НЕДЕЛКОСКИ, Јонче Василев

НЕДЕЛКОСКИ, Јонче Василев
(с. Боровец, Струшко, 14. И 1924) – интернист-хематолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1972). Медицинските студии ги започнал во Софија, но поради учеството во НОБ и на Сремскиот фронт, ги завршил во Белград. Специјализирал во Скопје, по што го формирал Одделот за клиничка хематологија на Интерната клиника. Од 1970 до 1980 г. го раководел Институтот за хематологија и трансфузиологија. Има особен придонес во оформувањето на трансфузиолошката служба во РМ. Воведува современи дијагностички и терапевтски методи во хематологијата, како и за собирање и користење крв. Основач е и претседател на Секцијата за хематологија и трансфузиологија при МЛД и на Југословенското здружение (1970–1974) и претседател на МЛД (1962). Повеќегодишен уредник на ММП. Објавил повеќе од 250 труда.
БИБЛ.: Учебник по хематологија, Скопје, 1979; коавтор: Интерна пропедевтика, Скопје, 1963. Сл. М. П.