ПЧЕНИЦА

ПЧЕНИЦА (ЖИТО) (Тритицум сп. Л.) – основна зрнеста култура за производство на леб во целиот свет. Околу 70% од светската популација се храни со леб. Се смета за едно од најстарите растенија што човекот почнал да го одгледува, а со тоа и да го напушта номадскиот начин на живеење. Главен производ е зрното за производство на брашно за најквалитетен леб. Пченичното зрно е богато со белковини, јагленохидрати, Пченица масти и витамини, посебно од Вкомплексот, како и со значајни соединенија за човечкиот организам (калциумот, фосфорот, магнезиумот и железото). Белковините се високосварливи. Единствениот случај кога лебот и преработките од пченичното брашно се забранети е болеста цилијакија, алергична реакција на глутенот. За ваквите болни, преку посебна технолошка постапка, се произведува брашно без глутен. Никулецот е посебно значаен за исхраната на луѓето. Пченицата има широка примена и во сточарството. За РМ претставува значајна земјоделска култура бидејќи на неа е заснована исхраната на населението, а има влијание и во други стопански гранки: мелничарската, пекарската, пиварската, фармацевтската, кондиторската, индустријата за производство на декстрин, алкохол и др. Зимската пченица се одгледува и до 60о с.г.ш. Освен хоризонтално, во Европа се одгледува и до 1.700 м н.в., а во Азија до 4.000 м н.в. Таа е една од најраширените поледелски култури во светот, се одгледува на 215.272.000 ха. Кај нас површините и приносот варираат. Во 2000 г. беа посеани 121.103 ха, со просечен принос од 2.472 кг/ха зрно. Во 1995 г. во РМ имаше најмногу површини под пченица (130.092 ха) и највисок просечен принос на зрно (2.930 кг/ха). Потребите од пченица за исхрана на населението во нашата земја се движат околу 160 кг/жител годишно или околу 330.000 т годишно. Сеидбата се врши од 20 октомври до 10 ноември, со 500–600 про’ртени зрна на еден м2 . Прибирањето е машинско, со комбајн. Ако семето е повлажно од 14%, тоа се досушува и се складира. П. Ив.

Напишете коментар