МНСГ „Гоце Делчев“ објави 6 броја од својот „орган на прогре-

МНСГ „Гоце Делчев“ објави 6 броја од својот „орган на прогре-
Од изведбата на операта „Цар Самуил
сивните македонски студенти во Бугарија“ „Македонски студент-ски листÍ“ (4. ⅩⅠⅠ 1931 – 1. Ⅵ 1932), под редакција на младите македонски интелектуалци: К. Веселинов, М. Сматракалев, К. Николов и В. Хаџикимов. Кога весникот е забранет, подготвениот број Редакцијата го објавува под наслов „Македонска студентска трубуна“ како „орган на македонското студентство – ратник за МОНС“ (23. Х 1932 – 5. Ⅳ 1933). По четвртиот број и тој весник е забранет. Наскоро Групата почнува да го издава новиот месечен „орган на македонската прогресивна младина во Бугарија“ под изменет наслов „Македонска младежÏ“ (10. Х 1933 – 6. Ⅴ 1934), под официјална редакција на Делчевиот внук Хр. Андонов. По третиот број и тој е забранет, заедно со неофицијалниот орган на ВМРО(Об) „Македонско знаме“
(14. Ⅵ 1932 – 1. Ⅶ 1934), бидејќи

Весникот „Македонско знаме“ (1932-1934)
објавувал отворени статии за македонската нација, за македонскиот јазик, литература, историја и култура и за организирана борба за национално ослободување и обединување. Кога на состанок официјално се поставува прашањето за „етничката битност на македонскиот народ“ и „дали македонскиот народ во Пиринска Македонија се наоѓа под национален гнет“, јасно се кажува: „Македонското прогресивно движење е национално, бидејќи го има како цел националното ослободување на Македонија. Тоа не е партиско, ниту пак сталешко или класно, а по карактерот и составот е општонародно, демократско“. Тогаш се отцепува фиктивниот Акционен комитет на македонското прогресивно движење во лицето на В. Хаџикимов (15. И 1934) и почнува да го издава својот провокаторски антинационален орган
„Македонска борба“. Централно-

Весникот „Македонска борба“ (1934)
то раководство на МНСГ „Г. Делчев“ донесува Декларација за расцепот (2. Ⅲ 1934), а на проширената конференција на Групата (4. Ⅳ), со делегати од сите факултети, се разјаснува „како и зошто се дојде до паролата за самоопределување на Македонија под бугарска власт и воопшто за самоопределување на целокупна Македонија до нејзино одделување во самостојна држава“. Централното раководство на Групата прави опширно „Изложение“ (2. Ⅲ 1934) и

во името на слободата на нашата поробена татковина“ објавува


Отворено писмо“ до македонските студенти во Бугарија (8. Ⅳ 1934) со повик „што поскоро да го изградиме нашиот гранитен Македонски општ народен студент-ски сојуз (МОНС)“ како „раководител на мак. народни студенти во странство и за самоопределување на Македонија до нејзино одделување во самостојна државно-политичка единица“. Со звенарскиот преврат во Бугарија (9. Ⅴ 1934) е парализирана и дејноста на МНСГ „Гоце Делчев“. Нејзини активисти потоа го формираат Македонскиот литературен кружок во Софија (1936 – 1942).

ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990,
293–318. Бл. Р.