МИТРЕВ, Димко Трајков

МИТРЕВ, Димко Трајков (Велес, 1919 – Велес, 10. ⅩⅠⅠ 1942) – револуционер, организатор на НОБ во Велес, борец на НОПО „Димитар Влахов“ (од април 1942). Бил организатор на работнички штрајкови во Велес пред војната, член на СКОЈ (од 1938), на КПЈ (од 1940), а на МК на КПЈ за Велес (од 1941). Во неговата куќа (октомври 1941) е отпечатен првиот број на илегалниот весник „Народен билтен“. Во 1941 г. преминал во илегалство, а во април 1942 г. заминал во партизани. Бил комесар на Велешкиот НОПО. Загинал при предвремена експлозија на нагазна мина за диверзија на германски воз. ЛИТ.: Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999; Ѓорѓи Малковски, Прилог кон биографијата на револуционерот Димко Митрев, ГИНИ, ЏЏВИ, 1, Скопје, 1982. Ѓ. Малк. Жан Митрев МИТРЕВ, Жан Костадинов