МИСИНОПОЛИТ, Димитриј

МИСИНОПОЛИТ, Димитриј – византиски властелин, ктитор на обновената црква „Св. Димитрија“ во Прилеп (Варош) околу 1290 г. Неговиот портрет е зачуван на северниот ѕид од доградениот јужен анекс во црквата. Тој е облечен во властелинска облека, со раце подадени кон патронот на црквата – св. Димитрија. Неговото име е познато во историските извори. Се спомнува во првата Трескавечка повелба (1334/35), кога веќе не бил меѓу живите. Меѓутоа, во повелбата се спомнуваат неговите деца, кои во времето на нејзиното издавање веќе биле возрасни луѓе. ЛИТ.: П. Миљковиќ-Пепек, Новооткриени архитектурни и сликарски споменици во Македонија од Ⅺ-ⅩⅠⅠ в., „Културно наследство“, 5, Скопје, 1974; В. Ристиђ, Црква „Св. Димитрија“ у Прилепу, „Синтеза“, 10, Крушевац, 1979; В. Ј. ™уриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974. З. Р.-Н. МИСИРКОВ, Крсте Петков

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *