ФЛУМИЈАНИ, Гилберт

ФЛУМИЈАНИ, Гилберт (Задар, 1889–1976) – првиот професор по физичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Докторирал (1916) на Универзитетот во Инзбрук (Австрија). Бил професор и шеф на Институтот за хемија на Филозофскиот факултет во Загреб (1928–1946), реГилберт Флумијани довен професор на Филозофскиот факултет во Скопје (1951). Бил шеф на Катедрата по хемија при Филозофскиот факултет, односно на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (1951–1965) и декан на Филозофскиот факултет (1954 –1957). Покрај физичка хемија, предавал и аналитичка хемија. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 225; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 251. Б. ш. Фоја

Напишете коментар