НАУМОВСКИ-БОРЧЕ, Наум

НАУМОВСКИ-БОРЧЕ, Наум
(Крушево, 1. Ⅳ 1920 – Скопје, 28. Ⅸ 1960) – комунистички деец, првоборец и народен херој. Завршил нижа гимназија во Белград, а потоа работел во тамошната

Наум НаумовскиБорче
Фабрика за авиони „Рогожарски“ (1938–1940). Како член на КПЈ (од 1940), бил принуден да се илегализира. По Априлската војна (1941) се вратил во родниот град и како член на МК на КПЈ во Крушево (од мај 1941) работел на подготовките за оружено востание. Бил политички комесар на Крушевскиот НОПО „Питу Гули“ (од пролетта 1942). Зимата се илегализирал (кон крајот на 1942), а потоа заминал за Западна Македонија под италијанска окупација, каде што бил заменик политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на баталјон во Првата македонско-косовска НОУБ, на Втората македонска НО бригада (од јануари 1944), на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и политички комесар на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ и член на ГШ на НОВ и ПОМ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил републички и сојузен народен пратеник, секретар на Сојузниот совет на Народното собрание на ФНРЈ, член на Владата на НРМ, член на Сојузниот одбор на ССРНЈ, член на Претседателството на Главниот одбор на ССРНМ, член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, член на ЦК на СКЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941 и Орден на народен херој на Југославија (29. Ⅺ 1953).
БИБЛ.: Од Фуштани до Целје, Втора ма
кедонска ударна бригада, Скопје, 1973, 39–45; Манчу Матак, на истото место, 167–169.
ЛИТ.: Наум Наумовски, Бригада на братството и единството, Скопје, 1958, 459; На-ум Наумовски-Борче, Втора македонска ударна бригада, Скопје, 1973, 162–163; Коце Солунски, Наумовски Никола Наум-Борче (1920–1960), Народни херои од Македонија. Скопје, 1973, 270–275; Јане
М. Бендевски, Пред споменикот. На На-ум Наумовски-Борче, „Нова Македонија“, ЏЏЏВИИ, 12310, Скопје, 30. Ⅳ, 1 и 2. Ⅴ 1981, 4. С. Мл.