„НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИ®“

„НЕЗАВИСИМА МАКЕДОНИ®“ (Софија, 1. Ⅶ 1932 – 17. Ⅲ 1934) – дневен весник на бугарски јазик. Главен уредник бил Владимир Толев. По првите два броја бил преименуван во „БÍлгари®“, а од бр. 96 пак го добил првичното именување. Во поднасловот првин се декларирал како „дневен весник на македонските Бугари“, потоа како „независен македонски дневен весник“ и „независен македонски весник“. Објавени се вкупно 105 броја.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 296–297; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат
(1885–1992), Скопје, 1993, 86–87. С. Мл.