ПОВАРДАРСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ПОВАРДАРСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА на МПЦ
(1982) – формирана со седиште во Велес. Прв архијереј бил митрополитот Гаврил (1. И 1978 – 4. Ⅹ 1986) до неговиот избор за Поглавар на МПЦ, потоа администрирал до изборот на новиот архијереј митрополитот повардарски Михаил (хиротонисан на 25. ⅩⅠⅠ 1988), којшто ја раководел епархијата до изборот за Поглавар (4. ⅩⅠⅠ 1993), од кога ја администрирал. По него епархијата ја администрирал Синодот и митрополитот Тимотеј (1998–1999), па ја раководел митрополитот Јован (10. Ⅺ 2000 – 17. Ⅴ 2001, расчинет на 9. Ⅶ 2003) и ја администрирал митрополитот Тимотеј (2002–2006). Од 1. Ⅹ 2006 г. повторно Агатангел станува митрополит Повардарски. Територијата на епархијата се совпаѓа со границите на градовите Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Валандово. Епархијата има три намесништва: Велешко, Кавадаречко и Гевгелиско. Повардарската епархија има 132 храмови и 25 манастири, од кои најпознати се „Св. Димитрија“ во Велес и „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. Има и Епархиски музеј во Велес. За нејзините 200.000 верници духовно-пастирски се грижат над 40 свештенослужители.
ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *