СТАВРИЌ, Ѓорѓи Димитриев

СТАВРИЌ, Ѓорѓи Димитриев
(Скопје, 4. И 1933) – спец. по патолошка анатомија, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1990). Дипломирал медицина во Скопје (1958), а специјализирал патолошка анатомија (1965). Хабилитирал на темата за евалуација на можностите за ерадикација на Царцинома планоцеллуларе инвасивум цервицис утери во цитолошки протектирана популација (1970). Се усовршувал во Љубљана, Варшава, Стокхолм и Кил. Формирал и организирал прва лабораторија за цитопатологија, чија дејност е прикажана во кумулативни прегледи на систематизирани и компјутерски обработени анализи според номенклатурата во патологијата. Вовел нови техники за визуализација на хистопатолошките и цитопатолошките одлики со примена на имунопероксидазниот метод и хибридизацијата ин ситу. Посебен стручен интерес пројавил за раното откривање на Ца маммае и за рана детекција на тироидната неоплазија кај популација со струма. Директор на Институтот за радиологија (1987–1990). Член на Интернационалната академија за цитопатологија. К. К.-П.

Крсто
Ставриќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *