НИКОЛОВСКИ-ЃУМАР, Саша

НИКОЛОВСКИ-ЃУМАР, Саша
(Битола, 14. Ⅳ 1966) – диригент, претставник на помладата генерација високообразовани македонски диригенти. На Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1991 г. дипломирал на Одделот за музичка теорија и педагогија, а во 1993 г. диригирање (проф. Ф. Муратовски). Магистрирал (1999) на Софиската музичка академија, а бил на специјализација во С.-Петербург. Имал повеќе настапи со ансамблите на Операта и Балетот на МНТ и со оркестарот на Македонската филхармонија. Уметнички раководител на неколку камерни ансамбли (Света Софија, Камерен оркестар на Музичката младина на Македонија). Гостувал во Бугарија, Романија, Србија. Тој е наставник на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ф. М.

Илија Николовски-Луј