„ПОЛИТИЧЕСКА СВОБОДА“

„ПОЛИТИЧЕСКА СВОБОДА“
(Софија, 6 Ⅱ 1898 – 18. Ⅴ 1899) – орган на македонските револуционери–социјалисти. Редакцијата ја сочинувале: Димитар Влахов (одговорен уредник), Васил Главинов, Ст. Иванов (уредник до бр. 7), В. Сираков (уредник од бр. 7), Димо Хаџидимов и Андон шулев (одговорен уредник). Излегувал двапати месечно, со мотото: „Ослободувањето на Македонија е дело на самите Македонци. Преку народот за народот. Македонија на Македонците“. Бил печатен во софиската Централна печатница на П. Калчев, во тираж од 500 примероци. Објавени се вкупно 12 броја. Ослободувањето на Македонија го гледа во неопходната револуција, со идно кантонално уредување според националната припадност, а самите ќе го изберат службениот јазик, со училишта на свој јазик и сл.
ЛИТ.: Иван Катарџиев, Весникот „Политическа свобода“, „Разгледи“, Ⅲ, 11, Скопје, 1956, 8; Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 109–110; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 94.
С. Мл.
ПОЛИТИЧКИТЕ АТЕНТАТИ ВО МАКЕДОНИЈА – ненадејни и подмолни посегања по животот на поединци и групи од политички причини. Историските извори го потврдуваат нивното практикување уште при појавата на првите државни организации кај античките Македонци. Најкарактеристично е убиството на кралот Филип Ⅱ Македонски на свадбата на својата ќерка Клеопатра (336
г. пр.н.е.). Во современото македонско минато секако најпознати се солунските атентати (28-30. Ⅳ 1903) на македонските гемиџии или солунски атентатори. Посебно карактеристична атентаторска дејност практикувале четите на водачот на ВМРО „автономистичка“ Тодор Александров. Познати се атентатите со рачни бомби и други експлозивни средства во пазарните денови во Радовиш, Битола, Кичево, Крушево, Кавадарци, Охрид, Прилеп и Солун.

официјално станува интермедија-

Експлозијата предизвикана од гемиџиите на францускиот брод „Гвадалкивир“ (1903)
Не можејќи да ги откријат подмолните атентатори, османлиските власти го подложувале месното население на терор, посебно во Дојран, Штип и Кочани. Во атентати се загинати многу македонски револуционери: Добри Даскалов (јули 1912), Ѓорче Петров (21. Ⅵ 1921), Јане Сандански (22. Ⅳ 1915), Димо Хаџидимов, Атанас Спасов – Таската Серски, Тодор Паница (7. Ⅴ 1925) и др. Но во атентати се загинати и некои од владетелите на Македонија, како српскиот генерал Ковачевиќ во Штип, српскиот полициски началник Велимир Прелиќ (убиен од Мара Бунева, 13. И 1928) и др.. Атентаторската дејност ја практикувале и војводите на српската оружена пропаганда во Македонија Глигор Соколовиќ, Јован Бабунски, Јован Довезенски и др. Водачот на ВМРО автономистичка Иван (Ванчо) Михаилов, пак, организирал специјални т.н. атентаторски тројки. Познат е марсејскиот атентат врз кралот Александар Караѓорѓевиќ (1934). По Втората светска војна карактеристични се атентатите врз разни функционери на народната власт од страна на остатоците на балистичкото движење и уфрлените диверзанти од Албанија (19451952). Во современиот период најпознат е неуспешниот атентат врз претседателот на РМ Киро Глигоров (3. Ⅹ 1995).

„Македонија и мирот“ (11. Ⅱ 1919). Во јули Друштвото го променило односот и се повлекло од Сојузот.
ЛИТ.: Љубен Лапе, Активноста на Глав
ниот одбор, Гласник на ИНИ, 1, Скопје, 1965; Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.

Полициската мисија на „ПРОКСИМА“

Напишете коментар