МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
– оперски фестивал, основан во 1972 г. по повод 25-годишнината од формирањето на Операта и Балетот на Македонскиот народен театар. Иницијатор, спиритус мовенс и долгогодишен раководител на манифестацијата бил Васил ќортошев. Фестивалот започнува на 9 мај, на денот кога во 1947 г. е одржана првата оперска претстава „Кавалерија рустикана“ и завршува на 31 мај. МОВ досега се одржани 35 пати, со исклучок на 1997 г. кога поради финан-

Мајски оперски вечери, плакат
сиски причини биле откажани. Идејата да почне овој фестивал лежи во согледаната потреба да се промовира и афирмира македонската оперска и балетска уметност, да се прикажат пред домашната публика достигањата на оперските и балетските уметници од светот, и во соработка и реципрочна размена со оперските куќи од Европа и светот да им се даде можност на македонските уметници да се претстават пред меѓународната музичка јавност. Досега на МОВ се одржани околу 250 оперски и 50 балетски претстави со повеќе придружни манифестации, концерти и др. Во склоп на МОВ од 1973 до 1998 г., со поголеми паузи, се одржани и 15 меѓународни средби на млади оперски надежи „Томчо Грнчаровски“. На МОВ се изведени повеќе од 45 оперски и балетски дела од стандардниот, современиот и домашниот репертоар со учество на многубројни познати уметници и комплетни ансамбли од оперските куќи на поранешна Југославија и од Европа.
ЛИТ.: Велјо Кочишки, 30 години Мајски оперски вечери, Македонски народен теа-тар, 2002, Скопје. Ф. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *