РЕОНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

РЕОНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО
– првото реонирање во Македонија (1928) е направено од Александар Стебут, при што територијата, заедно со Косово и Метохија, беше определена во т.н. аридни сушни реони. Во второто реонирање (1952) беа утврдени два реона: источниот и западниот дел од РМ беше диференциран како пасишно-сточарски реон, а централниот дел како реон на суптропски култури. Третото реонирање (1955) е направено од проф. Ѓорѓи Филиповски, последното реонирање (1971) го направи проф. Илија Михајлов, при што територијата на РМ е поделена во шест земјоделски реони: медитерански (Гевгелија, Струмица, Радовиш, Кавадарци, Велес, Кочани, Овче Поле); пелагониски (Битола, Прилеп, Крушево); скопско-кумановски; западен (Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Брод); големоезерски (Охрид, Струга, Ресен); ис-точен (Кратово, ПробиШтип, Крива Паланка, Берово). Според НУТС 3 (НУТС 3, Номенцлатуре дес унитес территориалес статистиљуес), територијата на РМ е поделена на осум статистички реони: пелагониски, вардарски, скопски, полошки, североисточен, југозападен, југоисточен и источен реон. Др. Ѓош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *