НАУМОВСКИ, Славе Блажев

НАУМОВСКИ, Славе Блажев
(Гостивар, 15. Ⅹ 1952) – спец. по орална и максилофацијална хирургија, редовен проф. на Ст. ф. во Скопје. Докторирал во 1997 г.. Публикувал 50 статии. Бил соработник во изданието „Рендгенолошки атлас на болестите во максилофацијалната регија“. Бил директор на Клиниката за максилофацијална хирургија на Ст. ф., пратеник во Собранието на РМ и претседател на Сенатот на Универзитетот. Е. М.