ПЕТРОВСКИ, Борче Живков

ПЕТРОВСКИ, Борче Живков
(Радовиш, 6. ⅩⅠⅠ 1952) – спец. интернист-кардиолог, редовен проф. на Мед. ф. (од 1999). Мед. ф. завршил во Скопје. Магистрирал во 1985, а докторирал во 1988 г. Вовел новини во инвазивната дијагностика и терапија. Бил директор на Институтот за срцеви заболувања (2002–2006) на Мед. ф. и претседател на Здружението на кардиолозите на РМ (2000–2005). Автор на над 170 труда.
ИЗВ.: Билтен за ⅩⅤ изборно собрание, т.
И (втор дел), МАНУ, Скопје, 2006. БИБЛ.: Коавтор: Интерна медицина, Скопје, 2002; Интерна пропедевтика,
Скопје, 2004; Практикум по интерна пропедевтика, Скопје, 2004. Сл. М. П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *