НИЧА, Константин Наумов

НИЧА, Константин Наумов
(Крушево, 11. Ⅲ 1922) – хирург. Мед. ф. завршил во Загреб (1952), а специјализација по хирургија во Скопје (1959). Кратко време работел како лекар од општа практика во Крушево, а речиси целиот работен век, до пензионирањето (1987), го поминал на Хируршкото одделение во Битола. Во 1972 станал примариус, а во 1985 г. здравствен советник. П. Б.