„ТРУДОВА МАКЕДОНИŒ /ТОИЛИНГ МАЦЕДОНИА“

„ТРУДОВА МАКЕДОНИŒ /ТОИЛИНГ МАЦЕДОНИА“ (Детроит, Мич., САД, И, 1(37), Áли 1934 – Ⅳ, 14,
30. И 1938) – месечен орган на Македонскиот народен сојуз во Америка, всушност продолжение на в. „Балканско сдружение“, исто така на бугарски јазик (со одделни прилози на англиски) и пак под редакција на Гео Пирински. Подоцна весникот излегува како полумесечник и претставува најзначајна отворена национална трибина на Македонците од сите делови на Македонија, во духот на решенијата на ИК на КИ и Резолуцијата на ЦК на ВМРО(Об), како и на Резолуцијата на Ⅳ конгрес на МНС во Америка, објавени интегрално во бр.1 на ТМ. Весникот во продолженија ја објавува и статијата на Бистришки (В. Ивановски)„Зошто Македонците се одделна нација“ и ја засилува борбата против пробугарската михајловистичка линија на органот на МПО в.„Македонска трибуна“. По договор со органот на Сојузот на БМРП клубови во САД в.„С’знание“, од 11. Ⅱ 1938 г. издавањето на ТМ продолжува како заеднички неделен орган под наслов „Народна воля. Народна волѕа. Пеупле’с њилл“, со истата национална платформа, но како весник на Бугарите и Македонците во Америка.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 148–152; Блаже Ристовски, Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001, 588–655. Бл. Р.