МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ –

МЕТАЛУРГИЈА ВО РМ – подрачје на науката и техниката што се занимава со добивање и со преработка на метали, легури и сл. Металургијата како дејност е присутна на територијата на Македонија уште пред нашата ера. Така, во рудникот Алшар, Мариово, уште во римско време се експлоатирале арсен, антимон и хром. Во средниот век се населувани искусни рудари, на пр., Саси, оттаму и називот Саса на рудникот за олово и цинк. Називот Самоков, кај Македонски Брод, потекнува од името на направите за ковење во кои чеканот се подига со помош на воденичко тркало. Современата металургија почнува по Втората светска војна со изградба на комбинатите „Југохром“ – Јегуновце, „Металски завод Тито“ – Скопје, Рудници и железарница „Скопје“, „Алумина“ – Скопје, „Топилница за олово и цинк“ – Велес, „ФЕНИ“ – Кавадарци и други, кои произведуваат и делумно преработуваат Рудникот „Тајмиште“, најбогатата суровинска база на Железарницата во Скопје челик, феролегури (феросилициум, ферохром, фероманган, фероникел и др.) олово, цинк, алуминиум, сребро, индиум и др. Пред транзицијата на сопственоста, металургијата е водечка извозна индустриска дејност во РМ. Во транзицијата настанува речиси целосен застој. Со приватизирањето и со преземањето од странски сопственици металуршките компании заживуваат и работат поуспешно од кога било. Металургијата е дејност со интензивно користење суровини, енергија и вода и генерирање отпадни гасови, води и троски. Заштитата на животната средина е важен аспект на работењето на металуршките погони. Св. Х. Ј.