„ОРЦЕ НИКОЛОВ“, АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА

„ОРЦЕ НИКОЛОВ“, АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ПЕСНИ И ОРА
(Скопје, 1945) – културно-уметничко друштво. Формиран е од Синдикатот на металските работници на аеродромот Скопје, со задача да ги афирмира македонските народни ора, песни, носии, обичаи и сл. При формирањето беше именувано како КУД „Металец“, а од 1948 г. го носи името на народниот херој од НОАВМ Јордан (Орце) Николов. УШТЕ од основањето, во неговиот состав работат музичка, играорна, драмска, рецитаторска и пејачка секција и голем мешан хор под диригентството на Илија Николовски – Луј и Ѓорѓи Димчевски. Поголем број од тие хористи подоцна станаа членови на Скопската опера. Има освоено над 300 награди и признанија на сите континенти. Во досегашната дејност во него членуваа над 10.000 членови, со околу 6.000 концерти низ целиот свет, што ги следеле над десет милиони гледачи. М. Кит.
ОСИ, БОЦКАЛКИ (Апоцрита)– ципокрилни инсекти. Женките имаат легалка што служи за полагање јајца или е претворена во осило. Усниот апарат им е приспособен главно за цицање нектар. Означени се како паразитоиди, поради нивните ларви што се хранат со внатрешните органи на домаќинот во кој женката ги положила јајцата. Ларвите се црвовидни и без нозе. Подредот опфаќа поголем број фамилии: оси потајнички (Ицхнеумонидае), оси шишарки (Цѕнипидае), оси златарки (Цхрѕсидидае), мраволики оси (Мутиллидае), сколии (Сцолиидае), оси копачки (Спхаегидае), вистински оси (Веспидае), пчели (Апидае), мравки (Формицидае).
ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; Јонче Чинговски, Растителни оси, Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија, Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К.– М. Кр.
ОСИ, ВИСТИНСКИ (Веспидае)– ципокрилни инсекти (оси и стршни). Се хранат со цветен прав и нектар. Се одликуваат со црна и жолта боја на телото. Живеат одделно или во заедници. Најниска форма на заедничко живеење постои кај галската оса (Полистес галлицус Л.), која прави повеќеќелијни гнезда од дрвена маса во облик на шестоаголник. Сличен начин

Обична оса
на живеење има кај сите видови од родот Веспа, кои прават дупки во земјата или во шупливи дрвја. Најчести видови во Македонија се: обична оса (Веспула вулгарис Л.), која прави гнезда во земјата; саксонска оса (Долицховеспула саџоница Фабр.), гради гнезда по куќите и зградите; црвена оса (Веспула руфа Л.), прави гнезда во шупливи дрвја, и стршен (Веспа црабро Л.), кој гради гнезда во напуштени човечки живеалишта или во земјата и е нашата најголема оса; убодот може да биде смртоносен.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К.– М. Кр.
ОСИ, ЗЛАТАРКИ (Цхрѕсидидае)–
ситни ципокрилни инсекти со сјајно обоено тело. Боите се прелеваат од метално-сина, зелена до пурпурно-зелена. Женките од овие осички полагаат јајца во гнезда на други ципокрилци, во кои нивните ларви паразитираат. Познат вид од оваа фамилија е

огненозлатна-
Златарка оса
та осичка (Цхрѕсис игнита Л.), која на специфичен начин се грижи за своето потомство: полага јајца во гнездата на осата Еуменес цоарцата, слично на кукавичјите јајца.
ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; истиот, Растителни оси,
Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија, Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К.– М. Кр.
ОСИ, КОПАЧКИ (Спхаегидае)–
ципокрилни инсекти кои копаат гнезда во песок или во земја, по што го добиле името. Женките ловат полски муви, скакулци, гасеници, штурци и други инсекти, ги парализираат и ги носат живи во Оса копачка гнездото како храна на потомството. Попознати видови се: Бембиџ рострата Л., кој секојдневно лови муви за своите личинки; Спхеџ фумерариус Гуссак., за свиоте потомци лови скакулци; а видот Аммопхила сабулоса Л., потомците ги храни со гасеници.

ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; истиот, Растителни оси,
Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К.– М. Кр. ОСИ, МРАВОЛИКИ (Мутиллидае)
– ципокрилни инсекти. По изгле
дот на телото потсетуваат на мравки. Мажјаците имаат крилја, а женките имаат скратени крилја или се бескрилни. Познат вид е европ

ската мраволи
ка оса (Мутилла еуропаеа Л.), која полага јајца во гнезда на бумбари. Изведените ларви се хранат со бумбаровите ларви.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
Мраволика оса
В. Т. К.– М. Кр. ОСИ, ПОТАЈНИЧКИ (Ицхнеумонидае)– ципокрилни инсекти, брзи и добри летачи. Женката има многу чувствителни пипала со кои открива гасеници од други инсекти (на пр., во стебла) и со долгата легалка, со хируршка точност полага јајца во нив; подоцна, изведените лар

ви се хранат и го уништуваат до
Потајничка оса
маќинот; се сметаат за корисни инсекти. Во четинарските шуми живее видот Рхѕсса персуасориа Л., кој своите јајца ги полага во ларвата на осата дрвенарка, а Епхиалтес манифестатор Л. полага јајца во ларвите на стрижибубачките.
ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; истиот, Растителни оси,
Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К.– М. Кр.
ОСИ, РАСТИТЕЛНИ (Сѕмпхѕта)
– најпримитивни ципокрилни инсекти. Во стадиум на ларва се хранат со листови и со други растителни органи и ткива, по што и го добиле името. Овој подред е добро истражен во Македонија. Тука спаѓаат: оси дрвенарки (Сирицидае), чии ларви живеат во стеб

лата на дрвјата,
Растителна оса дупчат каракте
ристични ходници и им нанесуваат големи штети; најпознат вид е Сиреџ гигас Л., и оси листарки (Тентхрединидае), чии ларви живеат на листовите од голем број растенија и се хранат со нив. Во Македонија се утврдени 179 таксони оси листарки, од кои видот Тентхредопсис мацедоница Цинговски е ендемичен.
ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51): 163-176; истиот, Растителни оси,
Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера), Фауна на Македонија, Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје 1985; група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт). Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К.– М. Кр.
ОСИ, ШИШАРКИ (Цѕнипидае)– ситни ципокрилни инсекти. Полагаат јајца во млади растенија и предизвикуваат појава на „гали“ или „шишарки“, по што го добиле

името. Околу 90% видови од оваа фамилија напаѓат различни видови дабови, а помал е бројот на оние што напаѓаат
Оса шишарка други дрвја и
растенија: јавор, дива ружа, див афион. Во Македонија познати видови се: фарбарска оса шишарка (Андрицус галлаетинцториае Олив.), чии гали се користат за правење мастило и за штавење кожа; ружина оса шишарка (Диплолепис росае Л.), која полага јајца на ружа и предизвикува појава на темноцрвеникави бушави шишарки.
ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен. Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; истиот, Растителни оси,
Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991.
В. Т. К.– М. Кр.