 –).
ЛИТ.: „Математички билтен“, кн. 14 (ЏЛ), 1990, и кн. 24 (Л), 2000. Н. Ц.