НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА
(шведска, 1986–1990) – македонска политичка асоцијација, формирана од емигрантските организации: Народноослободителниот фронт на Македонија, Народната македонска револуционерна организација, ВМРО-Обединета и други македонски патриотски организации, на Конгресот одржан во шведска (Ⅶ 1986), со цел: про-должување на ослободителното дело до конечно ослободување и до обединување на македонскиот народ и создавање Демократска Народна РМ. Фронтот се обратил со барање до Советот на Европа за признавање на националните права (5. Ⅵ 1987), вклучувајќи ја и слободата на јазикот и образованието на македонски јазик во Бугарија, во Грција и во Албанија, а и Меморандум за положбата на македонското национално малцинство во Грција, во Бугарија, во Албанија и во Југославија до Европскиот парламент во Стразбур (септември 1989).
ЛИТ.: Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *