МЕХМЕТИ, Ким

МЕХМЕТИ, Ким (Ким Мехмети) (с. Грчец, Скопско, 1955) – писател, публицист и преведувач. Основно образование завршил во родното место, а средно училиште во Скопје. Работел во земјоделска задруга, бил печалбар на Блискиот Исток, а потоа новинар и уредник во „Флака е велазеримит“ и во „Јехона“. Раководел повеќе меѓународни проекти и хуманитарни организации и фондации, а бил ан-гажиран и како експерт-консултант во ФИООМ во Скопје. Неговата проза е напишана на албански и на македонски јазик. БИБ.: Прашината што никнува, 1986; Седум ноќи казна, проза, 1990; Судбината на Фатуша, 1994; Селото на проколнетите деца, проза, 1998; Собирачите на овенатите цвеќиња, 1994. А. П.