САНСТЕФАНСКИ ДОГОВОР

САНСТЕФАНСКИ ДОГОВОР
(19. Ⅱ / 3. Ⅲ 1878) – прелиминарен мировен договор склучен помеѓу Русија и Турција. Со него се пред

Потписниците на Санстефанскиот договор (1878)
видувало создавање голема бугарска држава на територијата на Бугарија и Македонија, именувана Автономно Трибутарно Кнежевство. Влегувале деловите од Македонија: Скопска Црна Гора, планината Кораб, реката Црн Дрим, западната граница на Охридската каза, планината Линас, западната граница на казата Горица (Корча) и Старова, планината Грамос, Костурското Езеро, р. Мегленица, езерото Галико, езерото Бешичко до вливот на реките Струма и Места. Се амнестирале учесниците (и Македонци) во војната на страната на Руската армија. Договорот бил ревидиран во истата година на Берлинскиот конгрес.
ЛИТ.: Александар Христов и Јован Донев,
Македонија во меѓународните договори 1875-1919, Скопје, 1994, М. Мин.

Напишете коментар